Магреб
Ма́греб (арапски: المغرب العربي al-Maġrib al-ʿArabī, „западен“, пишуван и како Магриб и поретко Могреб е област во Африка на север од Сахара и на запад од Нил.
Магреб | |
---|---|
Држави и територии | |
Јазици | |
Религија | ислам, христијанство, јудаизам, традиционална берберска религија |
Валута |
Од геополитичка гледна точка областа ги вклучува Мароко, Западна Сахара, Алжир, Тунис, понекогаш и Либија и поретко Мавританија. Арапскиот магрепски сојуз ги содржи сите овие држави освен Западна Сахара, заради нејзиниот политички статус - за арапските земји сѐ уште е мароканска провинција, а за другите е привремено окупирана од Мароко.
Во различните јазици и контексти може да поимот Магреб означува различни држави. Во францускиот јазик и култура под Магреб се подразбираат само поранешните француски колонии Алжир, Мароко и Тунис, поретко Либија и Мавританија.
На арапски името го означува само Мароко.
Локалното арапско-берберско население на регионот во минатото во Европа е нарекувано маври.