Плуг e вид на алатка која се користи за орање на земјата. Главни негови делови се лимеш или рало кои служат за хоризонтално сечење на браздите, како и за вертикално сечење на браздите, односно за превртување на мелените жлебови. Постојат различни врсти на плугови, од кои најчест е рален плуг. Ралото најдолго се задржало во планинските и ридските предели поради одликите на самата планинска почва - плиток слој на земја. Ралото плитко ора и има една рачка со која лесно се регулира аголот под кој се обработува земјата. Ралото е влеча за два вола. Покрај ралните постојат и: дискосни (работен дел е дискот), чиниест (работен дел е чинијата), длетени (чизел) плугови (работен дел во облик на мотика). Во случај на извесна длабочина постои водонопропусен слој пред орањето (или заедно со него) каде се врши подривање на различични видови.

Современ плуг за орање кој се прикачува на трактор

Историја

уреди
 
Современ плуг за орање кој се прикачува на трактор

Плугот се развил уште за време на рачното рало и мотиката во периодот на неолитот на подрачјето на Месопотамија. Пред 2000 години пне. се употребувал во северна Италија и јужна Шведска, а пред 1000 години пне.се користел на целото подрачје на Средоземјето, во источна Европа како и во Кина. Америка, јужна Африка, Австралија i Океанија не го познавале плугот сè до европската колонизација. Првите плугови биле направени од дрво, за влечење на стока , вол, бивол, камила, коњ итн. Со нив можело да се ора само доколку земјата била низинска, бидејќи тие биле нежни и кревки. Иако веќе античките народи ги врзувале плуговите, дури во XVIII век е деносен знатен напредок во осовременување и неговата конструкција. Поедини делови се заменуваат со делови од ковано железо. Во XIX век преовладуваат челични плугови за фабричко производство, кај кој за влеча се употребувале машини. Денес се изработуваат еднобразни, двобразни, и повеќе бразни плугови, кои воглавно се користат на тракторска влеча.

Наводи

уреди


Надворешни врски

уреди