Авраам

(Пренасочено од Аврам)

Авраам (хебрејски: אַבְרָהָם, Avraham; арапски ابراهيم, Ibrāhīm), роден Аврам — првиот патријарх во Стариот завет, кој е роден во Ур, по долниот тек на реката Еуфрат. Кога му се јавил на деведесет и деветгодишниот Аврам и склучил завет со него, Бог му кажал дека отсега па понатаму тој ќе се вика Авраам, а жена му го добила името Сара наместо дотогашното Сараја.

Авраам
Авраам ги угостува трите ангели од Рембрант, 1646 г.
Информации
СемејствоАвраамова лоза
Сопружник
Деца
Роднини
Родено имеАврам
Роден воУр Халдејски, Месопотамија
Починал воХеврон, Ханан
ПочвалиштеПештера на патријарсите
Местоположба31°31′29″ N; 35°06′39″ E / 31.524744° СГШ; 35.110726° ИГД / 31.524744; 35.110726
Влијаел врзАврамски религии

Заедно со својот татко, Тара и Лот го напуштиле тогашното Вавилонско Царство и се населиле во Харан помеѓу реките Тигар и Еуфрат (блиску до денешната граница помеѓу Сирија и Турција). По смртта на својот татко, по совет на Господ Аврам го продолжил ,,делото“. Продолжил кон југ: ја преминал Хананската земја до Сихем, потоа престигнал до планината помеѓу Ветил и Гај и навлегол во пустината Негев. Во тоа време Аврам и Лот имале големи стада добиток. Биле прилично богати, но богатство од таков тип било несигурно. Доколку настанало глад помеѓу народот, богатството им “исчезнувало“. Затоа, по некое време тој отишол во Египет каде како своја сестра тој ја претставил жена си Сара бидејќи му било страв од фараонот дека ќе го убие поради нејзината убавина со која би сакал да му ја одземе. Фараонот навистина го привлекла убавината на Сара, ја однел во својот дом и како замена за Сара, на Аврам му дал некои скапоцености. Но Бог го казнил и неговиот двор бил обземен со болести со кое фараонот ја раскрил измамата на Аврам, му ја вратил повторно Сара и повторно го испратил на пат. Блиску до Ветил, Аврам му кажал на Лот дека поседува голем имот. Затоа му предложил да се разделат и му предложил на Лот да избере на која страна би тргнал. Лот се насочил кон долината на реката Јордан во Содом. Аврам пак во Хеврон каде тој добил голема власт и влијание врз војните помеѓу царствата на исток и царствата на запад.

Жртвувањето на синот Исак.

До тој момент Аврам немал законски наследник, туку само еден роб, роден во неговиот дом — Елиезер. Но Бог му се јавил на сон и му кажал дека ќе добие свои потомци и дека по 400 години тие потомци ќе ги владеат земјите помеѓу Египет и Еуфрат. Така, Египќанката Агара, му родила син Исмаил. По тринаесет години Господ му обеќал на веќе деведесет и деветгодишниот Аврам да го исполни својот оброк и да го дари со законско потомство, но со услов сите машки чеда да бидат обрежани како знак за тој оброк. Така подоцна Аврам бил известен дека Сара ќе му роди дете, иако до тогаш таа не можела да има дете. Бог наредил на Аврам да Му го принесе во жртва својот син Исак. Аврам само што се подготвувал за извршување на заповета која Му била дадена од Бог му се јавил Ангел и му рекол да не ја подигнува својата рака врз момчето туку да заколе еден овен. По ова, Сара починала и Аврам се оженил за Хетура, која му родила уште шест сина.

Аврам и неговите браќа се опишани во Стариот завет. Според многу иследувачи, сè уште е спорно времето во кое живет Аврам, односно дали во 15 век п.н.е. или 21 век п.н.е. Во исламот, Аврам е познат како Ибрахим.

Аврам како мотив во уметноста и во популарната култура уреди

  • „Аврамова жртва“ — македонска народна песна.[1]

Поврзано уреди

[[Категорија: ]]

  1. Македонски народни балади, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 45-46.