Атаулф
Атаулф (готски јазик: Athal Wolf); што значи „благороден волк“), бил визиготски крал помеѓу 410 година и 415 година. Син на Атенарик од Балтите, кој бил прогласен за крал на германски начин, на гробот на својот претходник, Аларик I кој ненадејно умрел од грозница во Калабрија.
Атаулф | |
---|---|
Атаулф. Скулптура во Мадрид на плоштадот Плаза дел Ориенте пред Кралскиот двор | |
Крал на Визиготите | |
На престол | 410-415 |
Крунисување | 410 |
Претходник | Аларих I |
Наследник | Атаулф |
Роден(а) | непознато, ок. 374? |
Починал(а) | 415 година Барселона |
Династија | Балти династијата |
Татко | Атенарих |
Вероисповед | Аријанство |
Станувајќи визиготски крал, прво што направил Атаулф било да ја спречи готската експанзија во Италија која је започнал Аларик.
Во меѓувреме, узурпаторот Константин III ја одвоил Галија од Римското Царство. Констанциј, Хоноријевиот магистер милитум заедно со Улфилиним ја загушил побуната на Готите под опсада на Арл.
Во 412 година, Атаулф со Визиготите ја напуштил Италија и се преселил во Галија. Са собе ја повел и Гала Плакидија, хоноријевата полусестра, која Аларих ја заробил во 410 година при последниот напад на Рим.