Шехадет
Шехадетот (арапски: الشهادة, „сведоштво“) — едно од основните начела на исламот како сведочење за вербата во Бога. Изјавата гласи „Нема друг бог (кој е достоен да се обожува) освен Алах и Мухамед е Божјиот пратеник“). Шехадетот е клуч за да се биде дел од исламската вера, секој кој навистина верува во овие зборови се вбројува во муслимани. Меѓутоа, од практични причини за оние кои стануваат муслимани од претходно друга религија или пак оние кои го прифаќаат Илсламот од неверстно мора да ги изрецитират овие зборови во присуство на два сведока (машки пол) за да може да бидат сметани за муслимани од страна на другите членови на општеството.
Шесте одредби на верувањето
уредиЗа сите муслимани важат шест основни одредби:
- Верба во Бога (Аллах), еден и единствен вреден за целата слава (тевхид).
- Верба во Ангели
- Верба во книгите (кутуб) пратени од Бога:
- Верба во сите пророци (небиј) и пратениците (ресул) пратени од Бога (видете Исламски пророци).
- Верба во Судниот Ден (кијамет).
- Верба во Судбина (када и кадер).
Исламската вероисповед на македонски:
- „Сведочам дека не постои друго божество (кое е доследно да се обожува) освен Семоќниот Аллах, Кој е Еден (и само Еден) и нема соработник; и сведочам дека Мухаммед (нека му е мир и нека Аллах го благослови), е Неговиот Пратеник.“
- „Верувам во Аллах; и Неговите Ангели; и Неговите Книги; и Неговите Пратеници; и во Судниот Ден; и во Судбина, дека сите нешта се од Аллах (и добро и лошо“.