Александар Донски

Александар Донски — литературен преведувач, раскажувач и историчар. Роден е на 18 ноември 1960 година во Штип, во уметничко семејство. Основно и средно образование завршил во Штип, а дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на групата Историја на уметноста со археологија[1].

Александар Донски
Роден/а18 ноември 1960
Македонија Штип, Македонија
Занимањеписател, историчар

Александар Донски има објавувано бројни написи во повеќе списанија и на различни теми. Автор е на неколку документарни радио емисии. За својата работа има добивано и награди. Повеќе години соработувал со „Народна Волја“ од Благоевград, „Македонско Сонце“ од Скопје и „Австралиско - македонски неделник“ од Мелбурн.

Работи во Институтот за историја и археологија при Универзитетот „Гоце Делчев“.

Објавени книги

уреди
 
  • Јапонскиот печат за Илинденското востание (1987)
  • Фолклорното богатство на Штип (1989)
  • Натприродни огласи (1994)
  • Што ќе нѝ се случи по смртта? (1995)
  • Морбидни раскази (1996)
  • Судбина (објавена на бугарски во Софија, 1997)
  • Етногенетските разлики помеѓу Македонците и Бугарите (2000)
  • Исус Христос и Македонците (2000)
  • Уделот на Македонците во светската цивилизација (2002)
  • Античко-македонското наследство во денешната македонска нација (2000)
  • Денешните потомци на Самоиловата царска династија (2004, 2008)
  • The descendents of Alexander the Great of Macedon (Shtip, Sidney 2004)
  • Сведоштва за Илинденскиот период (заедно со Атанас Кирјаков од Благоевград, 2005)
  • The genealogical lineage between queen Elizabeth II and the medieval Macedonian czar Samuel (Shtip/Sidney, 2005)
  • Македонското потекло на некои од американските претседатели (2006)
  • Сите светители од Македонија (2006)
  • Денешните потомци на античко-македонската царска династија (2007)
  • Византиски цареви од македонско потекло (2007)
  • Тајната на бакарната книга (2007)- роман
  • Обединувањето на Македонија (2008) - роман
  • Американски јасновидец во контакт со духот на Александар Македонски (2009) - роман
  • Старогрчки и други антички сведоштва за посебноста на античките Македонци (2011)

Извори

уреди
  1. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009.