Македонски Словени
Македонските Словени со историско име Славини или Склавени, биле група на словенски племиња кои ја населувале територијата на регионот Македонија и зборувале старословенски јазик.
Според средновековните хроничари, словенскиот народ (gens) кој во VI и VII век го населил регионот Македонија го сочинувале следниве словенски племиња: Берзити, Вајунити, Драговити, Ринхини, Сагудати, Смолјани и Струмјани. Границите на регионот Македонија се простирале:
- на исток до реката Места,
- на запад до Јадранско Море,
- на север граничеле со српско-хрватската група (Косово)
- додека на југ отишле сè до Пелопонез;
- на исток од р. Места (источно од Пиринска Македонија т.е. Бугарија), се населиле седумте словенски племиња и Северите,[1] а исто и Смолјаните и Тимочаните.[2]
Словените и Антите
уредиВизантискиот хроничар, Прокопиј од Ќесара вели „овие две нации, Словени и Анти живеат во демократија“ (Procopius of Caesarea : Wars VII 14.22); македонските Словени и Антите биле два, но сродни народа.
Воедно, Антите и Словените биле непријателски настроени едни кон други, дури меѓу нив избувнала и војна во која победиле Словените ("Христоматия по история на България", стр. 57). За да ја зајакне Византиската моќ, императорот Јустинијан ги вооружувал Словените против Антите кои во подолг временски период биле големи непријатели ( "История на българската държава през средните векове", том I, София, 1970 г. стр. 41).