Драговитија

(Пренасочено од Драговити)

Драговити биле македонско јужнословенско племе кое се населило на Балканот во 7 век. Две различни гранки се споменуваат во изворите, едната се населува во средновековна Македонија на север и на исток од Солун и околу градот Бер (во денешна Грција),[1] додека другите живееле во Тракија, околу Филипопол (денешен Пловдив во Бугарија).

Византиски печат од 11 век од некој анонимус "критики (цивилен гувернер) на Драговитија"

Драговитија била склавинија (кнежевство) на територијата на Егејска Македонија, западно од Солун а денес во Република Грција, основано од македонското словенско племе Драговити. Оваа склавинија претставувала посебна епископија која го носела истото име, Драговитија. Дел од Драговитите подоцна се населиле и во Полог.

Од 614-616 година словенските племиња (Берзити, Драговити, Вајонити, Велегезити и Сагудати) на чело со драговитскиот поглавар Хацон неуспешно го нападнале Солун.

НаводиУреди

  1. Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 487. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)