Санскрит[3] (संस्कृता वाक् saṃskṛtā vāk, кратко संस्कृतम् saṃskṛtam) — стар индоевропски јазик од индоиранската група јазици кој е класичен јазик на Индискиот Потконтинент. Санскрит е литургиски јазик на хиндуизмот, будизмот, сикизмот, џаинизмот и претставува еден од 23-те службени јазици на Индија.

Санскрит
संस्कृतम् saṃskṛtam
Зборот 'санскрит' (संस्कृतम्) на деванагари.
Зборот 'санскрит' (संस्कृतम्) на деванагари.
Изговорsə̃skɹ̩t̪əm
Застапен воИндија
Говорници14.000[1]  (2001)
Јазично семејство
Писмонема свое писмо[2]
Денес се пишува со деванагари, индиски писма, тајландско писмо и латиница.
Статус
Службен воИндија Индија, Утараканд
Јазични кодови
ISO 639-1sa
ISO 639-2san
ISO 639-3san

Историја

уреди

Потекло и развој

уреди

Санскрит припаѓа на семејството на индоевропски јазици. Претставува еден од трите најстари документирани јазици кои се развиле од еден заеднички предок, кој денес се нарекува праиндоевропски јазик:[4][5][6]

Други индоевропски јазици кои се далечно поврзани со санскрит се статолатинскиот и класичниот латински јазик (ок. 600 п.н.е.–100 н.е., италски јазици), готскиот (архаичен германски јазик, ок. 350 н.е.), старонордискиот (ок. 200 н.е. и потоа), староавестискиот (ок. крај на 2 милениум н.е.[8]) и младоавестискиот (ок. 900 н.е.).[5][6] Најблиски сродни јазици на ведскиот санскрит се нуристанските јазици во регионот на Хиндукуш во североисточен Афганистан и северозападните Хималаи,[6][9][10] како и изумрените авестиски и староперсиски јазик – и двата од групата на ирански јазици.[11][12][13] Санскритот припаѓа на сатемската група на индоевропски јазици.

Научниците од колонијалниот период запознаени со латинскиот и старогрчкиот јазик биле изненадени од сличноста на јазикот санскрит, и во неговиот вокабулар и во граматиката, со класичните јазици во Европа. Во The Oxford Introduction to Proto-Indo-European and the Proto-Indo-European World, Мелори и Адамс ја илустрираат сличноста со следниве примери на когнати[14] (во табелата се додадени и староанглиски и старословенски за понатамошна споредба):

  ПИЕ   Англиски   Староанглиски   Латински   Грчки   Старословенски   Санскрит Поимник
*méh₂tēr   mother   mōdor   māter   mētēr   мати   mātár- мајка
*ph₂tḗr   father   fæder   pater   patēr   -   pitár- татко
*bʰréh₂tēr   brother   brōþor   frāter   phreter   братръ   bhrā́tar- брат
*swésōr   sister   sweoster   soror   eor   сестра   svásar- сестра
*suHnús   son   sunu  -   hyiós   синь   sūnú- син
*dʰugh₂tḗr   daughter   dohtor  -   thugátēr   дъщи   duhitár- ќерка
*gʷṓws   cow   cū   bōs   bous   говѧдо   gáu- крава, говедо
*demh₂-   tame, timber   tam, timber   domus   dom-   домъ   dām- куќа, дом

Наводи

уреди
  1. „Comparative speaker's strength of scheduled languages − 1971, 1981, 1991 and 2001“. Census of India, 2001. Office of the Registrar and Census Commissioner, India. Посетено на 31 December 2009.
  2. Banerji, Suresh (1971). A companion to Sanskrit literature: spanning a period of over three thousand years, containing brief accounts of authors, works, characters, technical terms, geographical names, myths, legends, and twelve appendices. стр. 672. ISBN 978-81-208-0063-2.[мртва врска]
  3. Распоред на летната испитна сесија за 2010 г.[мртва врска]Институт за класични студии на УКИМ
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Woodard12.
  5. 5,0 5,1 Bauer, Brigitte L. M. (2017). Nominal Apposition in Indo-European: Its forms and functions, and its evolution in Latin-romance. De Gruyter. стр. 90–92. ISBN 978-3-11-046175-6. For detailed comparison of the languages, see pp. 90–126.
  6. 6,0 6,1 6,2 Ramat, Anna Giacalone; Ramat, Paolo (2015). The Indo-European Languages. Routledge. стр. 26–31. ISBN 978-1-134-92187-4.
  7. „Ancient tablet found: Oldest readable writing in Europe“. National Geographic. 1 April 2011. Архивирано од изворникот на 1 April 2011.
  8. Rose, Jenny (18 August 2011). Zoroastrianism: A guide for the perplexed. Bloomsbury Publishing. стр. 75–76. ISBN 978-1-4411-2236-0.
  9. Harmatta, J. (1992). „The Emergence of the Indo-Iranians: The Indo-Iranian Languages“. Во Dani, Ahmad Hasan; Masson, Vadim Mikhaĭlovich (уред.). History of Civilizations of Central Asia. I. UNESCO. стр. 357–358. ISBN 978-81-208-1407-3.
  10. Colin P. Masica 1993, стр. 34.
  11. Levin, Saul (24 October 2002). Semitic and Indo-European. Current Issues in Linguistic Theory No. 226. II: Comparative morphology, syntax, and phonetics. John Benjamins Publishing Company. стр. 431. ISBN 9781588112224. OCLC 32590410. ISBN 1588112225
  12. Bryant & Patton 2005, стр. 208.
  13. Robins, R. H. (2014). General Linguistics. Routledge. стр. 346–347. ISBN 978-1-317-88763-8. Архивирано од изворникот 29 March 2024. Посетено на 18 July 2018.
  14. J. P. Mallory & D. Q. Adams 2006, стр. 6.

Извори

уреди

Поврзано

уреди