Василиск
Флавиј Василиск (латински: Flavius Basiliscus, грчки: Βασιλίσκος[1]) — византиски цар во периодот од 9 јануари 475 до август 476 година, од Лавовата династија.
Василиск | |||||
---|---|---|---|---|---|
Византиски цар | |||||
На престол | 9 јануари 475 – август 476 | ||||
Претходник | Зенон | ||||
Наследник | Зенон | ||||
Починал(а) | 476–477 Кападокија | ||||
Жена |
| ||||
Деца | Марко | ||||
| |||||
Династија | Лавова династија |
Василиск бил брат на царката Елија Верина, сопруга на цар Лав I (457 — 474). Роднинството му со царот му овозможило да има воена кариера, која, по мали почетни успеси, завршила во 468 година, кога тој бил на чело на катастрофалната византиска инвазија во Африка, една од најголемите воени походи на подоцната антика против Вандалите.
Василиск успеал да дојде до власта во 475, искористувајќи ја непопуларноста на цар Зенон, како варварски пријател на Лав, и од организираниот од Верина заговор, кој го принудил Зенон да побегне од Цариград. Сепак, за време на кусото управување, Василиск ја отуѓил фундаменталната поддршка на црквата и на народот на Цариград, помагајќи ја монофизитската христологична позиција, спротивно на масовно прифатената халкидонска вера. Исто така неговата политика на зацврстување на својата власт довело до назначување на лојални луѓе на клучни позиции кое антагонизирало многу важни фигури во царски двор, вклучувајќи ја и сестра му Верина. Така, кога Зенон се обидел да ја поврати империјата, тој de facto немал никаков отпор, влегувајќи триумфално во Цариград и убивајќи го Василиск и неговото семејство.
Борбата меѓу Василиск и Зенон ја спречило на Источната Римското Царство да интервенира при падот на Западната Римското Царство што се случило во септември 476. Кога Одоакар го детонизирал западниот цар Ромул Августул, Зенон го назначил за управител на Италија.
Потекло
уредиВасилиск најверојатно потекнува од Балканот[2]. Тој бил брат на Елија Верина, сопруга на ЛАв I. Постојат спорови во врска со тоа дали Василиск бил вујко на Одоакар. Оваа врска се заснова на толкувањето на еден фрагмент од Јован Антиохиски (209.1), кој гласи дека Одоакар и Армат, внукот на Василиск се браќа[3]. Сепак, не сите научници ја прифатат оваа интерпретација, бидејќи изворите не велат ништо за странско потекло на Василиск[4]. Познато е дека Василиск имал сопруга, Зенона и барем еден син, Марк.
Воената кариера на Василиск започнала во времето на Лав I, кој својот зет го направил командант на Тракија.[5]. Таму Василиск водел успешен поход против Бугарите во 463 година. Тој станал приемник на Рустициј како Magister militum per Thracias (464) и постигнал неколку успеси против Готите и Хуните (466 или 467)[6].
Застапувањето на Верина во корист на нејзиниот брат помагнало на воената и политичката кариера на Василиск со неговото назначување за конзул во 465 и најверојатно за патрициј[7].Сепак, на неговото издигнување му претстоело да претрпи сериозен пресврт[2].
Експедиција против Вандалите
уредиВо 468 година, царот Лав го избрал Василиск за предводник на познатата воена експедиција против Картагина. Нападот над Вандалите претставува еден од најголемите воени потфати во историјата во кој учество зеле над 10.000 бродови и 100.000 војници. Целта на операцијата била да се казни вандалскиот крал Гејзерик за грабежите на Рим, при што поранешниот главен град на Западната Римското Царство била освоена и царицата Лицинија Евдоксиха (вдовица на цар Валентинијан III) и нејзините ќерки биле заробени[2][5].
Планот бил замислен од источниот цар Лав, западниот цар Антемиј и генералот Марцелин, кој уживал независност во Илирик. На Василиск било наредено да плови директно до Картагина, додека Марцелин ја нападнал и ја освоил Сардинија, а трета армија, под команда на Ираклиј од Едеса се приклучиле на либискиот брег, источно од Картагина. Сицилија било место каде се собрале трите сојизнички сили, каде трите флоти тргнале во различно време[5].
Античките и современите историчари го пресметуваат поинаку бројот на бродовите и војниците, кои биле под команда на Василиск, како и трошоците за експедицијата. И двете се огромни; Никифор Григор зборува за 100.000, Георгиј Кедрин вели дека флотата, која ја нападнала Картагина, се состоела од 1.113 бродови бродот. На секој брод имало околу сто војници[8]. Најконзервативното пресметување на трошоците на експедицијата е 64,000 фунти злато, сума која надминува годишниот приход на империјата[9].
