Македонци

народ на Балканот и други делови од светот
(Пренасочено од Makedonci)

Македонци — посебен и автохтон народ што го населува историско-географскиот регион Македонија. Поголемиот дел од Македонците живеат во Македонија, а има значителни македонски малцинства во Албанија, Бугарија, Грција и Србија. Македонците го говорат македонскиот јазик, кој припаѓа во групата на јужнословенски јазици. Само поради јазикот, Македонците ги третираат како јужнословенски народ.[19][20][21][22]

Македонци
Етничко знаме на македонскиот народ
Вкупен број
~ 2 — 3 милиони[1]
Подрачја со значајно население
Македонија Македонија 1,297,981[2]
 Австралија289,000[3][4]
 САД178,000[5]
 Германија119,000[5]
 Канада206,000[5]
 Италија92,000
 Данска21,000[4][6]
 Норвешка9,000[7]
 Франција29,000[8]
 Босна и Херцеговина1,175[9]
 Полска313,000[10][11]
 Бугарија160,000-250,000[12][13][5]
 Русија1,000[10]
 Црна Гора900[14]
 Грција250,000-450,000[15][16][17]
 Романија15,000[18]
Насекаден/п
Јазици
македонски
Вероисповед
главно православие, а во помала мера ислам и католицизам
Сродни народи
Балканските народи

Целата историја на македонскиот народ е една непрекината борба за зачувување на својата слобода и достоинство. Почнувајќи од Државата на Аргеадите, потпаѓањето под Рим, контактот на Старите Македонци и останатите антички народи во Македонија со Словените, потпаѓањето на Македонија под Османлиите и подоцнежните буни на Македонците против османлиската власт, масовните вооружени востанија против Османлиите на крајот од XIX и почекотокот на XX век, сѐ до револуционерното движење и антифашистичката народносослободителна борба 1941 — 1944 во Вардарскиот дел на Македонија и 1943 — 1949 во Егејскиот дел на Македонија.

Македонците се претежно православни христијани, припадници на МПЦ. Втори по бројност се Македонците муслимани, а по нив се католиците и протестантите. Исто така, постои одреден број на атеисти.

Антрополошки одлики

уреди

Теории за потеклото

уреди

Официјален став

уреди
 
Балто-словенска генетска споредба заснована на А (автосомна ДНК), B (Y-ДНК) и C (мтДНК).

Официјалниот македонски став за генетскиот карактер на македонскиот народ е дека современите Македонци се производ на мешањето на словенските племиња кои се населуваат во Македонија во VI и VII век, со месното население (Антички Македонци, Стари Грци, Тракијци, Илири, и др.)[21][23][24] Официјалниот став за културолошкиот карактер на Македонците е дека македонското културно наследство е словенско, со силни византиски и отомански влијанија и примеси.[25] Македонците имаат богат средновековен културен фонд, чиј показатели се многубројните фрески, иконостаси и дрворези во црквите и манастирите, народните носии, книжевноста и друго.

Македонскиот народ исто така има голема историска улога во создавањето на словенската писменост. Имено, гласовниот инвентар на дијалектот на македонските Словени од околината на Солун е земен за основа на првото словенско писмо (глаголицата), а самиот дијалект издигнат до ниво на прв книжевен словенски јазик (во науката познат како старословенски), што чини Македонците да имаат извонреден придонес за општословенската и европската култура.[24]

Постојат неколку други теории за карактерот на македонскиот народ. Најпопуларната од нив е тезата за директна врска меѓу античките со денешните Македонци. Според оваа теорија, поддржувана особено од Александар Донски и Васил Иљов, Македонците се автохтоно население, кое и покрај преодот на други народи на овие подрачја, сепак ги има задржано цртите од своите антички предци.[26]

Генетски истражувања

уреди

Со развојот на генетика на населението во XXI век почнуваат истражувањата на македонскиот ДНК-профил. Меѓу праисториските настани наведени во набљудуваните хаплогрупи, голем е придонесот (околу 25%) на месните ловци-собирачи од мезолитот. Македонскиот генетски фонд носи големи траги (околу 65%) од постледникова реколонизација од различни засолништа и проширувањето на неолитски земјоделци од Блискиот Исток. Според резултатите од анализата на Y-ДНК и мтДНК, Македонците припаѓаат на групата на европските народи, но се наоѓаат малку настрана од главното јато. Како најзастапена Y-хаплогрупа кај Македонците е E1b со околу 35%, втора по застапеност е Ј2 со околу 25%, а трета по застапеност е I2 со околу 20%, останатите Y-хаплогрупи се R1a, R1b, G2a и L. Генетски, денешните Македонци се потесно поврзани со соседните балкански народи (Грци, Албанци, Бугари, Романци, Бошњаци и Срби), отколку со другите Европејци.[27][28][29][30][31][32][33] Според комбинираните ДНК истражувања со различни варијанти на тестови, конструирани врз основа на автосомна ДНК, хаплоидна ДНК, Y-ДНК и мтДНК, даваат најдобра идеја за „потеклото“ и „сличноста“ помеѓу народите, во Балканскиот генетски кластер постојат неколку генетски супкластери, така што во источниот спаѓаат Македонците, Бугарите и Романците. Иако Македонците се дел од словенската група, тие како и повеќето други Јужни Словени се одликуваат со доминантен генетски супстрат кој е различен од оној на Западните и Источните Словени. Овој феномен се објаснува со јазичната асимилација на побројното староседелско балканско население од средновековните словенски доселеници.[34][35][36][37]

Култура

уреди
 
Македонки од Смилево во 1913 година

Културата на Македонците е импресионистичко-традиционалистичка. Таа е силно поврзана со родната земја и поднебјето во коешто живеат. Богатото културно наследство на Македонците доаѓа до израз во народното творештво, раскошните народни носии, украсите и орнаментите во градските и селските куќи, самиот архитектурен стил, манастирите и црквите, иконостасите, иконите, дрвозерите, книжевните дела итн.

Македонија се смета за лулката на словенската писменост и култура, а градот Охрид за Ерусалим на словенското православие. [се бара извор] Имено во Македонија била создадена првата словенска азбука, и се направила прва кодификација на старословенскиот јазик. Солунскиот македонски дијалект се зел како основа за црковно-словенскиот јазик на кој до ден денес се држи богослужба.

Вероисповед и религија

уреди

Македонците во најголем дел се христијани и се еден од првите народи кои го примиле христијанството. Најголемото мнозниство припаѓа на православието, односно Македонците се претежно православни христијани. Втори по бројност се Македонците-муслимани, а по нив се католиците кои во најголемиот дел се унијати односно со источен (православен) обред под духовенство на папата и протестантите. Исто така, постои одреден број на атеисти. Во последно време, може да се сретнат и следбеници на агностицизмот.

Градителство и архитектура

уреди
 
Традиционален македонски дрворез.

Типичниот образец за македонската градска куќа е двокатна нискоградба со испакнат горен кат, варосана бела фасада, и црно-обоени дрвени носечки столбови и рамки за прозорци.

Селската куќа, пак, е изградена најчесто од камен, со здрава камена фасада и чардак на вториот кат.

Идентитет на Македонците

уреди
 
Распространетост на хеленизмот на Балканот и етничкиот состав на регионот.

