Пирински Македонци

Македонци во Бугарија
(Пренасочено од Македонци во Бугарија)

Македонците во Бугарија, или како Пиринци или Бугарски Македонци — староседелско[3] население кое претежно живее во Пиринска Македонија, во југозападниот дел на денешната Република Бугарија.[4]

Македонци во Бугарија
Пиринци
Вкупен број
од 1.654 до 750.000, највеќе 1.200.000[1][2]
Подрачја со значајно население
Пиринска Македонија (Благоевградска област), Софија
Јазици
македонски јазик и бугарски јазик
Вероисповед
православие
Сродни народи
Македонци
Етничко знаме на македонците
Етничко знаме на македонците

Дел од темата
Македонци

Култура
Книжевност · Уметност
Фолклор · Музика · Носии
Кино · Кујна · Спорт
· Архитектура

Историја
Национална преродба
НОБ (1941-1944)
НОФ (1945-1949)

Државност
АСНОМ
Н.Р Македонија (1944-1991)
Р Македонија (од 1991)

Распространетост
Албанија · Бугарија
Грција · Србија
Македонска дијаспора

Тематски
Православна Црква
Македонци муслимани
Македонски јазик

Во определени периоди постоело и иселување од политички и економски причини, од другите делови на македонската регија. Иселувањето се одвивало во неколку поголеми бранови: средниот век, во ренесансата, по ослободувањето на Бугарија од турската власт, по Илинденското востание, по Балканските војни и Првата светска војна. Македонската емиграција во Бугарија e најголема македонска емиграција во светот, со огромен интелектуален потенцијал и големо културно наследство.[5]

Статистички податоци

Според државната статистика на Република Бугарија на последниот одржан попис во 2011 година, како Македонци се изјасниле 1.654 жители на Бугарија (0,02%), а на пописот од 2001 имало 5.071 Македонци. Но, според Красимир Канев, претседател на Бугарскиот Хелсиншки комитет, во 1998 година нивниот број бил неколкупати поголем. Во извештајот, Канев наведува бројка од 15.000-25.000 етнички Македонци во Република Бугарија.[6] Невозможно е да се каже колкав е точниот број, особено поради фактот што различни извори даваат спротивставени податоци. Сепак, сите се согласуваат дека голем број (над два милиони, вклучувајќи и од мешани бракови) од граѓаните на Република Бугарија се потомци на доселеници од Македонија, кои како емигранти или бегалци својот дом го нашле во Бугарија.

Според официјалнот став на Бугарската држава поимот Македонци означува жители на одреден регион во државата и Македонците се дел од бугарскиот народ. Политички, Македонци се само граѓаните на Република Македонија кои живеат во Бугарија (вклучително и Албанците од Македонија) е службен став на бугарската држава.[7]

Според Стојко Стојков, еден од водачите на ОМО Илинден - Пирин, во Бугарија живеат од 5.000 до 10.000 луѓе кои се декларираат како Македонци, но претходно нивниот број бил до 187.000 души.[8] Со оглед на одбивањето да се регистира ОМО Илинден - Пирин останува да се претпоставува дека оваа бројка е блиска до вистинската, а можеби и поголема.

 
Протест на македонците во Софија, 1939 година

Пописи во Пиринска Македонија

 
Карта на Македонците во Пиринска Македонија (1946 г.)

Попис од 1920 година

Според пописот од 1920 населението броело 155.598 жители. Немало декларирани Македонци.

Попис од 1946 година

 
Мапа од Германски историчар за населбата на Балканот во 1920тите, во мапата е прикажано како Пиринска Македонија е претежно населено со Македонци.

Во декември 1946 во Народна Република Бугарија е извршен првиот повоен попис на населението. Од вкупно 252.908 жители во Пиринска Македонија 160.541 лица, односно 70% се изјасниле како етнички Македонци.[9][10]

Бугарската држава до денес се обидува да најде објаснувања за тоа дека овој попис бил направен под присила или по грешка, но покрај тој попис остануваат работи кои до денес се необјанети. Вистина, доколку станува збор за присила, кој можел да присили раководители на една суверена држава да го направат тоа. Второ останува неодговорено прашањето дали под вакви услови биле пренесени посмртните останки на Гоце Делчев во Македонија. Некои од одговорите кои современа Бугарија се обидува да си ги даде во врска со ова се дадени во овде.

