Битка кај Толбијак
50°40′31″N 6°36′4″E / 50.67528° СГШ; 6.60111° ИГД
Битка кај Толбијак | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
„Битката кај Толбијак“ - фреска во Пантеонот (Париз) од Пол-Жозеф Блан (~1881). |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Франки | Алемани | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Сигеберт Куциот Хлодовик I | † Гибулд | ||||||
Сила | |||||||
непозната | непозната | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
огромни | многу |
Битката кај Толбијак се случила во Цилпих, кој порано се нарекувал Толбијак, град во поранешна Галија, близу до Келн. Во оваа битка Хлодовик, крал на Франките, ги победил Алеманите, некаде кај средниот тек на Рајна. Историчарите, следејќи го Григориј Турски во неговата „Историја на Франките“, традиционално ја сместуваат во 496, но поскорешните ревизии велат дека Битката кај Толбијак се случила во 506[1].
Во благодарност за оваа победа, Хлодовик, кој се оженил со католичка христијанка по име Клотилда, заедно со неговите војници се преобратил во христијанин. Тој бил крстен од владиката на Ремс, Реми.
Ситуацијата пред битката
уредиФранките биле поделени на два соседни и сојузнички народа, Салиски Франки чиј крал бил Хлодовик и Рипуарски Франки чија престолнина била градот Келн а за крал го имале Сигеберт Куциот. Соседи на Сигеберт му биле Алеманите, конфедерација на германски народи. Алеманите и Рипарските Франки честопати влегувале во конфликт со зачестени грабежи на франската територија но се чини дека во 496, тие извршиле вистинска инвазија така што Сигеберт морал напомош да го повика сојузникот Хлодовик. Хлодовик собрал војска и дошол да му помогне на својот сојузник. Општо е прифатено дека Сигеберт бил во одбрана на Толбијак а неговата војска претрпела големи загуби. Веројатно е дека две битки се одиграле кај Толбијак.
Текот на битката
уредиМногу малку се знае за битката, освен тоа дека Рипуарските Франки веројатно немале никаква помош во текот на првата битка. Исто така се верува дека војниците на Хлодовик биле помалубројни од оние на Алеманите. Во секој случај, се вели дека Хлодовик гледал како неговите војници се масакрираат и како не успева да ја добие битката. Трогнат до солзи, му се помолил тогаш на единствениот Бог на неговата жена Клотилда молејќи го за спас. Григориј Турски ја пренесува во целост неговата молитва во второто поглавје од книгата Историја на Франките:
О Исусе Христе, за кој Клотилда вели дека си Синот на Живиот Бог, Ти кој даваш спас на оние што се во опасност, и даваш победа на оние кои полагаат надежи во Tебе, со наклоност ја молам славата на Tвојата помош: ако ми ја дадеш победата над овие непријатели, и ако ја осетам чудесната доблест која народот кој Тебе ти се поклонува вели дека од Тебе доаѓа, ќе верувам во Тебе, и ќе се покрстам во Твоето име. Јас ги повикав моите богови и, како што гледам, тие одбиваат да ми помогнат; што пак ме тера да мислам дека немаат никаква моќ; штом не доаѓаат напомош на оние што им служат. Тебе те повикувам сега, сакам во Тебе да верувам; само ако ме избавиш од моите противници.
По овие зборови, Алеманите почнале да бегаат, да се повлекуваат бидејќи нивниот водач бил убиен со секира (франциска). Франките потоа ги заробиле или масакрирале Алеманите.
Последици
уредиАлеманите териториите на горниот тек на Рајна им ги препуштиле на Рипуарски Франки а тоа што Хлодовик сè му препуштил на својот сојузник му овозможило да ја добие поддршката и лојалноста на Сигеберт во тек на франското освојување на Визиготското кралство. Друга последица било преобраќањето на Хлодовик во католичката религија после едно долго размислување (главно, историчарите сметаат дека тој се преобратил во 498 или 499), што овозможило сите христијани од соседните земји да ги стави на своја страна како воедно и свештенството кое било влијателно. Освен тоа, ова му овозможило на Хлодовик своите освојувања да ги претвори во христијански походи и да ги христијанизира своите нови територии или пак да го задушува аријанството кое од страна на свештенството било сметано за ерес.
Наводи
уреди- ↑ Claude Gauvard, La France au Moyen Âge du Ve au XVe siècle. Книгата „Франција во средниот век“ на Клод Говар (професор по средновековна историја I) развива малку поинакви хипотези во врска со датата на Битката кај Толбијак која за одредени историчари се случила токму во 506 поради некое писмо на Теодорих крал на Остроготите кое датира од истата година и во кое тој му честита на Хлодовик за неговата голема победа врз Алеманите. Од друга страна, Мишел Лафорест во Clovis, un roi de légende од 1996, ја датира битката во 496.
Библиографски извори
уреди- Bordonove, Georges. Les Rois qui ont fait la France. ISBN 2-85704-281-7.
- Claude Gauvard, La France au Moyen Âge du V au XV siècle, Paris, PUF, 1996.