Кордопски Калифат

(Пренасочено од Кордопски халифат)

Кордопскиот Калифат била држава која се наоѓала на Пиринејскиот Полуостров и Северна Африка во периодот од 929 година до 1031 година. Престолнина на калифатот бил градот Кордоба. Периодот во којшто опстојувал калифатот е познат по значајните успеси кои биле постигнати на полето на трговијата и културата. Во текот на владеењето на овој калифат, Во престолнината била изградена познатата Мескита де Кордоба, најголемата џамија во тоа време во регионот. Абдераман III на 16 јануари 929 година се прогласил за халиф на Кордоба. Сите наредни калифи биле членови на Умаидската династија. Претходно, истата династија владеела со овие простори но како емири од Кордоба. Во 1010 година избила граѓанска војна. Калифатот формално постоел до 1031 година, кога бил уништен од страна на независните мали таифи кои формирале на овие простори мали муслимански кралства.

Кордопски Калифат
خلافة قرطبة
756–1031
Caliphate of Córdoba (green), c. 1000.
Caliphate of Córdoba (green), c. 1000.
Главен градКордоба
Говорени јазициАрапски, Мозарапски, Средновековен хебрејски
Вероисповед
ислам
УредувањеМонархија
Историја 
756
929
• поделба на повеќе мали кралства (хаифи)
1031
Претходници
Наследници
Омаидски калифат
Таифа Кордоба
Таифа

Омејадска династија

уреди

Оваа династија во 750 година била симнета од власт во Багдад, а калифот Абдераман I морал да побегне од градот. По шест години бегство, тој во 756 година ја презел власта во Кордоба, станувајќи емир на градот. Тој ги победил исламските владетели на тие простори, станувајќи политички независен. Титулата емир или султан била користена до 10 век, кога Абдераман III извршил инвазија на Египет кој бил под контрола на Фатимидите.

По Битката кај Медила во 927 годиуна, династијата ги контролирала териториите помеѓу Алжир, Атлантскиот Океан и Сииманса. Светото Римско Царство во 950 година испратил амбасадор во Кордоба, преку кое бил признаен дипломатскиот суверенитет на калифатот.

По смртта на халифот Алхакама во 976 година, негов наследник станал Хишаму II. Од друга страна, Алмансур бил оној којшто раководел со калифатот, а вистинскиот калифат бил само еден обичен “послушник“. Алмансур презел 57 подходи против христијанските држави на полуостровот и во сите војни на крај излегувал како победник. Маврите, под негово раководство во 985 година ја опљачкале Барселона. Но, христијанските војсски создале сојуз помеѓу себе, каде во 1002 година го поразлие за првпат својот противник. Неговиот наследник владеел слично како и Алмансур. Во 1010 година избила граѓанска војна околу новиот наследник на престолот. Од една страна биле наследниците на Алмансур а од друга биле наследниците на поранешните калифати кои не биле од семејството на Алмансур. Граѓанската војна довела до слабеење на Кордопскиот Калифат. Во периодот од 929 до 1008 година владееле само три халифи, а веќе од 1008 до 1031 дури седум халифи. Последен халиф на Кордоба бил Хишам III. По неговата смрт, калифот бил разделен на повеќе мали таифи. Во времето на Реконквистата, овие мали кралства не биле во можност да се спротивстават на христијанските кралства.

Економија

уреди

Економијата на Кордопскиот Калифат се засновала на трговијата, високото развиено занаетчиство и употреба на најусовршената технологија во земјоделството во Европа. Кордоба имала 450.000 жители и претставувала еден од најзначајните центри во светот. Други поголеми градови биле Толедо, Алмерија, Сарагоса и Валенсија.

Култура

уреди

Халифот во Кордоба основал библиотека која имала 400.000 книги. Калифатот најмногу се ангажирал во преведувањето на старогрчките записи од филозофијата. Ибн Рушд бил оној кој ги “вратил“ делата на Аристотел во Европа. Во Кордоба имало значајни достигнувања во областа на математиката, медицината и астрономијата.

Список на владетели

уреди

Омејадски емири на Кордоба

уреди

Омејадски халифи на Кордоба

уреди

Хамидидска династија

уреди

Омејадската династија по враќањето на власт

уреди