Македонците, иако посебен народ со своја посебна култура, поради теократскиот милетски систем се делеле на Грци и Бугари (односно таканаречените „патријаршисти“ и „егзархисти“),[38] но и во недамнешно време како Срби (види Србомани). Но во втората половина на XIX век и почетокот на XX век, започнува Македонската преродба, која трае до периодот меѓу двете светски војни, кога македонската самоличност добива масовен карактер, а врвната точка ја достигнува пред, и за време на Втората светска војна, кога се создаваат македонски воено-политички организации, се печати современа литература на изворен македонски јазик, и се отвораат училишта, кои на младите Македонци им овозможуваат да го учат и негуваат мајчиниот јазик.[39] Сепак, со новите истражувања и отворање на ватиканските архиви се увидува дека официјален Ватикан уште во 1612 година Македонците ги признава како одделен народ, посебен од Србите и Бугарите и давал посебни стипендии за Македонци.[40]

Со постепеното освојување на југоисточна Европа од страна на Османлиите во доцниот 14 век, името на Македонија исчезнало како административен ознака. Сепак, подоцна под влијание на ренесансата и враќањето на античкиите вредности почнале да се појавуваат заборавените антички имиња. Ова доведува до силна афирмација кон Македонија и Македонците, како план за обновуваање на славните антички држави, чии територии се наоѓале под турска власт. Како што истакнува Блаже Ристовски, идеите за македонски идентитет се јавуваат во XVXVIII век надвор од Македонија и потекнуваат од географскиот поим Македонија и од античкото народно име Македонци. Според Ристовски, кон XVIII век, со разгорувањето на интересот кон словенството и посебно кон старословенскиот јазик, бугарското име почнало да се реактивира во Македонија, бидејќи истражувачите го наоѓале во старите пишани споменици на словенски и други јазици. Тоа според него не може да се објаснува како резулатат на некаква бугарска пропаганда, зашто за таква не може да се зборува до 60-тите и 70-тите години на 19 в. Сè дотогаш според Ристовски, може да се смета дека е имало истоименост на претставниците на двата народа. Македонското национално име било прифатено од самите македонски Словени во втората половина на XIX век.[41] При прифаќањето на ова име македонските Словени биле сфаќани како како потомци на античките Македонци, кои биле прогласени за најстари Словени на Балканот. Во 1903 Павел Шатев го забележал процесот на идентитетска диференцијација во затворот Једи Куле, каде утврдил постоење на луѓе кои се сметале како „Бугари по националност“, но „пред сè за Македонци“. Политичкиот контекст на постосманлиската епоха ја фаворизирал трансформацијата на овој идентитет во еден важен социокултуролошки феномен. Според Иван Катарџиев македонската свест почнала да се развива помасовно по Првата светска војна, највеќе во Србија и во Грција, бидејќи таму се спречила бугарската пропаганда. Инаку за посебна македонска нација може да се зборува по 1944 година благодарение постоењето на државниот субјект НР Македонија во рамките на Југославија.[42]

Причини за проблемот со идентификацијата во минатото

уреди

Управниците на Отоманското Царство, преку создавањето на Рум-милетот исклучителното право за раководење со духовниот и политичкиот живот на христијаните во империјата им го дала на грчките црковни власти. На овој начин, грчката црква станала официјална институција во отоманска Турција, и започнала да се бори против секоја национална пројава кај различните народи - осoбено на Балканскиот Полуостров.[43]

Имено, овој милетски систем довел до тоа Македонците да се определуваат според црквата под чијашто ингеренција се наоѓале. Со создавањето и на бугарскиот и српскиот милет, Македонците биле третирани како Грци, а подоцна и како Бугари и Срби.[25] Со создавањето на училиштата на црковно-просветната пропаганда на соседните држави, овие разделби уште повеќе се задлабочиле.

Македонската преродба

уреди

И покрај силната активност на странските црковно-просветни пропаганди, коишто се бореле за создавање на грчка, бугарска и српска националност во Македонија, се појавуваат Македонци кои сметаат дека не се ниту Грци, ниту Срби, ниту Бугари, туку дека се посебен словенски народ — Македонци[44].

Со појавувањето на вакви личности кои пропагираат постоење на посебен македонски народ, започнува периодот наречен Македонска преродба. А луѓето кои се директно влкучени во овој процес се наречени македонски преродбеници.

Некои преродбеници се изјаснуваат како директни потомци на Словените што се населиле во Македонија во VI век;[45] други сметаат дека се потомци на античките Македонци и на Александар Македонски (кого го сметаат за Словен),[46] а трети пак мислат дека се мешавина од двата народа.[47] Едно е важно и кај трите мислења — тоа што се застапуват за посебноста на македонскиот народ.

Истакнати преродбеници

уреди

Првиот позначаен македонски преродбеник е Ѓорѓи Пулевски. Пулевски целиот живот го оддава на борбата против турското ропство. Учествува како доброволец во руската армија во војните за ослободување на Србија и Бугарија. Учесник е и во Кресненското востание. Го издава првиот речник на говорен македонски јазик, насловен „Речник од три јазика“, во 1875 година. Во 1880 ја издава и книгата „Слогница речовска“, којашто се смета за прв обид да се направи граматика на македонски јазик. Во неа Пулевски се обидува да создаде основни норми на македонски литературен јазик, комбинирајќи го централно-македонското наречје со словенската писмена традиција во Македонија, притоа создавајќи мошне интересна лексика и позајмувајќи зборови и од другите словенски јазици, но секогаш изразито македонизирани. Во неговата револуционерна поема „Самовила Македонска“, тој говори за посебен македонски народ, независна македонска држава и македонски јазик. Во 1888 во Софија ја формира Славјано-Македонската Книжевна Дружина.

 
Македонски Глас.
 
За Македонцките Работи.
 
Од „Речник од три јазика“ на Ѓорѓи Пулевски, 1875

Посебноста на Македонците се споменува и во писмото што Исаија Мажовски, за време на својата посета на Петербург во 1885, му го предава на рускиот цар Александар III од името на македонското (словенското) население од дебарскиот крај, со надеж дека ќе го заинтригира за состојбата во Македонија. Своевидна прокламација на македонскиот национален индивидуалитет и засебност претставува и неговиот говор на рускиот брод „Рицар“ на 18 јули 1888 година, на пат за Киев, по повод прославата на 900-годишнината од покрстувањето на Русите, кога тој ја истакнува својата теза дека Македонците се директни потомци на античките Македонци, донесени на балканските простори од цар Каран пред 2500 години. Иако историски неточна, оваа изјава е многу важна за процесот на оформување на Македонците.[25]

Преродбеникот Димитар Македонски бил првиот Македонец кој уште во 1871 година во својата статија во весникот „Македонија“ од 16 февруари 1871, по повод македонското прашање запишал: „не зинала земјата па да ги голтне старите Македонци, ами тие се влеале во масата на овој народ“. Оваа негова изјава се смета за прва прокламација на тезата за мешање на македонските Словени и Античките Македонци.[48]

Докази за пројава на македонски идентитет се и изјаснувањата на војниците од Македонскиот полк во Русија, кои во своите документи, при пристигнувањето во Русија во 1752 година, запишуваат дека се припадници на Македонската нација.[49]

Подоцна, во времето на Разловечкото и Кресненското востание, во периодот на 1875 и 1878 година, востаниците себеси јасно се декларираат како Македонци, припадници на македонскиот народ, кој е посебен словенски народ различен од бугарскиот и српскиот. Доказ за ова е Уставот на револуционерниот комитет на Кресненското востание напишан од Димитар Поп-Георгиев Беровски, во кој јасно се говори дека во Македонија живеат Македонци христијани и муслимани и во кој е зацртано создавање на македонска држава.[50]

Во овој период за силната национална свест на Македонците, сведочи и големиот македонист, и еден од најнационлно освестените Македонци во тоа време, охриѓанецот Темко Попов. Тој во своето дело „Кој е крив“, напишано на македонски народен јазик во 1887 година, ја запишува реченицата од суштинско значење за свеста за нацоналната посебност кај Македонците: „И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти е Б’лгарин иљи Србин“.

Прв странски автор кој пишува за постоење на луѓе од Македонија кои се декларираат како припадници на посебен македонски народ е бугарскиот писател Петко Славејков, во својата статија насловена „Македонското прашање“ објавена на 18 јануари 1871 година, во весникот „Македонија“. Неговата статија е сведоштво за постоење на силната македонска национална свест меѓу Македонците за нивната национална посебност од останатите соседни народи. Во неговата статија тој вели: Македонците себеси се сметале за потомци на старите Македонци, и сметале дека немале ништо заедничко со Бугарите, кои погрдно ги нарекувале „Шопи“, и исто така дека оваа „опасност“ земала големи размери во многу македонски средини (Велес, Скопје, Прилеп, Битола).[51]

Во тоа време се прават и првите обиди за воведување на народен македонски јазик во училиштата, на местото на грчкиот јазик што се изучувал дотогаш. Пример за тоа е и одлуката на Костурската црковна општина во 1882 да воведе народен македонски јазик во училиштата, како и да се изработат учебници на македонски јазик. Ова, тие го побарале и од турските власти, во што јасно се изјасниле дека се Македонци и сакаат да се учи на македонски јазик во нивната област.

