Брсјачка носија
Брсјачката етничка целина го зафаќа југозападниот дел на Македонија. Таа е, всушност, најголемата етничка целина во чиј состав влегуваат многу помали и поголеми пределски целини, секоја со свои посебни етнички особини и со карактеристични народни носии. [1]
Во составот на Брсјачката етничка целина влегуваат пределите:
Особености
уредиВо женската носија од овој дел на Македонија посебно се изразени разликите на облеките во поодделните пределски целини. Застапена е долгата платнена туниковидна кошула, украсена со богати везови по полите, ракавите и градите. Горните облеки, многу разновидни по начинот на украсување, имаат разлики и во димензиите - од тесни и куси, до под појас, почнувајќи од северниот дел тие се зголемуваат во должина колку се оди по на југ кон Охридското Езеро. Машката носија е поизедначена, главно од платнени и клашнени облеки. [1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Томовски, Крум (1996). Етнологија на Македонците. Скопје: МАНУ. стр. 150. ISBN 9989-649-25-1.