Васил Иљов
Васил Иљов — македонски архитект и претседател на здружението на граѓани „Антички Македонци“ од Богданци.
Има држено многу предавања на тема континуитет на Античките Македонци со денешните. Активноста на здружението и на Васил Иљов е насочена пред сè кон преиспитување на историјата и културата на македонскиот народ од античко време до денес[1], како и целосна поддршка на сите проекти во полето на културно уметничката и научна дејност од областа на античката Македонска историја и култура[2].
Здружението е против официјалната историска наука на Република Македонија, и се бори за ревизија на историјата со поголема афирмација на тезата за директен континуитет со антиката.
Извори
уредиНадворешни врски
уреди- Официјалното мрежно место на Здружението на граѓани „Антички Македонци“ од Богданци. Архивирано на 3 јануари 2008 г.
- Камениот мост не може да се прави според желбите на Васил Иљов (Утрински Весник).[мртва врска]
- Васил Иљов со Камени мост конкурира за награда (весник Дневник). Архивирано на 22 ноември 2005 г.
- Без ниту еден релевантен, научен или каков било доказ (Утрински Весник). Архивирано на 11 ноември 2007 г.