Треба да се спомене весникот „Лоза“, којшто се издава во 1892 година од страна на Младата македонска дружина во Софија (по кој и целото ова движење ќе го добие името „лозари“), уредувано од страна на Петар Попарсов и други македонски дејци. Иако карактерот на весникот е спорен (заради учество на врховисти како Милан Матов и Андреј Љапчев во редакцијата), весникот е од огромно значење за посебноста на македонскиот јазик, а со тоа и народ - заради фактот што и покрај тоа што издавачите го владееле бугарскиот јазик, тие сепак сите статии ги пишуваат на изработена од нив азбука (слична со денешната македонска) и на народен македонски говор. Токму поради јазикот на кој бил издаван (македонски народни говори, фонетски правопис, воведување на нови букви), како и заради својата содржина која обработува етнографски, политички и културни елементи од животот на Македонците, наскоро бил забранет од бугарските власти со образложение дека бил сепаратистички.

Определено највлијателниот македонски преродбеник е Крсте Петков Мисирков, кој во 1903 година во Софија ја печати својата фундаментална книга „За македонцките работи“. Во книгата Мисирков на детален начин ги образложува филозофските основи на современиот македонски идентитет — дека Македонецот иако е сроден со Бугаринот и Србинот, тој сепак е посебен, и треба да се бори за таа своја посебност. Објаснува дека училиштата на соседните држави во Македонија треба да се заменат со македонски училишта во кои ќе се предава на македонски јазик и ќе се учи македонска историја. Мисирков, заедно со Димитрија Чуповски и други македонски студенти и емигранти, на 28 октомври 1902 година во Петербург го основа Македонското научно-литературно другарство „Св. Кирил и Методиј“. Автор е на многу дела кои ја разгледуваат тематиката на посебноста и самобитноста на Македонецот. Кон крајот на животот, тој го искажува своето национално самосознание во неговиот последен текст „Самоопределувањето на Македонците“, објавен во весникот „Мир“ на 25 март 1925 год, во кој вели: „Свеста и чувството дека сум Македонец треба да стојат повисоко од сè друго на светов. Македонецот не треба да се слева и да се обезличува живеејќи меѓу Бугари и Срби. Ние можеме да ја констатираме блискоста на српските, бугарските и македонските интереси, но сè треба да биде оценувано од македонско гледиште“.[52]

Прв сериозен весник издаван од Македонци, во којшто се потенцира посебноста на македонскиот народ и Македонија, е весникот издаван од страна на Димитрија Чуповски и дејците од Петербуршката Македонска Колонија, „Македонски Глас“. Весникот се издава во периодот 1912-1918 на руски јазик. Опфаќа теми од историското минато и сегашност на Македонците, политичката ситуација, како и за културното богатство. Во неговата статија „За Македонија и Македонците“ издадена во „Македонски Глас“ на 9 јуни 1913, Димитрија Чуповски дава детален опис на историјата на македонскиот народ, неговиот бит и борбите за ослободување. Димитрија Чуповски и весникот што тој го печати, „Македонски Глас“, се многу важен момент во изградувањето на Македонците, зашто претставува прв обид на Македонците, преку создавање на нивен сопствен медиум, да пропагираат дека Македонците не се Бугари или Срби, туку посебен словенски народ[53].

Странски видни личности — поддржувачи на Македонците

уреди
 
Делото „Народноста на македонските словени“ од 1890 (кликнете за да го читате во целост, преведно на македонски јазик)

При зацврстувањето на положбите на Македонците во светската научна јавност имале удел и странски видни личности, кои ги поддржувале Македонците и посебноста на македонската самоличност. Еден од позначајните поддржувачи на Македонците бил Вилијам Гладстон, кој во еден допис објавен во Тајмс во Лондон вели:

... Уште полошо и посрамно од самата турска управа е постоењето на љубомора помеѓу Грците и Словените и плановите на постојаните држави за присвојување на туѓи територии. А зошто да не биде Македонија на Македонците, како што е Бугарија на Бугарите и Србија на Србите?

—Вилијам Гладстон, Тајмс, 6 февруари 1897

Покрај Гладстон, интересна историска личност која ги поддржувала Македонците бил и Анатол Франс. Тој за време на својот говор во Женева на тема „Македонија и Ерменија“ на 17 март 1903, меѓу другото изјавил:

Граѓани, интересирајќи се за судбината на Ерменците и Македонците, не затоа што се христијани, ами затоа што се луѓе, ние бараме, како гаранција за нивната благосостојба и за зацврстување на општиот мир, полно и целосно извршување на Берлинскиот конгрес, што се однесува за Ерменија и Македонија.

—Анатол Франс, Женева, 17 март 1903

Доста значајна странска личност поддржувач на Македонците е австрискиот публицист од чешко потекло, Карл Хрон, кој во 1890 година во Виена ја објавил својата научна студија насловена Народноста на македонските Словени, во која на основа на своите истражувања на јазикот, историјата и одликите јасно ја истакнал националната посебност на македонскиот народ.

По моите сопствени студии на српско-бугарскиот спор дојдов до убедување дека Македонците, како по својата историја така и по својот јазик, се посебна народност. Значи, ниту се Срби, уште помалку Бугари, туку се потомци на оние словенски прадоселеници кои го населувале Балканскиот Полуостров веќе долго пред српската и бугарската инвазија и кои подоцна со ниту една од овие две нации не се измешале.“

—Карл Хрон, Das Volksthum der Slaven Makedoniens, Виена 1890[54]

Етнографски групи на Македонците

уреди
 
Поделба на Република Македонија на етнографски целини
 
Поделба на Република Македонија на етнографски целини

Во однос на населеноста во одредени предели на Македонија и нивното влијание врз начинот на секојдневниот живот во рамки на македонскиот народ, во етнографски поглед се издвоиле засебни целини со свои одлики во контекст на говорот, носијата, обичаите, сфаќањата, свеста, умотворбите, градителството и изгледот на куќите, занимањата, исхраната па и душевните психолошки одлики и телесниот изглед и антрополошкиот тип. Повеќе различни етнографи и истражувања ги делат Македонците на различни етнографски групи. Големиот македонски деец Ѓорѓија Пулевски во своето капитално дело „Славјанско-маќедонска општа историја“ од 1892 во XI книга каде се содржани раскажувања за племињата (соевите) полуостровски на Балканот наведува дванаесетина македонски етнографски групи од различни области и предели на Македонија.[55] Етнографските групи кои ги споменува и опишува Ѓорѓија Пулевски и чии места на живеење влегуваат во границите на етничка Македонија се: Мијаци, Брсјаци, Мариовци, Пчинци, Бондарци, Свеневци, Шопи кои ги дели на Црни и Бели, Јеновци, Кардалиња, Врбаци, Ајрани и македонски граѓани во смисла на жителите на македонските градови. Македонскиот револуционер Ѓорче Петров во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“ од 1896 година, запишал дека целото македонско население етнографски е многу правилно разделено на 4 големи гранки.[56] Тој смета дека Со текот на времето поднебјето наложило месни одликувачки црти на делови од тие гранки и така се произвела подразделбата[56]. Според Ѓорче Петров, населението на поголемиот дел од Македонија се разделува на 4 големи групи, дојдени по 4 патишта во 4 струи.[56] Тие групи се разликуваат по носијата и говорот.[56] Забележително е тоа што на извесен говор одговара извесен тип-носија којашто ќе се пројави таму каде што се јавува соодветниот говор и ќе прекине таму каде што прекинува говорот[56]. Според етнографските белешки на Ѓорче Петров, првата група населена во североисточна и источна Македонија е по потекло од племето Шопи, втората група ја населува јужна Македонија односно егејска и најјужните делови денешна Република Македонија, третата група може да се нарече вардарска зашто ја населува повеќе долината на реката Вардар и четвртата група ја зафаќа западна Македонија и во нејзиниот состав се вбројуваат Мијаците, Брсјаците и Мариовците.[56] Главни етнографски групи и подгрупи во рамки на Македонците чиишто црти и одлики се задржани до денес се:

Мијаци

уреди

Мијаците се населени во планинските предели на крајниот западен дел на Македонија во Реканско и Дебарско. Главни и најпознати мијачки места се Галичник, Лазарополе, Тресонче, Гари. Нивни оази од по едно или неколку села се среќаваат и во Папрадиште и Ореше во областа Азот во Велешко, Смилево во Демирхисарско и Ехлоец во Кичевско. Мијачката или мијачко-дебарската етнографска група на Македонците ги опфаќа следните етногеографски предели: Мијачија во Мала и Долна Река, Мавровско Поле, Горна Река, Дебарско Поле, Голо Брдо и дебарски Дримкол.[57] Според записите на Ѓорѓија Пулевски името на Мијаците произлегува од нивната бистроумност и од скратената форма на името Македонци.[55] Бистроумноста односно високиот степен на интелект и образованост и денес е запазена одлика поради што многу македонски научници, стопанственици, уметници, јавни личности, успешни раководители и високи функционери во стопанството, политиката и општеството се со мијачко потекло. Изразита одликувачка црта е мијачкиот говор со препознатливата употреба на о наместо а која што денес е сѐ уште живо задржана во реканскиот дијалект во македонските муслимански села во Долна Река. Останати одлики на мијачката етнографска група се: препознатливата богата Мијачко-дебарска носија, сточарството како некогашна главна стопанска гранка и занимање при што во XIX век постоеле голем број на многу богати големопоседници на стада и големите куќи целосно изѕидани од камен.

