Клисура (Демиркаписко)

село во Демиркаписко
(Пренасочено од Клисура (село))
За селото во Костурско, погл. Клисура (Костурско).

Клисура — село во Општина Демир Капија, во околината на градот Демир Капија.

Клисура
Клисура is located in Македонија
Клисура
Местоположба на Клисура во Македонија
Координати 41°23′00″N 22°17′30″E / 41.38333° N; 22.29167° E / 41.38333; 22.29167Координати: 41°23′00″N 22°17′30″E / 41.38333° N; 22.29167° E / 41.38333; 22.29167
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Демир Капија
Население 3 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 789 м
Клисура на општинската карта
Клисура во Општина Демир Капија.svg

Атарот на Клисура во рамките на општината

Географиja и местоположбаУреди

Клисура — село во Тиквеш. Од Демир Капија е одалечено 7 км, Кавадарци 37 км, а и од Неготино 27 км.

ИсториjaУреди

СтопанствоУреди

ДемографијаУреди

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К'нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото Клисура имало 360 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Клисура имало 480 Македонци, егзархисти.[2]

Според пописот од 2002 година селото имало само 3 жители, сите Македонци.[3]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 360[1] 480[2] 665 575 384 27 6 0 0 3

РодовиУреди

Клисура е македонско село.

  • Староседелци: Васковци (3 к.), Грнгевци (10 к.), Пејовци (3 к.), Рујковци (6 к.), Павлевци (8 к.), Паламидовци (2 к.), Брајевци (4 к.), Балтевци (3 к.), Атјевци и Сусевци-Орешковци (4 к.), Говедаровци (3 к.) и Индријовци (6 к.);
  • Доселеници: Јанчевци (6 к.) и Митковци (7 к.) порано биле еден род, дедовците им се доселиле од селото Ошени во Костурско; Бежановци (2 к.) доселени се од арнаутлук; Кузмановци (3 к.) доселени се од Охридско; Оризарци (5 к.) дедо Трајко и брат му Коле се доселиле од селото Миравци во Гевгелиско во првата половина на XIX век; Тренчовци (1 к.) доселени се исто така од Миравци во средината на XIX век; Назланини (1 к.) доселени се од Градец; Биновци (1 к.), таткото на Ристо, Митре, дошол како домазет во изумрените Штрокевци од селото Радња околу 1885 година. А таму се доселиле на почетокот од XIX век од Мариово; Милошовци (3 к.) дошле синовите на Нојко како домазетовци, Ѓоргија како домазет во изумрените Велковци, а Петре како домазет во Ајтовци, доселени се од селото Дрен, а Нојко таму се доселил од Копришница, дедо-Милош води потекло од родот Андовци од селото Горна Драчевица од каде избегал околу 1840 година; Ѓаовци (1 к.) доселени се во 1893 година од Неготино; Ѓоревци (2 к.) доселени се од Бања околу 1895 година; Доровци (1 к.) доселени се од Горни Дисан во 1921 година, а таму се доселени од селото Зборско кај Воден во 1916 година.[5]

Општествени установиУреди

Самоуправа и политикаУреди

Културни и природни знаменитостиУреди

Редовни настаниУреди

ЛичностиУреди

Култура и спортУреди

ИселеништвоУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 155.
  2. 2,0 2,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.104-105.
  3. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  5. Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец. стр. 278-279-280-281-282.

Надворешни врскиУреди