Познавајќи ја негаторската политика на официјална Софија,[11] многу историчари ги имаат изнесено фактите за вистината на Македонците во Бугарија,[12] кои Бугарија вешто се обидува да ги изманипулира.[13] Најнов бисер е „присилниот попис од 1946 година“.[14]

Попис од 1956 година

 
Попис во Пиринска Македонија, 1956 година

На пописот на населението во 1956 во Пиринска Македонија, од вкупно 281.015 жители, како Македонци се изјасниле 178.862, или 63% од целокупното пиринско население. Денес, Бугарија не ги прифаќа резултатите од тие пописи, со аргументи дека биле спроведувани на недемократски начин во услови на сталинизам и репресии.[15][16]

За фалсификувањето на пописот од 1956 зборува и Улрих Бјуксеншјутц во книгата „Малцинствената политика во Бугарија”. Политиката на БКП кон Евреи, Роми, Помаци и Турци (1944-1989).“, 2000, IMIR.[17]

Околии Санданска Петричка Благоевградска Разлошка Гоцеделчевска Вкупно
Македонци 89,49% 82,64% 52,18% 45,18% 45,77% 63,64%
Бугари 7,51% 15,15% 45,08% 39,05% 49,45% 33,33%
други 3,00% 2,16% 2,71% 11,92% 4,77% 3,03%
  • Официјални податоци од Бирото за статистика на Бугарија за националната структура на населението по околии од пописот во 1956 година

Население и национална структура на населението на НР Бугарија од пописот 1956 година

Вкупно Бугари Македонци Турци Роми
7.613.109 6.506.541 187.789 656.052 197.789
100% 85,47% 2,47% 8,62% 2,52%
  • Официјални податоци од Бирото за статистика на Бугарија за пописот на населението во 1956 година.

Попис од 1965 година

Во пописот од 1965 како Македонци се декларирале само 8.750 жители.

Попис од 1975 година

На пописот од 1975, ниту еден жител на НР Бугарија не се декларирал како Македонец.

Попис од 1992 година

За пописот од 1992 официјални податоци за Македонците не се објавени.[18] И покрај тоа, во 1993 е објавен бројот од 10.803 луѓе кои се самоопределиле за Македонци, од кои 3.109 го објавиле нивниот мајчин јазик за македонскиот.[19][20]

Попис од 2001 година

Според пописот од 2001 населението во Пиринска Македонија (Благоевградска област) брои 341.173 жители, а од нив 306.118 како мајчин јазик го декларирале бугарскиот јазик, 19.819 жители го декларирале за мајчин јазик турскиот, а 9.232 го декларирале ромскиот јазик.

Податоци за Благоевградска област

Вкупно Бугари Турци Роми Македонци Други
341.173 286.491 31.857 12.405 3.117 7.303
100% 89,97% 9,34% 3,63% 0,91% 2,14%

Податоци за цела Бугарија

Вкупно Бугари Македонци Други
7.928.901 6.655.210 5.071 1.268.620
100% 83,94% 0,06% 16,00%

Попис од 2011 година

 
Области каде што живее македонско малцинство

Според пописот на населението во Република Бугарија од 2011 г. таму живеат 1.654 Македонци,[21] од нив: 561 се населени во Благоевградска област,[22] а 1.163 се со маjчин македонски јазик.[23] Според пописот во Бугарија живеат 1.091 државјани на Република Македонија.[24]

Според Стојко Стојков од партијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден - Пирин ова е последица на манипулациите со резултатите. Тој објаснува дека од таа бројка етнички Македонци, дури околу 1.000 души биле заведени дека поседуваат македонско државјанство.[25]

Медиуми и наука

Денес Македонците во Пиринска Македонија не се признати како малцинство. Немаат право на школување на мајчиниот јазик.[26][27] Училишната настава се изведува на единствениот официјален за државата бугарски јазик.

Во 1947 година биле создадени печатни медиуми, Пирински Вестник и печатница, Македонска Книга. Тие биле дел од остварените ветувања за правата на Македонците во Бугарија, кои би го зајакнале македонскиот јазик и култура. Медиумите биле укинати и затворени во 1958 година, поради политички причини и менување на власта. Во 1990 година бил создаден нов весник за македонското малцинство во Бугарија, со име Народна Волја. Весникот се уредува и печати во Горна Џумаја.[9]

Вероисповед

Вероисповеда на Македонците во Бугарија е православието. Верниците ги користат услугите на бугарската црква, бидејќи македонската нема претставник во Бугарија.

Политички и културни друштва

Постојат повеќе организации на Македонците во Пиринска Македонија:

Познати личности со македонско потекло во јавниот живот на Бугарија

Познати бугарски државници од македонско потекло се премиерите Андреј Љапчев и Георги Димитров, министерот за здравство и внатрешни работи во прохитлеровска Бугарија за време на Втора светска војна - Александар Станишев, основачот на БКП Димитар Благоев и други. Родум од Македонија се и писателите Димитар Талев и Венко Марковски, поетите Никола Вапцаров, Христо Смирненски и други. Денешниот премиер на Бугарија, Сергеј Станишев и претседателот на парламентот Георги Пирински, исто така имаат потекло од Егејска Македонија. Сите тие ја истакнале повеќепати својата бугарска национална свест.

