Не поистоветувајте ја со азиската држава Малезија.

Малесија (изворно: Закамен)— ридско-планински предел во Западна Македонија, карактеристичен по својата историја, етнологија и култура.

Карта на Малесија со населените места

Географија

уреди

Областа Малесија е сместена на планината Караорман. Го опфаќа целиот слив на Збашка Река (или Голема Река), десна притока на Црн Дрим. На исток се граничи со Дебрца, на северозапад со Дебарска Жупа, на запад со Дебарски Дримкол, а на југ со Струшко Поле. Релјефот е ридски и планински. Климата е планинска.

Населени места

уреди

Во оваа област влегуваат селата: Присовјани, Збажди, Р'жаново, Локов, Селци и Буринец.

Демографија

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948 1.760—    
1953 1.792+1.8%
1961 1.002−44.1%
1971 316−68.5%
1981 76−75.9%
ГодинаНас.±%
1991 39−48.7%
1994 32−17.9%
2002 21−34.4%
202120−4.8%
Извор: Податоците од 1948-2002 се според официјалните пописи[1]

Бројот на населението во Малесија некогаш достигнувал и до 1.000 жители. Според последниот попис од 2021 година, селата Р'жаново и Локов се раселени, а во Присовјани, Буринец, Селци и Збажди живеат само 20 жители.[2] Жителите од Малесија мигрирале најчесто во Струга, Охрид и Скопје. Голем дел од жителите од прилепското село Ново Лагово потекнуваат од доселеници од Малесија. Освен во Македонија еден дел од населението е колонизирано во Јабука, Србија. Од овој регион потекнуваат и дел од мештаните на село Козичино, Кичевско. Маалото во кое тие живеат се нарекува Малезовци. Инаку во легендите се зборува за некој Стојко Малезан кој живеел пред 4-5 века кој бегајќи од турските војски поради убиство на турски големец се населил во ова планинско село кое се наоѓа на 22 километри од Кичево.

Следува табела на движењето на бројот на населението низ сите пописни години:[3]

Населено место 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Буринец 152 148 38 0 2 0 0 0 1
Збажди 550 640 463 505 449 92 41 16 15 10 10
Локов 320 320 191 223 61 0 0 4 0 0 0
Присовјани 480 480 382 350 288 222 33 19 13 11 3
Р'жаново 360 360 296 314 128 0 0 0 0 0 0
Селци 1.050 1.144 276 252 38 2 0 0 4 0 6
ВКУПНО 2.760 2.944 1.760 1.792 1.002 316 76 39 32 21 20

Малесија како мотив во уметноста

уреди
  • „Малесија“ - песна на македонскиот поет Наум Целакоски.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика.
  2. „Државен завод за статистика - активност: Пописна слика на населените места во Северна Македонија, Попис 2021“. www.stat.gov.mk. Посетено на 2023-01-15.
  3. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. PX-Web. Посетено на 2023-01-15.[мртва врска]
  4. Наум Целакоски, Пролог, 1998, стр. 35.