Сардинија и Либија биле покорени од Марцелин и Ираклиј кога Василиск ја започнал својата експедиција кон Картагина. Гејзерик го замолил Василиск да му даде пет дена, во кои ќе ги напише условите за мир[10]. За време на преговорите Гејзерик ги организирал своите бродови и ненадејно ја нападнал римската флота. Византиските командири направиле обид да спасат некој од византиските бродови, но неуспешно. Василиск успеал да побегне во текот на битката[5]. Половина од флотата била изгорена, потопена во вода или заробена, а останатата половина го следела Василиск[11] . Целата експедиција започнала да постигнува голем неуспех;[12]. Ираклиј се повлекол низ пустината во Триполитанија, задржувајќи ја оваа позиција во текот на две години, додека не бил отповикан; Марцелин се повлекол во Сицилија, каде бил убиен, најверојатно од еден од своите капитени; додека кралот на Вандалите го изразил своето изненадување и задоволство, дека самите Римјани ги погубиле неговите најголеми антагонисти[5].
По враќањето во Цариград, Василиск се криел во црквата Света Софија, за да го избегне гневот на народот и одмаздата на царот. Со посредство на Верина, Василиск се здобил со империјално простување и бил казнет само со заточение во Хераклеја, Тракија[13].
Качување на престолот
уредиВо 471 и 472 година, Василиск му помогнал на Лав I да се ослободи од германското влијание во својот двор, помагајќи при убиството на Аспар. Смртта на Аспар станала причина за избувнување на востание во Тракија, предводено од тракискиот острогот Теодорих Страбон, и Василиск бил испратен да го задуши бунтот, задача со која тој успешно се справил со помош на својот внук Армат. Во 474 тој ја добил титулата caput senatus или во превод "прв меѓу сенаторите"[6].
По смртта на Лав, Зенон, кој според населението бил варварин со исавриско потекло, но во исто време бил и зет на Лав, се качил на царскиот престол после краткото управување на сопствениот син Лав II (474). Големиот германски удел меѓу војската, предводена од Теодорих Страбон довело до намалување на нивната улога кога Лав наредил да бидат назначени исавриски луѓе на воените позиции. Зенон се оддалечил од својот исавриски војвода Ил и бил поткупен од страна на Василиск. Во основата на заговорот била Елија Верина, која поттикнала народен бунт против царот. Востанието, поддржано од Теодорих Страбон, Ил и Армат станало успешно по кое Верина го убедила на царот да го напушти градот. Зенон побегнал кон родните земји, земајќи ги со себе дел од исаврите кои живееле во Цариград, како и империјалната каса. Тогаш Василиск бил прогласен за август на 9 јануари 475 во Хебдомон од министрите и сенатот[14] . Градската толпа се одмаздила на Зенон, убивајќи ги речиси сите од останатите во градот исаври.[12][13].
Новиот цар во почетокот се обидел да создаде своја нова династија, кога на својата сопруга и ја доделил титулата августа, а својот син го направил цезар а подоцна и август[15], но и покрај тоа, поради неговата неспособност како цар, Василиск бргу ја изгубил поддршката на своите приврзаници.
Управување
уредиФинансиска криза
уредиВо времето кога Василиск бил прогласен за нов цар, тој се соочил со недостиг на финансиски средства бидејќи државната каса била празна, па земјата била опфатена со финансиска криза. Самиот цар бил принуден да наметне тешки даноци и да ја врати на практиката на распродавање на државните позиции, што очигледно довело до масовно незадоволство меѓу населението. Тој исто така започнал да врши уцени кон црквата за изнудување на пари, не без поддршка од страна на префектот Епиник, долготрајниот миленик на Верина[12].
Во почетокот на неговото владеење во Цариград избувнал голем пожар кој уништил голем број на куќи и цркви. Во тоа време целосно била опожарена и најголемата библиотека изградена од царот Јулијан[16]. Пожарот од страна на населението било знак од Господ за лошото управување на новиот цар[13].
Односот кон дворјаните
уредиВасилиск својата власт ја потпирал преку поддршката на некои клучни фигури во својот двор. Сепак тој успеал да ги изгуби многу бргу своите најблиски соработници. Најпрвин тој ја изгубил довербата од својата сестра Верина, а потоа го егзекутирал и magister officiorum Патрикиј. Патрикиј бил љубовник на Верина и царката имала планови да го издигне како цар и да се омажи за него: самиот бунт против Зенон бил организиран со цел Патрикиј да стане цар. Василиск сепак ја надмудрил својата сестра и по бегството на Зенон ги натерал министрите и сенатот да го изберат него, а не Патрикиј за византиски цар. Василиск наредил Патрикиј да биде убиен, бидејќи офицерот бил реален кандидат за преземање на царскиот престол; последователно Верина подоцна започнала со нови заговори против Василиск поради погубувањето на нејзиниот љубовник[5][12].
