Рекански дијалект
Рекански дијалект или жировнички дијалект — дијалект што спаѓа во подгрупата на западни и северозападни дијалекти на западното наречје на македонскиот јазик. Реканскиот дијалект е близок дијалект со галичкиот дијалект и со дебарскиот дијалект. Овој дијалект, како и останатите од оваа група, содржи доста архаични зборови.
Територија
уредиДијалектот се зборува во селата Жировница, Видуше и Болетин кои се наоѓаат во горниот тек на реката Радика.
Фонолошки одлики
уреди- зачестена употреба на согласката ф
- намалена употреба на согласката Џ, наместо неа се употребува ж или жд
- употреба на о наместо а
Морфолошки одлики
уреди- завршетокот на глаголите од а групата често се изговараат како глаголи од е група: играaт > играет
- употреба на трите членови
- употреба на наставката -т за трето лице еднина
- употреба на предлогот во/в.