Брсјаци

уреди

Брсјачката етнографска целина го зафаќа југозападниот дел на Македонија и според бројноста и распространетоста таа всушност претставува најголема етнографска групна Македонците во чиј состав влегуваат многу помали и поголеми пределски целини, секоја со свои етнички особини и со карактеристични народни носии[57]. Поточно, Брсјаците се населени во средишниот западен дел на Македонија десно од Вардар во најголемата котлина Пелагонија, крај Охридското и Преспанското Езеро, Кичевско, Железник (Демир Хисар), Порече и Азот во Велешко. Во составот на брсјачката етнографска група влегуваат етногеографските передели: струшки Дримкол, Струшко Поле, Малесија, Дебрца, Кичевија, Порече, Железник, Преспа, Поле (Пелагонија), Мариово, Тиквеш, Бабуна (Азот).[57] Според записите Ѓорѓија Пулевски тие своето име го добиле од својата јуначка брзина во трчањето и телесната јачина, а нивни одлики биле најголема одушевеност за чување на старината, најголемо гостопримство од сите други македонски соеви, најголема верност за народните работи и задачи и способност за слушање наука.[55] Овие особини, како телесна снажност, висока свест за националната припадност, старините, традициите и преданијата, посветеност на националното дело, гостопримливост, и денес се одлика на брсјачката етнографска група на македонскиот народ. Останати одлики на Брсјаците се: познатата Брсјачка носија, заемното занимавање со земјоделство и сточарство, градителството на куќи со камен, тула, дрво и плитар итн. Брсјачките говори од централните дијалекти на западното наречје со своите главни одлики како третосложното нагласување, акцентските целости се земени како основа во кодифицирањето на стандардниот и литературен современ македонски јазик.

  • Мариовци — преодна македонска етнографска подгрупа помеѓу Брсјаците и Средновардарската група, населени во Мариово

Шопи

уреди

Шопската етничка целина всушност претстаува поголема етнографска група која што ги зафаќа пошироките делови на североисточна Македонија, а преоѓа и во западна Бугарија и југоисточна Србија. Ваквата распореденост соодветствува со распространетоста на т.н. „торлачки говори“ помеѓу Македонија, Србија и Бугарија. Шопите се пошироко познати како етнографска група на Македонците и Бугарите кои живеат на просторот меѓу Софија и Штип[58]. Шопската група на Македонците е населена во планинските предели на североисточна и источна Македонија од Кривопаланечко па сѐ до Малешево и Шоплукот во Радовишко. Таквата група населува делови од Кратовската, Кривопаланчеката, Кочанската, Радовишката, Струмичката и Петричката област и ги опфаќа целите Осоговски Планини со исклучок на овие места: Лакавичкото Поле и јужното подножје на Плавица, планината Плачковица по двете нејзини падини со мали исклучоци.[56] Населението на планината Голак, во Малеш и Пијанец, исто така, влегува во шопската етнографска група[56]. Во поново време, по Втората светска војна, поради миграционите процеси села и предели како своевидни оази на македонско население со потекло до шопската група се среќаваат и во Скопско посебно селата Марино, Мралино, Миладиновци во Општина Илинден, Овче Поле посебно селата во Општина Лозово и Горобинци каде некогаш живеело турско население и североисточниот дел на Велешко во селата Иванковци, Мамутчево каде исто така на местото на иселеното турско муслиманско население се доселиле Македонци од околината на Кривопаланечко и Кратовско. Главни карактерни црти и одлики на Македонците од шопската група се: животот во раштркани села од разбиен тип во зафрлените планински и ридски предели на Осогово, традиционално занимавање со сточарство, како и шумарство, ѕидарство и рударство, но и лични особини на борбеност и тврдоглавост[56]. Поради ваквите особини зборовите Шоп, Шопи, Шопје често имаат негативно значење на прости и заостанати луѓе од планини, за што постојат голем број на изреки и потсмевливи шеги меѓу жителите на градовите и рамничарските места во источна Македонија, па и Софија.

  • Торлаци — населени во крајниот северен дел на Македонија во Кумановско. Поради распространетоста на т.н. „торлачки говори“, етнографски луѓето од овие предели меѓу североисточна Македонија, југоисточна Србија и северозападна Бугарија се познати под името Торлаци, кое пак исто така како и Шопи има делумно негативна смисла на прости и заостанати луѓе.
  • Которци — преодна македонска етнографска група помеѓу Кумановско и Овче Поле.

Повардарска

уреди
 
Сценска изведба на македонското народно оро Потрчано од Скопско

Повардарска група или Вардарскиот комплекс од централнобалканскиот етнографски регион е всушност срцевината и сврзното јадро на Македонците од сите делови на Македонија во етнографски погед. Во поширока смисла во овој Вардарски етнографски комплекс влегуваат Горновардарската, Средновардарската како подгрупа на Брсјачката, Јужно-македонската, Струмско-местанската и Мијачко-дебарската етнографска целина.[57] Повардарската етнографска целина е поделена по течението на реката Вардар на: Горновардарска во Полог и Скопско со делови од Овче Поле и Кумановско, Средновардарска во Велешко и Тиквеш со и Долновардарска или Јужно-македонска група која ги опфаќа областите Бојмија (Гевгелиско-Валандовско) и Солунско, како и во јужните и западните делови на Егејска Македонија - Воденско, Кајларско сѐ до Костурско.

Струмска

уреди

Источниот дел на етничката територија на Македонија, односно пределите околу реките Струма, Струмица и Места влегуваат во составот на Струмско-местанската етнографска целина[57]. Струмска група е населена во Струмичко, полето во Радовишко и долините на Струма и Места односно во цела Пиринска Македонија. Во овие предели се населени и протераните Македонци од Драмско, Серско, Валовишко и крајните источни делови на Кукушко во егејскиот дел на Македонија кои исто така припаѓаат на оваа етнографска група. Главни одлики и особини на Македонците од оваа етнографска група се питомоста и кроткоста во духот на кои се надоврзуваат изразитата веселост, добро расположение, гостољубивост, дарежливост во каркатерните црти со поопуштен, удобен и весел начин на живот со поголема отвореност, потоа занимавањето со земјоделство, а посебно со градинарство кое поради големите работни обврски кај овие луѓе развиле особено изразити црти на работливост и трудољубивост.

Историја на Македонците

уреди
 
Етничко знаме на македонците

Дел од темата
Македонци

Култура
Книжевност · Уметност
Фолклор · Музика · Носии
Кино · Кујна · Спорт
· Архитектура

Историја
Национална преродба
НОБ (1941-1944)
НОФ (1945-1949)

Државност
АСНОМ
Н.Р Македонија (1944-1991)
Р Македонија (од 1991)

Распространетост
Албанија · Бугарија
Грција · Србија
Македонска дијаспора

Тематски
Православна Црква
Македонци муслимани
Македонски јазик

Целата историја на македонскиот народ е една непрекината борба за зачувување на својата слобода и достоинството. Целата таа непрекината борба, на Македонците им го дава епитетот непокорни. Непокорот на Македонецот ја воодушевува европската и американската општественост, и големи историски личности како Вилијам Гладстон, Лав Толстој, Жан Жорес, Фридрих Енгелс, Хенри Брејлсфорд, А.Г. Хелс, Владимир Ленин, Џејмс Баучер, Франц де Јенсен, Ромуалд Пржевалски, Виктор Берар, Терезина Јенкова, Максим Горки, Казимјеж Мочарски и многу други.[59]

Македонците во античкиот период

уреди

Историјата на Македонците во античкиот период најмногу се поистоветува со Државата на Аргеадите која била нарекувана Македон/Македонија која се наоѓала во јужниот дел на Македонија. Постоеле и други македонски владенија од други мали кралеви како што биле кралството на Линкестите и Пајонското кралство, и др. По филиповите проширувања во етнички сродните земји, и тие територии биле испосоветувани со терминот Македонија.