Активисти за човекови права на Македонците во Бугарија

Атанас Кирјаков, Јордан Костадинов, Сократ Маркилов, Славе Македонски, Георги Радулов, Георги Солунски, Стојко Стојков, Иван Сингартијски, Ботјо Вангелов, Димитар Захов, Стојан Георгиев Томовичин, Георги Христов, Александар Христов, Димитар Србаков, Стефан Влахов Мицов, Ангел Безев, Атанас Манушкин, Кирил Иванов, Георги Дукимов, Божидар Кирјанов, Атанас Михајлов Орозов, Иван Харизанов, Стојан Герасимов Василев

Поврзано

Извори

  1. Попис од 2011 година на страницата на бугарскиот Националнен статистички институт.
  2. Проценка на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, документ "Бројност на македонската дијаспора", 25. 11. 2008 г.: минимум 500.000, највеќе 1.200.000, проценка МНР 750.000 и самопроценка 1.500.000.
  3. „Земљопис Србије и Турске за основне српске школе“ Београд, 1872, стр. 35.
  4. „Енкарта“. Архивирано од изворникот на 2008-06-26. Посетено на 2008-10-01.
  5. „Заборавената емиграција се враќа дома“ Архивирано на 15 февруари 2009 г., Глобус, брoj 81, 4 ноември 2008.
  6. Центар за документација и информации за малцинствата во Европа - Југоисточна Европа (ЦДИМЕ-ЈИЕ) - Македонци во Бугарија Архивирано на 23 јули 2006 г. (англиски)
  7. Драган Ташковски, Од пирзнања до заникања, Цанкарјева заложба, 1971 Љубљана (српскохрватски)
  8. ...The problem according to Stoykov, originates from that fact that there are between 5,000 and 10,000 Macedonians, while their number had even reached 187,000 during some periods of the history of Bulgaria... види: Focus Information Agrncy - EFA and OMO Ilinden Pirin at a Press Conference in Brussels, Bulgarian National Radio, 29 ноември 2006. Архивирано на 29 јуни 2008 г.
  9. 9,0 9,1 Полтон, Хју. (1995). Who Are the Macedonians? :107-108, (Лондон: C. Hurst & Co.Ltd.).
  10. Прибчевич, Стојан (1982). Macedonia: Its People and History (Јуниверзити Парк: Pennsylvania State University Press).
  11. Проблемот на Македонците во Бугарија пред светската јавност ; ISSN 0542-206X. - 38, 456 (април 1991), стр. 16.
  12. Стеван Тинтоски, Македонците во Бугарија; Студентски збор, 1987; 167 стр.; 20 см - Скопје; 323.15(=866:497.2)"1944/80"
  13. Христо Андоновски - Skripta manent : кога во Бугарија ја кажуваа вистината за Македонија и Македонците; Македонија. - ISSN 0542-206X. бр. 544 (1998), стр. 10-11.
  14. Меморандум на Обединетата македонска организација "Илинден" : глас на Македонците во Бугарија - ISSN 0542-206X, бр. 533-534 (септември-октомври 1997), стр. 16-17
  15. Бејтс, Даниел. 1994. „What’s in a Name: Minorities, Identity and Politics in Bulgaria,” Identities, прво издание, број 2, мај 1994.
  16. Крид, Џералд В. (1992). „The Ethnic Situation in Bulgaria,” Princeton Project of Ethnic Relations, Researches 1992, (Софија: Club-90 Publishing House — на бугарски и англиски).
  17. Улрих Бюксеншютц - „Малцинствената политика в България. Политиката на БКП към евреи, роми, помаци и Турци (1944-1989)“, стр. 5 Архивирано на 20 мај 2013 г. До днес не e ясно, дали в България има значим брой хора, които се чувстват като “Македонци”, макар резултатите от преброяването през 1956 г. да посочват техния брой на почти 200000 (виж табл. 5). Тези резултати обаче са грубо фалшифицирани - в онова време върху населението на Пирин планина се упражнява масивен натиск да се признаят за “Македонци”.
  18. Улрих Бюксеншютц - „Малцинствената политика в България. Политиката на БКП към евреи, роми, помаци и Турци (1944-1989)“, стр. 128 Архивирано на 20 мај 2013 г. (во изворот авторот цитира Национален статистически институт: Резултати от преброяването на населението , т.1, Демографски характеристики. София 1994, стр. 194, табл. 24.
  19. Ст.н.с. д-р Михаил Иванов - „За македонските идентичности“
  20. Канев, Красимир (1999). Законодателство и политика към етническите и религиозните малцинства в България [Legislation and Policy Towards Ethnic and Religious Minorities in Bulgaria], во книгата на Ана Крастева (ed.) Communities and Identities in Bulgaria, (Равена: Editore Longo), во печат.
  21. Преброяване 2011 – окончателни резултати, гл. ІІІ. Основни резултати, стр. 23.
  22. Население по етническа група и майчин език в област: Благоевград.[мртва врска]
  23. „Население по етническа група и майчин език“. Архивирано од изворникот на 2011-12-27. Посетено на 2011-07-21.
  24. „Население с чуждо гражданство по страни“. Архивирано од изворникот на 2011-10-04. Посетено на 2011-07-21.
  25. „Бугарија изброи само 1.609 Македонци, весник Нова Македонија, број 22337, 22.07.2011 г.“. Архивирано од изворникот на 2011-09-28. Посетено на 2011-07-22.
  26. Устав на Република Бугарија, чл. 46 т. 2
  27. Бугарски хелсиншки комитет: Защо ромите в България предпочитат да учат турски език като майчин. (бугарски)

Надворешни врски