Плавица
Плавица (месно име: Златица) — планина со средна височина којашто се наоѓа во североисточниот дел на Македонија. Највисокиот врв има надморска височина од 1.297 метри[2].
Плавица | |
---|---|
Златица | |
Поглед на гребенот и јужната падина на Плавица од селото Близанци | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.297 м [1] |
Истакнатост | 694 м |
Координати | 42°2′58.6″N 22°10′44.11″E / 42.049611° СГШ; 22.1789194° ИГД |
Друго име | Златица |
Географија | |
Место | Македонија |
Матичен венец | Осогово |
Искачување | |
Најлесен пат | лесно искачување од ловнаиот дом на превојот на патот од Кратово кон селото Близанци и врвот Лисец. |
Местоположба
уредиПланината Плавица се наоѓа во североисточниот дел на Македонија во непосредната близина на Кратово. Се протега во напореднички правец исток-запад и претставува крајна западна огранка на големиот планински масив Осогово. По нејзините срт и било е границата помеѓу Кратовско и Пробиштипско и воедно оди и вододелницата на речните сливови на Крива Река (Пчиња) и Брегалница. Планината Плавица има доста добра сообраќајна поврзаност. Во подножјето на нејзината северна падина минува регионалниот пат Кратово - Пробиштип кој е во многу добра асфалтирана состојба, а од западната страна на преслапот со Лисец и Осогово оди асфалтниот локален пат од Кратово кон селото Близанци и врвот Лисец.
Опис на протегање и природни одлики
уредиПлавица започнува како втора планинска верига од врвот Уво, која што се спушта по западно-југозападна насока. Од почетокот таа верига со еден мал исклучок, ја има речиси истата височина со претходната.[3] Малку подолу од Уво и право над Кратово на неа се издигнува високиот врв Буковиќ, којшто ја има речиси истата височина и карактер со Уво. Од Уво нешто на 2 часа на запад се издигнува како неособено висока стена – Плавица. Буковик се смета за почеток, а Плавица за среден и главен дел на таа верига, поради што се нарекува со заедничкото име Плавица. Меѓу Буковиќ и Плавица, веригата е снижена во вид на клисура широка до ¼ час, низ која што минувал патот Кочани-Злетово-Кратово. Таа низина се нарекува Печеници. Во својот западен крај, Плавица исто така се снижува надолжно, некаде околу 1 ½ час. Над западниот крај на сниженоста се издигнува врвот Црн Врв. Така што од Буковиќ до Црн Врв на таа верига има 2 „уши“ (со името уши ги нарекуваат снижените места меѓу 2 височини). Западниот крај на Плавица накај Кумановско до Пчиња и во Овче Поле до Пчиња и Вардар е целосно протегната верига од ридови со различна височина, коишто се покриени со грмуши, со густи кории или само прошарани со дрвја, давајќи и на месноста пустиновиден изглед. Повеќето села се расположени како во дупки по доловите, во чиишто дна често шумат водите на некој поток, скриен под дрвјата. Од Црн Врв веригата се разгранува на неколку огранки. Плавица е планинска верига долга 9 – 10 часа, која што во продолжението наместа се снижува, а наместа се возвишува. Колку за разновидност, нејзиниот состав се состои од 3 места снижени како уши, меѓу нив три гребени како стена и еден широк врв. Плавица е тесна планина со остар гребен и стрмни падини, која што се прострира на границата меѓу Овчеполско и планинскиот дел на Кратовско. Од јужната страна се претставува како повисока, затоа што стрмно се спушта над полето, а од север се покажува за не така висока затоа што полите и се налегнати и повисоки од јужните. И по двете свои падини таа во погорниот дел е покриена со највеќе со грмушки и ретки дрвја, а во подножјето е соголена. Според составот таа е карпесто скалеста планина со силно изветреани карпи.
Рударство и именување
уредиСите планински вериги во источната страна на Кратовската казза се гледа дека се многу богати со руда кон крајот на XIX век во нив биле откриени 32 руди, а Плавица го зазема првото место меѓу нив. Од неа се ископувала познатата кратовска руда со галенит, од која што долго време време се вадело и плавело сребро, од кое што и планината се нарекла Плавица. Името Златица со кое некои ја именуваат, а најмногу мештаните од Шлегово, укажува дека од неа се вадело и злато. Од нив сега има само белези. На самата северна падина на Плавица на потегот од селата Приковци и Шлегово има остатоци од бројни стари рударски јами и окна, а во една од нив, според кажувањето на мештаните, имало фреска на која се нацртани царевите Свети Константин и Елена. Покрај јамите има остатоци и од згури од топена руда, кои се познаваат сѐ до денес, при што и самите месности се нарекуваат и именуваат згури или џгури. Во моментов се извршуваат големи. Според записите на Ѓорче Петров од 1896 на почетокот на Плавица, по јужната падина има еден рид наречен Ѓупка на којшто во последно време била откриена бакарна руда која што сѐ уште не се обработувала. Малку подолу од Ѓупка, по истата падина на Плавица е местото од каде што се вадел галенитот. Недалеку од Ѓупка на еден рид по полите на Плавица се ваделе воденичарски камења, коишто им конкурирале според квалитетот на злетовските. Од 2012 и 2013 па сѐ до денес на планината Плавица, од британски, австралиски и македонски компании се вршат испитувања на наоѓалишта на бакар, злато, олово и цинк.
Галерија
уреди-
Селото Шлегово во подножјето на северната падина на Плавица
-
Панорамски поглед на селото Шлегово и Приковци во далечината на планината Плавица
Наводи
уреди- ↑ Топографска карта: лист Крива Паланка 3-4 (Кратово), размер 1:25 000, Военогеографски институт, 1973
- ↑ „Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (биолошка и пределска разновидност)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 104. Посетено на 16 јануари 2024.
- ↑ Петров, Гьорче (1896). Материали по изучванието на Македония. Печатница Вълковъ. стр. 158–160.