Со римските освојувања Македонија, како кралство и како регион на Македонците, потпаднала под римска власт (прво како република, а потоа како империја која имала владенија во Македонија сè до српските освојувања во XIV век).

Среден век

уреди

Овој период се одликува со словенското навлегување во Македонија и кога Словените ја преземаат месната власт врз домородното македонското и друго античко население во регионот. Поради иселувањето на одреден број на побогати Македонци од Македонија, поради заштита од Словените, кои се преселиле во околината на Адријанопол поради што во иднина тој дел на западна Тракија ќе биде наречен Тема Македонија.

Македонските склавинии

уреди
 
Македонските Словени, водени од кнез Хацон, пред нападот на град Солун.

За време на словенската инвазија врз Римското Царство, Словените кои успеале да извојуваат пат до најјужните предели на империјата. До крајот на VI век, целата територија на Македонија (освен Солун и приморските тврдини) била во рацете на Словените. Словенските племиња кои се населуваат во Македонија се Берзити, Вајонити, Драговити, Ринхини, Сагудати, Смолјани и Струмјани.[21]

Во најстарите историски извори за македонските Словени, „Животот на Св. Димитрија Солунски“, тие се опишани како физички издржливи, имуни на многу болести коишто за Римјаните/Ромеите се смртоносни, и многу лукави во војувањето. Откако се населуваат на територијата на географска Македонија, Словените се самоорганизираат во Склавинии - коишто претставуваат полудржавни воено-племенски сојузи, коишто, пак, се обединети во кнежевства - управувани од кнез.[24]

Македонските Словени ја создаваат својата прва држава (сојуз на склавинии) уште во дваесеттите години на VII век, под водството на кнезот Хацон. Хацон ја води армијата на македонските Словени во неколку успешни битки против визаниската армија, натерувајќи ја притоа да се сокрие во утврдениот град Солун. Хацон подоцна решава да изврши напад врз Солун. Словените од 584 до 677 година извршуваат пет напади и две долги опсади на градот Солун. Најголем е нападот организиран од кнез Хатсон, 614-616. По почетните триумфи, во самата битка за градот, кнез Хацон загинува, а армијата на македонските склавинии е поразена. 50 години подоцна, македонските склавинии се соземаат и почнуваат нов напад врз Солун под водството на кнез Пребонд. Градот е под опсада долго време, но армијата на кнезот е поразена, и македонските Словени потпаѓаат под византиска власт[24].

Самуилово Царство

уреди

По ослабувањето на Бугарската држава заради долгогодишните војни со Римското Царство, управникот на еден дел од Македонија, комитот Никола, во 969 година се одделува, формирајќи своја држава. По краткотрајна борба за превласт помеѓу неговите четири сина, во 976 година на чело на новоформираната држава застанува Самуил. Престолнината на новата држава е градот Преспа.[60] Ова е период кога поголемиот дел на македонскиот народ потпаднал под власта на Комитопулите.

 
Самоиловото царство во 996 година.

Самуил води 30 годишна војна со Римското Царство, којашто цело време врши напади врз неговата држава. По почетните победи, неговото царство се проширува кон териториите на денешна Република Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, северозападна Грција, северна и западна Бугарија. Следните десет години, Самуил води успешни борби за сочувување на териториите на својата држава. Но во јули 1014 година, во Битката кај Беласица, неговата армија е поразена од римскиот цар Василиј II Македонски.[60]

Иако потеклото на Самуил е спорно (постојат повеќе тези дека е Ерменец), треба да се потенцира дека неговата армија е составена најголем дел од луѓе од Македонија. Неговото име и дело е врежано во традициите на македонскиот народ и понатаму неговото име се спомнува како дел од процесот на народната преродба.

Државата на Добромир Хрс

уреди

Позначајни македонски буни против римската власт се организираните буни од страна на Добромир Хрс и Петар Делјан.[21]

Во моментот кога римската држава започнува поход против бугарските востаници во Велико Трново, во околината на градот Струмица, се дигнало востание. Востанието било водено од македонскиот бољар Добромир Хрс. Во 1190 година, востаничка војска од 600 души под негова команда го напаѓа и освојува од Римјаните, утврдениот град Струмица. Веднаш потоа, мобилизирајќи го месното население ги раширува границите на своите владенија.[60]

Добромир хрс се покажува како итар дипломат кога во 1193 година склучува пакт со Римјаните, кои му ги признаваат територијалните придобивки околу Струмица, и почнува војна против Бугарите. Кога гледа дека Римјаните си ја повраќаат силата и постигнуваат успеси во борбата против Бугарите, Хрс го раскинува пактот со Ромеите и ги напаѓа нивните владенија на запад од Вардар. Успевајќи да им нанесе десетици порази на Римјаните, Хрс ги освојува градовите Прилеп и Битола, како и гратчето Просек (близу Демир Капија), коешто го прогласува за престолнина. Следните неколку години успева да осигура стабилност на неговата држава, војувајќи и против Римското Царство, и против Бугарија[21].

Но во 1205 година, под ударот на десет пати поголемата византиска армија, државата на Хрс е покорена. Хрс засекогаш останува во македонската историја како најуспешниуот и најлукавиот владетел-дипломат.

Борбите со Османлиите

уреди

Во почетокот на XIV век, по сеодајна борба против османлиските Турци, територијата на Македонија паѓа под Османлиска власт. Периодот од 1400 до 1912 година од страна на македонската наука се нарекува османлиско ропство, или едноставно турско ропство[21]. Целиот овој период, македонскиот народ, како и други христијански народи, е изложен на еден постојан физички гнет. Честите колежи и насилното исламизирање доведуваат до драстични демографски промени кај македонскиот народ. Специјалните закони за ограничување на правата на немуслиманите, прават Македонецот да биде слуга на Турците и другите азијатски народи-колонизатори на Балканскиот Полуостров.[61]

Но македонскиот народ својот револт го манифестира со многуте буни и востанија. Уште од првите децении на османлиското ропство, македонските планини се полнат со ајдути - заштитници на народот и борци против неправдата.[21]

Првите вооружени пројави се неорганизирани, спонтани, и најчесто имаат карактер на селски буни. Но на крајот на XIX и почетокот XX, особено по формирањето на ВМОРО, востанијата се организрани и даваат забележителни резултати.[62]

И покрај петвековното ропство, македонскиот народ успеал да го сочува својот јазик, традиција и културно наследство.

Востанија

уреди

Карпошовото востание

уреди
 
Писмо од австрискиот император Леополд I во кое се дава поддршка за македонските востаници на Карпош.
 
Карпош - реконструкција.

Првото поголемо и позначајно македонско востание е Карпошовото востание. Тоа е организирано од страна на легендарниот македонски водач Карпош. Карпош е роден во кумановското село Војник. Отпрвин Карпош бил рудар, но не можејќи да ги поднесе тешките услови и понижувањето, се вооружал и отишол во планина како ајдутин. За време на Австро-Турската војна, Карпош почнал да го организира народот по селата создавајќи притоа силна востаничка армија. Стапува во контакт со австриската армија, којашто му дава дури и еден одред од Австријци и Унгарци, којшто ќе биде под негова команда.[63]

Карпошовата востаничка армија од 5000 души води неколку битки со Турците, кои завршуваат со пораз за Турците, притоа успевајќи во цела Северна Македонија да создаде слободна востаничка територија. Благодарение на активноста на Карпошовата војска, Австријците успеваат да стигнат до стратешки победи, и како благодарност и признание за борбата на македонските востаници на Карпош, австрискиот император го прогласува Карпош за Крал на Куманово и вазал на Австрија.[63]

Во понатамошниот тек на војната, Австрија не успева да ја донесе ветената помош, и слободната територија во Северна Македонија е покорена и востанието брутално задушено. Самиот Карпош е обесен во Скопје, на Камениот мост во 1689 година.

Разловечко

уреди
 
Народностите на Балканскиот Полуостров во доцниот 19 век (Pallas Nagy Lexikona, 1897):
  Срби и Македонци
  Албанци и Срби
  Грци и Албанци
  Грци и Османлии
  Бугари и Османлии

Повлијаени од Херцеговското востание и од подготовките на Русија за војна против османлиска Турција, во источна Македонија започнува една револуционерна дејност. Беровскиот првенец Димитар Поп Георгиев и неговиот дедо Поп Стојан Разловечки се водачи на ова движење. Тие прават конспиративна група која подготвува и почнува да исполнува план за востание во Источна Македонија. Без да разберат турските власти, групата предводена од Димитар Поп-Георгиев агититира по селата и започнува да ги вооружува селаните со пушки купени од Кочани и од Ќустендил.[64]

 
Димитар Поп Георгиев.

