Омејади
Омејадска династија (арапски: بنو أمية), позната и како умајадска династија — втора од четирите исламски калифати кои биле основани по смртта на пророкот Мухамед. Нејзиното име потекнува од Умајад ибн Абд Шамс, кој бил прадедо на првиот умајадски калиф. Иако првично семејството живеело односно потекнувало од градот Мека, сепак градот Дамаск бил главен град на нивниот калифат. Во текот на нивното постоење, нивната империја станала десетта најголема империја на сите времиња по моќ и територија. Нивната династија била уништена од страна на Абасидската династија кои се преселиле кон Ал Анадулз и каде го основале Кордопскиот калифат.
Омејадски калифат بنو أمية Banu Umayyah | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
661–750 | |||||||||||||
Flag | |||||||||||||
Статус | Империја | ||||||||||||
Главен град | Дамаск | ||||||||||||
Capital-in-exile | Кордоба | ||||||||||||
Говорени јазици | Арапски официјален, Арамејски, Ерменски, Берберски, Грузиски, Грчки, Хебрејски, Курдски[1], Персиски | ||||||||||||
Вероисповед | Сунитски ислам | ||||||||||||
Уредување | Калифат | ||||||||||||
Калиф | |||||||||||||
• 661–680 | Муавија I | ||||||||||||
• 744–750 | Марван II | ||||||||||||
Историја | |||||||||||||
9 октомври 680 | |||||||||||||
• Муавија Калифат | 661 | ||||||||||||
• Абасидите го убиле Марван II / Пропаѓање на династијата* | 750 | ||||||||||||
Валута | омејадски динар | ||||||||||||
|
Калифите опстојувале од времето на Мухамед сè до 1924 година, и истите биле контролирани од страна на различни династии, вклучувајќи ги Праведниот Калифат по Мухамед, Умајадскиот со седиште во Дамаск и Кордоба, Абасидскиот калифат со седиште во Багдад, Фатимидите со седиште во Каиро и Османлиите со седиште во денешен Истанбул.