Берзити (Верзити; Брзити, Брсјаци) — јужнословенско племе кое првпат се споменува под името Верзети или Велегезети во „Чудата на свети Димитрија“, а во врска со една од опсадите на Солун. Во 799 год. словенскиот кнез Акамир заедно со Хеладиките (домашните Грци) прави заговор против византиската царица Ирина. Акамир во тоа време бил независен словенски архонт на областа Верзетиjа, а која се наоѓала во Тесалија. Присуство на словенски племиња во Тесалија е потврдено и со археолошки наоди од 7-9 век, каде се присутни и голем број рани словенски топоними.

Потекло на Берзитите

уреди

Берзитите, како и најголем број од словенските племиња кои ја населиле тероторијата на регионот Македонија припаѓаат на јужната словенска група тнр. Склавини. Баварскиот географ (Geographus Bavarus) од 9 век ги забележува Берзитите/Верзитите како Vereziti и ги населувале областите на денешна источна Германија, западна Чешка и југозападна Полска, поточно меѓу градовите БауценЕрфуртПрагаКраков.[1] Во 9 век Берзитите сѐ уште постоеле како засебен етнос во Средна Европа и таму имале 10 градови (Verizane ciuitates X). Еден дел од племето се населил во градот Брест во Белорусија, а друг дел, наречен Брсјаци, заминал кон југ, на Балканот. Затоа, и ден денес, луѓето кои живеат во околината на Демир Хисар и делови од Кичевско, Охридско и Велешко се наречени Брсјаци, а и голем дел на битолчани, поради доселувањето од демирхисарско. Според истражувањата на многу географи, историчари, етнографи, и др. За брсјачки места се сметаат: Дебрца, Кичевија, Малесија, Порече, Азот, Железник, Мариово и Преспа. Како места каде најсилно се одржало брсјачкото име се сметаат Кичевија и Порече.

Потекло на населението од брсјачкиот крај

уреди

Досега низ брсјачкиот реон многу антропогеографи вршеле истражувањата, па така според резултатите може да се констатира дека Брсјаците во поголемиот број се староседелци, но исто така меѓу Брсјаците има и доселеници од одамна раселениот град Закамен, за кој сепак се претпоставува дека се наоѓал во Малесија, иако тоа не е со сигурност потврдено, меѓу населението во брсјачкиот крај, исто така има и доста родови доселени од мијачкиот крај, како и од територијата на денешна Албанија. Највеќе доселеници од мијачкиот крај има во областа Железник, таму е создадено дури и чисто мијачко село, селото Смилево. Во реонот на Преспа, има значителен број на доселеници од денешна територија на Албанија, области каде преовладува староседелското население се: Дебрца, Азот и Мариово. Во Кичевија и Порече има значителен број доселеници од одамна раселениот град Закамен, за кој сепак се претпоставува и дека се наоѓал во брсјачката област Малесија, но тоа сепак не е со 100% потврдено. Малку доселеници има и од Полог, како и од териториите на денешните држави Грција (Егејска Македонија), Србија и Косово, доселениците од другите краишта се тотално незначителни.[2][3][4][5][6][7][8][9][10]

Берзитите

уреди

Берзитите заедно со останатите словенски племиња во 7 век формирале Склавинија т.е. кнежевство.[11] Познатиот хроничар Теофан Конфесор[12] спомнува дека Берзитите, како вазали плаќале данок прво на Византија, а од 9 век данокот го плаќале на Бугарија.

Брсјаците како мотив во уметноста

уреди

Наводи

уреди
  1. Descriptio civitatum et regionum ad septentrionalem plagam Danubii, Geographus Bavarus
  2. Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Белград: Српски етнографски зборник.
  3. Трифуноски, Јован (1992). Охридско-Струшка област. Белград: САНУ.
  4. Русиќ, Бранислав. Железник. Архивски фонд на МАНУ АЕ 97/1а.
  5. Трифуноски, Јован (1968). Област Бабуне и Тополке. Скопје.
  6. „Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926)“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2019-02-21.
  7. „Кичевска Котлина: Сеоска насеља и становништво - Јован Ф. Трифуноски“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2019-02-21.
  8. Русиќ, Бранислав (1953). Малесија. Годишен зборник на Филозофскиот факултет на универзитетот во Скопје. Историско-филолошки оддел. кн. 6.
  9. Русиќ, Бранислав (1948). Питање Закамена.
  10. Смиљаниќ, Тома. Брсјаци.
  11. "История на българската държава през средните векове", том I, София, 1970 г. стр. 41
  12. Theophanes, ibid., p, 447,10–13
  13. Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 69-70.