Иако успеваат да вооружат неколку села, заради едно недоразборање - имено мислејќи дека се откриени од властите, раководителите на 8 мај 1876 година објавуваат предвремено востание. Востаниците го преземаат селото Разловци, а следните денови во битки со Турците ги освојуваат и останатите села во регионот. Востанието заради тоа што е неподготвено трае само една недела, но е од големо значење за Македонците, затоа што претставува прво современо македонско востание, што е навистина израз на самостојна револуционерна дејност, со учество на сите општествени слоеви: учители, свештеници, трговци и занаетчии, а најмасовно учество земаат македонските селани.[64]

Четите под раководство на Димитар Поп Георгиев се префрлаат во Пиринска Македонија и Бервско, каде што следната година го организираат попознатото и поуспешно Кресненско востание.

Македонско (Кресненско)

уреди

По Разловечкото востание, Димитар Поп Георгиев се пријавува како доброволец во Руската армија во Одеса, и од 1877 до 1878 учествува во сите поважни битки во војната. Имено, од редовите на македонските војници во Руската армија се раѓаат раководителите на Кресненското востание.

 
Илија Малешевски.

Кресненското Востание е организирано од македонските војници што служат во македонскиот полк во Руската армија, за време на Руско-турската Војна од 1877-1878. Разочарани од тоа што Великите Сили не ѝ дозволуваат на Русија да навлезе во Македонија, дел од македонските војници под командата на поручникот Димитар Поп Георгиев во соработка со месни луѓе од Пијанечко и Малешевско, организираат превоз на оружје и муниција за вооружување на востанието. Како доброволци во востаничката војска се пријавуваат и Украинци од Руската армија.[64]

 
Печат на Македонското востание.

Востанието започнува на 17 октомври 1878 година со нападот на Кресненските анови во кои била сместена турската војска. Во нападот учествувале 700 востаници и селани од околните села. При самиот напад на турскиот гарнизон на востаниците им се предале 119 турски војници. По ослободувањето на Кресна, востанието се проширило во околината и подалеку во Мелничко, Беровско, Делчевско, Демирхисарско, при што се создава голема слободна територија во областа на денешна источна Македонија.[60]

Значајното за Кресненското востание е тоа што востаничките водачи, во ослободените територии воведуваат административна власт. Штабот на востанието на чело со Димитар Поп-Георгиев Беровски и Украинецот Калмиков, се нарекува „штаб на македонското востание“, прави свој печат, и издава правилник во кој востанието се нарекува Македонско, а населението Македонци.[64]

По првите успеси, настанува спор и недоразбирање меѓу востаниците и Бугарската егзархија. Турците го искористуваат расцепот, и на 11 ноември, по долготрајни борби успеваат да го задушат востанието.

Илинденско

уреди
 
Група македонски востаници во 1903 година.

Илинденското вистание е организирано од револуционерната организација ВМОРО. По неколкугодишно вооружување на населението, притоа создавајќи една вистинска држава во држава, на Смилевскиот конгрес на организацијатана на 20 јули (2 август нов стил) е решено 1903 година во Битолскиот вилает да се дигне сенародно востание.[62]

8000 вооружени Македонци востануваат на 2 август 1903 година и ги растресуваат темелите на отоманската власт во Македонија. Во првите два дена од востанието, македонските востаници со пушка во раце ослободуваат 150 села и три града (Крушево, Невеска и Клисура). Се создава една ослободена територија која се протега од дебарско-кичевскиот регион, преку Охридско, Струшко, Битолско, Леринско, Костурско, и Воденско. Целата турска војска и администрацијата од оваа територија е или ликвидирана или пребегната.

 
Костурските востаници го преземаат градот Клисура.

Вооружени битки се водат и во Пиринскиот крај, во Кумановско, во Гевгелиско, и во Делчевско. Востанието трае цели 4 месеци (почнува на 2 август, а последните вооружени дејствија завршуваат во ноември).[62]

Илинденското востание се смета од многу Македонци како највеликиот ден во историјата на македонскиот народ - затоа што 8000 вооружени луѓе водат војна против 300 000 редовна армија и за време на четиримесечни битки ѝ нанесуваат големи жртви (востаничките загуби се 860, а турските се околу 5 900)[60].

Илинденското востание успева да постигне дел од своите цели — европската опшественост е раздвижена, и се почнува дебата за иднината на Македонија, која води до австриско-рускиот договор за реформи во Македонија познат под името Мирцштешки договор.[62]

1912 — 1941

уреди
 
Македонија по поделбата со Букурешкиот договор од 1913 година.

До Илинденското востание, ВМОРО се бори за независна Македонија во која сите македонски народности ќе бидат рамноправни. Но по 1903 година, раководството на ВМОРО преоѓа во рацете на оние Македонци што сметаат дека Македонија треба по нејзиното ослободување да биде дел од Велика Бугарија. До 1912 година, Македонија ќе се претвори во арена на која три различни движења (бугарофилски, србомански и гркомански) водат крвави борби една против друга за превласт над Македонија.[65] Во 1913 година, по Балканските војни, со Договорот од Букурешт, географска Македонија е поделена меѓу трите балкански монархии, Грција, Србија и Бугарија. Доаѓа и Првата светска војна, која не носи решавање на Македонското прашање. Голем дел од македонскиот народ, очаен од војни, назадувања и поделби, успева да биде придобиен од пробугарската автономистичка организација ВМРО, која преку лажни ветувања за независна Македонија прави востанија и буни, во кои најмногу страда обичниот Македонец.[65]

Во тоа време има две организации што навистина се борат за слобода на македонскиот народ, и што пропагираат дека Македонците се посебен народ, а не Срби, Бугари и Грци — тоа се Петербуршкото македонско друштво водено од Димитрија Чуповски, и ВМРО (обединета) водена од Димитар Влахов, Панко Брашнаров и Павел Шатев.[60]

Значајното во овој период е тоа што, разочарани од империјалистичките политики на балканските држави, кај Македонците се зацврстува и кристализира нивната посебност — т.е. се раширува идејата дека тие се посебен народ, различен од Грците, Бугарите и Србите, и дека се обесправен народ, разделен, кој заслужува да си има своја држава и сам да управува со својата судбина.[44]

Овој процес го достигнува својот врв во Втората светска војна и непосредно по неа, кога на териториите на сите три дела од географска Македонија (Вардарски, Пирински и Егејски) се отвораат училишта на македонски јазик и се создаваат македонски институции.[66]

Народноослободителна војна

уреди
 
Димитар Влахов, водачот на ВМРО (обединета).

Македонскиот народ во својот поголем дел ја пречекува Втората светска војна национално освестен. Меѓу двете Светски војни, Македонците осознаваат дека само со помош на комунистичките партии и со социјалистичка револуција ќе успеат да се изборат за своите права и да создадат своја држава. Во тој правец дејствува ВМРО (обединета), а во исто време се создаваат и првите комунистички организации во сите делови на Македонија (Вардарски, Пирински и Егејски).[67]

Фашистичките агресии на Балканот отвораат пат на една нова борба, во која Македонците истакнувајќи се со хероизам и пожртвуваност ќе успеат да ги исполнат вековните стремежи.

Вардарска Македонија

уреди

Востанието против фашистичките окупатори во Македонија започнува во октомври 1941 година со партизански акции во Прилеп и Куманово. Партизанска активност се забележува и во велешко и Тиквешијата.

 
Методија Андонов Ченто со група партизани.

Во 1943 година на Славеј Планина е формиран партизанскиот баталјон „Мирче Ацев“ од кој е создадена народноослободителната војска на Македонија. Вистинскиот пресврт на настаните настанува во почетокот на 1944 година, кога македонската партизанска армија брои неколку илјади души и го извршува познатиот Февруарски поход. За задушување на партизанското движење во Македонија, освен целосниот состав на бугарската Петта армија, биле ангажирани и 91-от германски армиски корпус од Солун со 4 бригадни групи.[68]

По капитулацијата на фашистичка Бугарија, целата народноослободителна војска во Вардарска Македонија започнува директен напад за ликвидирање на германските воени единици стационирани во Македонија.

