Сенегал е држава во Северозападна Африка, опкружена е на север со Мавританија, на исток со Мали, на југ со Гвинеја и со Гвинеја Бисао и на запад со Атлантскиот Океан. Зелен ’Рт се наоѓа на околу 560 километри од сенегалскиот брег. Гамбија скоро во целост лежи во внатрешноста на Сенегал, опкружена е со оваа држава од исток, север и југ; од нејзината западна страна се наоѓа реката Гамбија, која е долга околу 300 километри на тоа копно. Површината на Сенегал е 196.712 км2. Главен и најголем град е градот Дакар.

Република Сенегал
République du Sénégal  (француски)
Знаме Грб
Гесло"U Peuple, U But, UFoi"  (француски)
"Еден нрод, Една цел, Една Вера"
ХимнаPincez Tous vos Koras, Frappez les Balafons
Местоположба на Сенегал
Главен град
(и најголем)
Дакар
14°40′N 17°25′W / 14.667° СГШ; 17.417° ЗГД / 14.667; -17.417
Службен јазик француски
Признаени регионални јазици волоф (околу 94%)
Демоним сенегалец
Уредување полупретседателски систем
 •  Претседател Маки Сал
 •  Премиер Сулејман Ндене Ндиаје
Независност
 •  од Франција 20 август 1960 
Површина
 •  Вкупна 196,723 км2 (87-ма)
 •  Вода (%) 2.1
Население
 •  проценка за (јули 2009) г. 13,711,597 (72-ра)
 •  Густина 59 жит/км2 (137-ма)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $21.738 милијарди[1] 
 •  По жител $1,736[1] 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $13.350 милијарди[1] 
 •  По жител $1,066[1] 
Џиниев коеф. (1995)41.3
среден
ИЧР (2013) 0.485[2]
низок · 163та
Валута ЦФА франк (XOF)
Часовен појас UTC
Се вози на десно
НДД .sn
Повик. бр. 221

Главен град

уреди

Дакар е главен град на Сенегал. Градот е сместен на Капвертскиот Полуостров, на брегот на Атлантскиот Океан. Според пребројувањето од 2005 година, избројано е дека во градот има 2,4 милиони луѓе, од кои постојани жители биле само 1 милион.

Историја

уреди
 
Француски трговци со робови на островот Горе, 18ти век

Во текот на 6 век, територијата на денешен Сенегал бил населен од страна на народите Волоф и Серер, а во 9 век пристигнале Тукулорите чија држава станала доминантна на овие простори. Во 11 век до Сенегал пристигнал исламот преку Алморавидската династија. Од 14 век била формирана државата на народот Волоф, а во 16 век се распаднала на повеќе делови. Контактите со европските колонизатори започнале кон 15 век, главно од Португалските морепловци и трговски. Во следниот, 17 век, Французите станале најголема сила на овие простори, по кое следувало француското колонизирање на земјата. По крајот на светските војни бројот на сенегалското население се зголемило, а со тоа се појавиле и првите движења кои се бориле за независност. Својата независност земјата ја стекнала на 20 август 1960 година.

Образование

уреди

Според членовите 21 и 22 од уставот усвоен во јануари 2001 година го гарантира правото на образование на сите деца. Образованието е задолжително и бесплатно до 16 години. Министерството за наука изјавило дека државата нема капацитет во државните училишта да ги прими сите деца кои треба да започнат со образование секоја година.

Писменоста во државата е релативно на високо ниво. Особено тоа се забележува кај женската популација.

Политика

уреди

Сенегал е претседателска држава. Од 2001 година претседателот се избира по пат на избори на секој 5 години (до таа година се избирал исто така на избори, но на секои 7 години), од страна на полнолетни жители на државата. Првиот сенегалски претседател бил Леополд Седар Сенгор, кој по професија бил писател. Леополд бил наследен од страна на Абду Диоф. Трет претседател на Сенегал бил Абдулаје Вејд, кој по професија бил адвокат. Сегашен претседател е Маки Сал, кој бил избран на изборите во март 2012 година.

Војска

уреди

Сенегалската војска ја сочинува персонал кој брои 19.000 и е распореден во армија, морнарица, воздушни сили и жандармерија. Сенегалската војска најголемата помош, најмногу опрема и поддршка ги добива од Соединетите Американски Држави и Франција. Германија исто така ја поддржува оваа држава, но во помала мера во споредба со претходно наведените држави.

Спорт

уреди

Спортот е прилично популарен во Сенегал. Борењето и фудбалот се најпопуларни спортови во државата. Сенегал ќе биде домаќин на Летните олимписки игри за млади 2022 година, кои ќе се одржат во главниот град. Со ова оваа држава ќе стане првата африканска земја која ќе биде домаќин на олимписките игри.

Борење

уреди

Борењето е најпопуларен спорт во Сенегал и овој спорт е станат државна опсесија. Познат е по тоа што во овој спорт многу млади луѓе гледаат спас од сиромаштијата и е единствен прилично развиен спорт кој не се развивал под влијание на западните држави.

Фудбал

уреди

Фудбалот е популарен спорт во Сенегал. Во 2002 година репрезентацијата на оваа држава завршил на второто место во Африканскиот куп на нации и станал еден од само трите африкански тимови кои стигнале до четврт-финалето на светско првенство, така што го победиле бранителот на титулата Франција во првиот натпревар. Најдобар играч на сенегалската репрезентација е Садио Мане, играчот на англискиот премиерлигаш Ливерпул. Најголем број од првотимците на репрезентацијата играат за клубови од Европа. Репрезентацијата на Сенегал се квалификувал и на Светското првенство 2018 година кое се одржало во Русија, каде што се натпреварувале во групата Х против Јапонија, Колумбија и Полска.

Кошарка

уреди

Кошарката е исто така популарен спорт во Сенегал. Државата традиционално е една од најдоминантните африкански репрезентации во овој спорт. Кошаркарската репрезентација на Сенегал била најдобро пласирана африканска репрезентација на Светското првенство во 2014 година, на кое што за првпат во историјата обезбедиле настап во плејоф.

Во 2016 НБА објавила дека ќе отвори елитна академија во Африка, поточно во Сенегал.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Senegal“. International Monetary Fund. Посетено на 2009-04-22.
  2. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.