Исто така Теодорих Страбон, чија омраза кон Зенон го принудила да го поддржи бунтот на Василиск, престанал да биде на страната на новиот цар. Василиск всушност најголема доверба му дал на својот внук Армат, за кој пак се зборувало дека бил љубовник на жената на Василиск, во ранг magister militum, истиот, кој го имал и Страбон.
Односот кон црквата
уредиВо тоа време христијанската вера била потресена од противречностите меѓу монофизитите и приврзаниците на Халкенонската вера. Тоа биле две спротивставени христологични позиции; според монофизитите Христос имал само една божествена природа, додека според "халкедонците" тој имал како човечка, така и божествена природа. Соборот во Халкедон, свикан од царот Маркијан во 451 година го осудил монофизитството со поддршка на папата на запад и на многу епископи на исток. Сепак монофизитите сè уште имале силни позиции: двајцата монофизитски патријарси Тимотеј II Александриски и Петар Антиохиски биле отфрлени[17].
Од самиот почеток на своето управување Василиск покажувал дека ги поддржува монофизитите. Захариј Схоластик пренесува како група египетски монофизитски монаси, кога слушнале за смртта на царот Лав, се преселиле од Александрија во Цариград, за да се обратат со петиција до Зенон во корист на Тимотеј, но со нивното пристигнување во главниот град, тие наместо Зенон го откриле новоизбраниот иператор Василиск. Magister officiorum Теоктист, поранешниот лекар на Василиск, бил брат на еден од монасите, па делегацијата успеала да зборува пред Василиск и со поддршка на Теоктист и царката тие го убедиле да ги врати назад испратените на заточение монофизитски патријарси.[18]
Василиск ги вратил на старите позиции Тимотеј Елур и Петар Антиохиски и убеден од првиот[19], на 9 април 475 година издал царска заповед (Enkyklikon) до епископите, повикувајќи ги да ги прифатат за валидни само првите три вселенски собори, отфрлајќи ги одлуките на Соборот во Халкедон. Сите епископи требало да потпишат едикт. Додека повеќето источни епископи го прифатиле овој едикт, Акакиј Цариградски одбил да се потпише со поддршка на населението на градот, со кое јавно ја изразил омразата кон Басилиск, покривајќи ги иконите во Света Софија во црно[20].
Паѓање од власт и смрт
уредиНабргу по издигнувањето на својата власт, Василиск го испратил Ил и неговиот брат Трокунд против Зенон, кој бил во своите имоти во Мала Азија. Василиск сепак не ги исполнил ветувањата што ги направил на двајцата воначалници; освен тоа, тие добиле писма од некои од главните министри во дворот, со кои биле поттикнати да обезбедат враќање на Зенон, бидејќи сега градот претпочитал да има исаврјанин за цар, пред монофизитот чија непопуларност растела паралелно со алчноста на неговите министри[13].
За време на операциите во Исаврија, Ил го зел како заложник братот на Зенон, Лонгин, и го држел во една исавријска тврдина. Бидејќи мислел дека би имал поголемо влијание, доколку Зенон се врати престолот, тој поминал на другата страна и тргнал на поход кон Цариград, заедно со Зенон во летото 476 година. Кога Василиск дознал за опасноста која следува, тој побрзал да го реформира едиктот кој претходно го објавил и да ги добие на своја страна патријархот и населението, но веќе било предоцна[13].
Армат, како magister militum, бил испратен со сите расположливи сили во Мала Азија, за да се спротивстави на нападот, но тајната пораки од Зенон, кој му ветил дека ќе му ја остави титулата magister militum до крајот на неговиот живот и дека ќе го прогласи за цезар неговиот син, го убедило да го предаде својот господар. Така Армат побегнал од маршрутата по која се движела царската армија, со кое била запечатена судбината на Василиск[13].
Во август 476 Зенон го ставил под опсада Цариград[21]. Сенатот ги отворил градските порти, овозможувајќи им на соборениот цар да го поврати престолот. Василиск побарал азил во една црква, но бил предаден од Акакиј Цариградски. Така Василиск, неговата сопруга Елија Зенона и неговиот син Марк биле испратени во една тврдина во Кападокија, каде Зенон ги затворил во празен резервоар во кој тие починале од глад,[22].
Василиск управува во текот на дваесет месеци. Во изворите тој е опишуван како успешен воен водач, но доста заблудлив човек и лесно подложен на измама.[6]
Наводи
уреди- ↑ Целото негово име е познато единствено од Fasti consulares; во сите други случаи тој е познат единствено како Василиск (Martindale).