На 2 август 1944 година, во манастирот „Прохор Пчињски“ се одржува Првото заседание на АСНОМ, со кое се поставуваат темелите на современата македонска државност. Исто така на заседанието се даваат главните насоки за завршните операции за ослободување на Македонија.[68]

До крајот на 1944 година, целата територија на Вардарска Македонија е во рацете на Народноослободителната војска.

Егејска Македонија

уреди
 
Млади Македонци од Костурското село Бапчор во редовите на НОФ.

По капитулирањето на Грција, грчката партизанска амрија ЕЛАС прави неколку неуспешни обиди да го мобилизира целосно македонското население за нејзината кауза. По неуспешните обиди, дозволува македонските членови на КПГ, да формираат нивна посебна организација СНОФ и посебни баталјони.[69]

Во 1944 година СНОФ е расформирана по наредба на КПГ, и еден нејзин баталјон, незадоволен од оваа одлука се префрла во Вардарска Македонија, и тука зема учество во завршните операции на НОБ. Во 1945 година овие единици се префрлаат во Егејска Македонија и учествуваат во создавањето на Народно Ослободителниот Фронт на Македонците од Егејска Македонија, а потоа учествуваат во Граѓанската војна во Грција.[70]

Македонците кои претставуваат 60% од силите на ДАГ, се борат од 1945 до 1949 година и успеваат да создадат слободни територии во кои се води македонска културна дејност. Но, поради отворената англо-американска помош на владината армија, ДАГ е поразена, и 50 000 луѓе се протерани од земјата.[71]

Пиринска Македонија

уреди

Во Пиринска Македонија всушност и започнува антифашистичката борба во Бугарија. Таму се води првата битка меѓу партизанска единица во Бугарија продив владини фашистички сили. По Втората светска војна, БКП на чело со Георги Димитров е подготвена да ја отстапи Пиринска Македонија за да се спои со Вардарска. Затоа и до 1949 е дозволено македонски учители да бидат испраќани таму за да ги учат децата на македонски јазик и историја.[72]

Но заради судирот на Тито со Советскиот Сојуз и остатокот од Источниот блок, овој процес е прекинат.

Населеност на Македонците

уреди
 
Број на Македонци во Македонија (2021)

Македонците во Република Македонија

уреди
 
Карта на Македонците во Македонија (2021)

Според последниот попис на насленито во Република Македонија во 2002 година, бројот на Македонци во државата е 1 297 981 (64,18%).[73] Најголем број на Македонци — 1 328 187 жители, се запишани во пописната 1991 година. Според податоците од пописот во 2002 година, бројот на граѓани чиј мајчин јазик е македонскиот изнесува 1 401 897 (69,31%) души.[73]

Македонци во соседните земји

уреди

Во соседните земји, односно во Пиринска Македонија, Егејска Македонија, Мала Преспа, Голо Брдо (географски територии на регионот Македонија), Гора (македонска етничка територија поделена меѓу Албанија и Косово) и во Србија живеат околу 500 000 души кои го говорат македонскиот јазик.[74][75] Македонската емиграција во Бугарија е најголема македонска емиграција во светот, со огромен интелектуален потенцијал и големо културно наследство.[76] Официјалната теза на Република Македонија е дека овие луѓе се Македонци по потекло, иако дел од нив не успеал да оформи, или пак го загубил националното чувство поради репресиите и пропагандите во минатото, како и заради денешната асимилаторска политика од страна на државите во коишто живеат, а и поради неможноста да го изучуваат и да се образуваат на мајчиниот македонски јазик. Огромниот дел од нив го говорат мајчиниот дијалект и ги негуваат македонските културни традиции и родови врски.

Македонците во светот

уреди
 
Бројност на Македонците во светот

Официјалната македонска статистика за бројот на Македонци во странство е несигурна, но се претпоставува дека се движи меѓу 300 000 и 500 000 души, најмногу населени во САД, Австралија, Канада, Германија, Швајцарија, а во помал број и во Шведска, Италија, Австрија, па дури и во Бразил, Аргентина и Јужноафриканската Република. Во западноевропските и прекуокеанските земји, Македонците слободно и достојно ги негуваат своите македонски традиции и се организирани во македонски клубови и друштва, имаат свои културно-уметнички друштва, цркви, радио и телевизиски програми, а во австралискиот град Сиднеј постои и гиманзиска паралелка на македонски јазик.[се бара извор]

Официјално бројот на Македонците во Република Македонија, соседството и во светот е околу 2 милиона. Постојат и некои мислења дека бројот изнесува 3 до 4 милиони,[77] но тие не се докажани со официјални статистики.

Национални симболи

уреди

Како неофицијални македонски национални симболи се користат шеснаесет-зрачното сонце од Кутлеш, коешто било симбол на Античка Македонија и државно знаме на Република Македонија во периодот од 1992 до 1995, и жолтиот лав на црвена подлога, кој бил симбол на средновековна Македонија и официјално знаме на Илинденското востание. И двата симбола се користат на културни манифестации, спортски натпревари, митинзи, а се забелжува и нивна масовна употреба од страна на емиграцијата.

Македонскиот народ денес

уреди

Македонците ги уживаат придобивките од борбата на нивните предци и слободно ја градат својата современа култура. Во својата најголема придобивка — слободната Република Македонија, Македонците се образуваат, надградуваат и се борат за подобро општество и животен стандард.

Со развојот на плурализмот, особено по 1992 година, и Македонците што живеат во соседните балкански земји работат на афирмирање на нивните културни и социјални права. Најзначајни организации на Македонците од соседните земји се партијата „Виножито“ во Грција, „ОМО Илинден — Пирин“ во Бугарија, „Демократска партија на Македонците од Албанија“ и „Здружението на Македонците во Србија“.

Јавното мислење во Република Македонија е дека државата треба повеќе да се заинтересира и заложи за своите сонародници во соседните земји за сочувување на македонскиот јазик и традиции таму, како и за почитување на човековите и малцинските права на Македонците. Иако секој обид на Република Македонија да помогне на Македонците од соседните земји на било кое поле (културно, научно, образовно, економско), од соседните земји се смета за „територијална претензија“ на Република Македонија, јавното мислење е дека тоа не треба да ја спречува Република Македонија да ги помага и поддржува Македонците надвор од нејзините граници.

Стратешки цели на Македонците и на Република Македонија се стабилна политичка ситуација, силна економија и полноправно членство во НАТО и Европската Унија.

Македонци низ историјата

уреди

Бугарски ставови

уреди

Според бугарски извори од XXI век Ѓорѓија Пулевски е првата позната личност, која во средината на 1870-тите настојувала на постоењето на посебен Словенски македонски јазик и Македонска етничка припадност.[78]

