Свеви
Свевите (латински suevi, suebi, suavi, suabi) се германско варварско племе. Во текот на нивната историја, тие постојано воделе војни со Римското Царство во периодот од 1 век п.н.е. и 2 век. Според Гај Јулиј Цезар, ова племе било најголемо и највоинствено племе од сите Германи. Во времето на Цезар, тие поседувале околу 100 слободни територии, и од секоја слободна територија годишно се регрутирале по околу 1000 војници. Останатиот дел од населението се грижело за набавување на храна. Веќе следната година, тие оделе на бојното поле, додека други се враќале. Ова племе се занимавало со лов. По раст биле високи, носеле кожи од разновидни животни.
Во 406 година, тие во сојуз со Вандалите и Аланите ја преминале реката Рајна и ја зазеле Галиција. Во 466 година го примаат Аријанството, а од 560 година се католици.