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Елтон.
- ↑ Krautschick.
- ↑ Макџорџ.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 Смит.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Martindale.
- ↑ Martindale. Исто така е можно тој да ја добил титулата патрициј во 471 / 472, поради тоа што му помогнал на Лав да се ослободи од германското влијание во неговиот двор, но има извори, дека Василиск веќе бил патрициј во 468.
- ↑ Георгиј Кедрин, преку Смит.
- ↑ Бордман.
- ↑ Прокопиј смета дека Гејзерик предложил во молбата поткуп за добивање на мир.
- ↑ Јован, полковник на Василиск, кога бил заробен од Вандалите, одбил амнестијата која му била ветена од Гензон, синот на Гејзерих, и со својот тежок оклоп кој го носел, скокнал од бродот по кое се удавил. Неговите последни зборови биле дека не може да подне да се предаде на овие "безбожни кучиња" - Вандалите, бидејќи Вандалите всушност биле аријански поддржувачи (Прокопиј).
- ↑ 12,0 12,1 12,2 12,3 Friell.
- ↑ 13,0 13,1 13,2 13,3 13,4 13,5 Бари.
- ↑ Barton, Tamsyn (2002). Power and knowledge: Astrology, physiognomics, and medicine under the Roman Empire. University of Michigan Press. стр. 60. ISBN 0-472-08852-1.
- ↑ Василиск исто така пуштил во оптег монети, на кои биле насликани тој заедно со неговиот син;[1] Исто така биле направени и златни и сребрени монети во чест на Елија Зенона, Augusta[2] Монетите го носеле натписотAVGGGпри кое трите 'G' се тројцата Augusti. Погледни: Yonge Akerman, John (2002) [1834]. A Descriptive Catalogue of Rare and Unedited Roman Coins. Adamant Media Corporation. стр. 383. ISBN 1-4021-9224-X.
- ↑ Во оваа библиотека се чувале делата на Хомер, Илијада и Одисеја со златни букви
- ↑ "Pope St. Simplicius", Catholic Encyclopedia.
- ↑ Захариј Схоластик.
- ↑ Samuel.
- ↑ Евагриј Схоластик.
- ↑ Heather, Peter (1998). Goths. Blackwell Publishing. стр. 158–159. ISBN 0-631-20932-8.
- ↑ Елтон пишува дека името на тврдината е Limnae, додека Смит говори за Cucusus, а Евагриј Схоластик за Acusus.
Литература
уреди- Евагриј Схоластик, Historia Ecclesiae iii. 4–8
- Георги Кедрин (1647). Goar and Fabrot (уред.). Com¬pendium Historiarum ab Orbe Condita ad Isaacum Comnenum (1057) (латински). Paris. стр. 349–350.
- Прокопиј, Bellum Vandalicum i.6–8
- Захариј Схоластик, Syriac Chronicle, v.1 [3] Архивирано на 18 август 2006 г.
- Boardman, John (1982). The Cambridge Ancient History. Cambridge University Press. стр. 49. ISBN 0-521-32591-9.
- Bury, John Bagnall (1958) [1923]. History of the Later Roman Empire. XII.1 The Usurpation of Basiliscus (A.D. 475 476). Dover Books. стр. 389–395. Посетено на 2006-08-23.
- Elton, Hugh (1998-06-10). „Flavius Basiliscus (AD 475–476)“. De Imperatoribus Romanis. Посетено на 2006-08-23.
- Friell, Gerard; and Stephen Williams (1998). The Rome That Did Not Fall. Routledge. стр. 184–186. ISBN 0-415-15403-0.
- Krautschick, Stephen (1986). „Zwei Aspekte des Jahres 476“. Historia (35): 344–371.
- Macgeorge, Penny (2003). Late Roman Warlords. Oxford University Press. стр. 284–285. ISBN 0-19-925244-0.
- Martindale, J.R. (1980). The Prosopography of the Later Roman Empire. Cambridge University Press. стр. 212–214. ISBN 0-521-20159-4.
- „Pope St. Simplicius“. Catholic Encyclopedia. 1917. Посетено на 2006-08-23.
- Samuel, Vilakuvel Cherian (2001). The Council of Chalcedon Re-Examined. Xlibris Corporation. стр. 134–139. ISBN 1-4010-1644-8.
- Smith, William. Dictionary of Greek and Roman Biography and Mythology. Boston: C. Little and J. Brown. стр. 466. Архивирано од изворникот на 2006-08-22. Посетено на 2006-08-23.
Надворешни врски
уреди„Василиск“ на Ризницата ? |
- Coinage of Basiliscus:
- at wildwinds.com
- at dirtyoldcoins.com Архивирано на 28 септември 2007 г.