Наводи

уреди
  1. Nasevski, Boško; Angelova, Dora. Gerovska, Dragica (1995). Македонски Иселенички Алманах '95. Skopje: Матица на Иселениците на Македонија. стр. 52 & 53.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. 2002 census Архивирано на 21 јуни 2004 г..
  3. 2006 Census Архивирано на 15 август 2013 г..
  4. 4,0 4,1 Population Estimate from the MFA.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Колку вкупно Македонци има во светот? (2014) од Медиа.мк
  6. 2008 census.
  7. 2008 figures Архивирано на 12 јануари 2009 г..
  8. 2003 census Архивирано на 6 октомври 2014 г.,Population Estimate from the MFA.
  9. 2005 census Архивирано на 16 септември 2018 г..
  10. 10,0 10,1 Makedonci vo Svetot.
  11. Polands Holocaust: Ethnic Strife, Collaboration with Occupying Forces and Genocide in the Second Republic, 1918-1947, p. 260.
  12. 1.Bulgarian census data.
  13. „Focus Information Agrncy - EFA and OMO Ilinden Pirin at a Press Conference in Brussels, Bulgarian National Radio, 29 ноември 2006“. Архивирано од изворникот на 2008-06-29. Посетено на 2015-02-24.
  14. Montenegrin 2011 census -.
  15. „Πίνακας 7: Αλλοδαποί κατά υπηκοότητα, φύλο και επίπεδο εκπαίδευσης - Σύνολο Ελλάδας και Νομοί“ (PDF). Greek National Statistics Agency. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-04-28. Посетено на 20 April 2011.
  16. „Greece – Report about Compliance with the Principles of the Framework Convention for the Protection of National Minorities (along guidelines for state reports according to Article 25.1 of the Convention)“. Greek Helsinki Monitor (GHM) & Minority Rights Group – Greece (MRG-G). 1999-09-18. Архивирано од изворникот на 2003-05-23. Посетено на 2009-01-12.
  17. Во Центар со Васко Ефтов, Македонците во Грција
  18. 2002 census.
  19. Словени
  20. „Културна близина на словенските народи“. Архивирано од изворникот на 2019-12-08. Посетено на 2018-08-29.
  21. 21,0 21,1 21,2 21,3 21,4 21,5 21,6 „Историја на македонскиот народ“, Д-р Блаже Ристовски.
  22. „Македонија, нејзините луѓе и историја“, Стојан Прибичевиќ, Македонска Книга, Скопје, 1990
  23. "Macedonia and the Macedonian People: The History of the Macedonian People" Blaže Ristovski. Macedonian Academy of Sciences and Arts, Skopje, 1983 [1] стр. 6-7
  24. 24,0 24,1 24,2 24,3 „Македонските Словени од VI до IX век“, д-р Орде Иваноски
  25. 25,0 25,1 25,2 „Создавање на македонската нација“, Драган Ташковски
  26. „Етно-културните врски меѓу античките и денешните Македонци“, Александар Донски
  27. European Journal of Human Genetics - Y chromosomal heritage of Croatian population and its island isolates“.
  28. Forensic Science International: Genetics, Volume 5, Issue 4, Pages e108-e111, August 2011, Genetic data for 17 Y-chromosomal STR loci in Macedonians in the Republic of Macedonia, Zlatko Jakovski, Ksenija Nikolova, Renata Jankova-Ajanovska, Damir Marjanovic, Naris Pojskic, Biljana Janeska.
  29. Petlichkovski A, Efinska-Mladenovska O, Trajkov D, Arsov T, Strezova A, Spiroski M (2004). „High-resolution typing of HLA-DRB1 locus in the Macedonian population“. Tissue Antigens. 64 (4): 486–91. doi:10.1111/j.1399-0039.2004.00273.x. PMID 15361127.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  30. European Journal of Human Genetics – Y chromosomal heritage of Croatian population and its island isolates“.
  31. Semino, Ornella; Passarino, G; Oefner, PJ; Lin, AA; Arbuzova, S; Beckman, LE; De Benedictis, G; Francalacci, P; Kouvatsi, A (2000). „The Genetic Legacy of Paleolithic Homo sapiens sapiens in Extant Europeans: A Y Chromosome Perspective“ (PDF). Science. 290 (5494): 1155–59. doi:10.1126/science.290.5494.1155. PMID 11073453. Архивирано од изворникот (PDF) на 2003-11-25. Посетено на 2008-01-16.
  32. HLA-DRB and -DQB1 polymorphism in the Macedonian population, Hristova-Dimceva et al., Tissue Antigens, Volume 55, Number 1, January 2000 , pp. 53–56(4), Publisher: Wiley-Blackwell
  33. Rebala K et al. (2007), Y-STR variation among Slavs: evidence for the Slavic homeland in the middle Dnieper basin, Journal of Human Genetics, 52:406-14 Архивирано на 23 септември 2009 г..
  34. Genetic Heritage of the Balto-Slavic Speaking Populations: A Synthesis of Autosomal, Mitochondrial and Y-Chromosomal Datap Alena Kushniarevich et al., September 2, 2015, Plos One, http://dx.doi.org/10.1371/journal.pone.0135820
  35. Standing at the Gateway to Europe - The Genetic Structure of Western Balkan Populations Based on Autosomal and Haploid Markers, Lejla Kovacevic et al, Plos One, August 22, 2014, http://dx.doi.org/10.1371/journal.pone.0105090
  36. Y-STR variation among Slavs: evidence for the Slavic homeland in the middle Dnieper basin, Krzysztof Rebala et al. Japan Society of Human Genetics and Springer 2007, DOI 10.1007/s10038-007-0125-6
  37. Expansions: Competition and Conquest in Europe Since the Bronze Age, Reykjavíkur Akademían, 2010, ISBN 9979992212, p. 194.
  38. „Спомени“, Димитар Влахов
  39. „Историја на Балканот“, Барбара Јелавич
  40. „Светата столица одвојувала посебни стипендии за Македонци пред четири века!“. Архивирано од изворникот на 2012-03-29. Посетено на 2012-03-26.
  41. Блаже Ристовски, Македонскиот народ и македонската нација. Скопје 1983. I. 57; 66-67.
  42. Реч одржана на “Меѓународен научен собир 100 години “За македонцките работи” на Мисирков” во МАНУ од 2003 година.
  43. Histoire de la Grèce moderne“, Nikolaos Svoronos
  44. 44,0 44,1 „Кон македонската преродба“, Блаже Конески
  45. „За македонцките работи“, Крсте Мисирков
  46. Статија во весник „Македонски Голос“, Димитрија Чуповски
  47. Статија во весник „Македония“, (16 февруари 1871), Димитар Македонски.
  48. „Македонија. Лист за политика и книжевност“, Цариград
  49. „Македонскиот полк во Украина“, Д-р Александар Матковски
  50. „Правилник - Устав на македонскиот востанички комитет“ од 1878
  51. The Macedonian question, Petko Slaveikov
  52. „Самоопределувањето на Македонците“ Архивирано на 28 септември 2007 г., Крсте Мисирков
  53. Весник „Македонски глас“ бр. 1 од 9 јуни 1913 година
  54. Das Volksthum der Slaven Makedoniens
  55. 55,0 55,1 55,2 Пулевски, Ѓорѓија (1892). Блаже Ристовски (уред.). Славјанско-маќедонска општа историја. Скопје: МАНУ. стр. 903–913.
  56. 56,0 56,1 56,2 56,3 56,4 56,5 56,6 56,7 56,8 Петров, Ѓорче (1896). Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија. Скопје: Единствена Македонија. стр. 468.
  57. 57,0 57,1 57,2 57,3 57,4 Петрушева, Аница (1996). Етнологија на Македонците. Скопје: МАНУ. стр. 143–157.
  58. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 206.
  59. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име poljanski.
  60. 60,0 60,1 60,2 60,3 60,4 60,5 „Документи за борбата на македонскиот народ за независност“, том I. Универзитетска Библиотека „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, 1985
  61. „Македонија, нејзините народи и нивната иднина“, Хенри Ноел Брејлсфорд
  62. 62,0 62,1 62,2 62,3 „Ослободитените борби на Македонија“, Христо Сиљанов
  63. 63,0 63,1 „Карпошевото востание“, Драган Ташковски
  64. 64,0 64,1 64,2 64,3 „Димитар Поп Георгиев - Беровски (1840-1907)“, Д-р Александар Трајановски.
  65. 65,0 65,1 „Предавниците на македонското дело“, Димитар Влахов
  66. „Демократски и аитифашистички партии и организации во Егејскиот дел на Македонија (1941-1949)“, Ристо Кирјазовски
  67. „Егејска Македонија во НОБ“, уредил Ристо Кирјазовски
  68. 68,0 68,1 „Ослободителната војна и револуцијата во Македонија“, Михајло Апостолски
  69. Бугарската пропаганда во југозападна и централна Егејска Македонија (1941-1944)
  70. Егеjски бури - Револуционерното движење во Воденско и НОФ во Егеjска Македонија. Вангел Ајановски Оче
  71. „Народно Ослободителниот Фронт и други организации на Македонците од Егејскиот дел на Македонија“, Ристо Кирјазовски
  72. „Националната афирмација на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија 1944-1948“, Васил Јотевски
  73. 73,0 73,1 „Попис на населението во Република Македонија од 2002 година“. Архивирано од изворникот на 2004-06-21. Посетено на 2006-10-29.
  74. „Македонски малцинства на Балканот“. Архивирано од изворникот на 2007-12-10. Посетено на 2007-10-07.
  75. Македонскиот народ на Балканот
  76. "ЗАБОРАВЕНАТА ЕМИГРАЦИЈА СЕ ВРАЌА ДОМА" Архивирано на 15 февруари 2009 г., "Глобус", брoj 81, 4 ноември 2008.
  77. „Географија“ за 2 година во реформираното гимназиско образование, Просветно дело, Скопје 2002
  78. Roumen Daskalov, Alexander Vezenkov as ed., Entangled Histories of the Balkans - Volume Three: Shared Pasts, Disputed Legacies; Balkan Studies Library, BRILL, 2015; ISBN 9004290362, p. 454.

Литература

уреди
  • Игор Јанев, Legal Aspects of the Use of a Provisional Name for Macedonia in the United Nations System, AJIL, Vol. 93. no 1. 1999

Надворешни врски

уреди


  Статијата „Македонци“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).