Иберија — назив кој се користел од страна на Стара Грција за денешниот Пиринејски Полуостров. Овој термин бил користен и од страна на Херодот.

Терминот Иберија е исклучиво грчки термин, како што е Хиспанија латински термин. Да се заменуваат овие термини односно наместо едниот да се користи другиот е сосема погрешно бидејќи двата термина биле користени во различно време од историјата на Пиринејскиот Полуостров. Потеклото на терминот Иберија не е многу познато. Според едно мислење, се смета дека потекнало од народот Ибери, но во исто време не се знае дали Иберите своето име го добиле според некој друг термин или пак според територијата која навидум веќе се викала Иберија.

Проучувањето на Пиринејскиот Полуостров како географска целина се одвивало доста бавно. Еден од факторите бил поради разделеченоста од античкиот свет. Старите Грци и Фенекијците во однос на оваа територија ја користиле најмногу од економски интерес, според кое се смета дека сепак овие народи ја познавале многу добро Иберија, како по нејзиното крајбрежје така и во нејзината внатрешност.

За овој период од историјата на Иберија се знае дека во текот на 1 век, кралот Мавретанијан Јуба II имал огромна библиотека која содржала текстови и книги од Фенекија, и дека еврејскиот географ Марино од Тир поседувал материјали од таму кои му помогнале да ја состави картата на тогашниот познат свет. Но, ниту Грците ниту Римјаните не обраќале големо внимание на овие документи, така што голем дел од нив се исчезнати.

Иберија како топоним

уреди

Во античко време, терминот Иберија немал географска, туку етничка основа. Познато е дека иберските племиња во 6 век п.н.е. живееле во околината на Монпелие, и дека во 5 век п.н.е., Есхил пишувал за “Рона тече покрај Иберија“.

Херодот, старогрчки историчар од 5 век п.н.е., Иберија ја употребил за идентификација на полуостровот. Пред него, овој термин бил користен од страна на Тартешаните за дефинирање на својата територија. Старите Грци за терминот Иберија го користиле зборот oιkoυμενη, кој во превод значи “познат свет“ . На истокот тоа била Иберија, но на запад тоа бил Кавказ.

Страбон, како Ибери ги нарекувал и народот кој живеел на просторот на денена Грузија, а регионот во тоа време се нарекувал Кавкаска Иберија. Денеска, не е познато дали постои некаква поврзаност помеѓу овие два народи. Според друга теорија, зборот Ибер бил користен за реката која денеска го носи името Ебро.