Никола (комес)
Никола бил средновековен благородник, комес, управник на област во времето на цар Петар (вл. 927–969). Неговите синови креваат востание во 969 година против бугарската врховна власт.
Никола | |
---|---|
комес | |
![]() Епитафот од 992/993, на кој се споменува името на Никола. | |
Роден(а) | 10 век |
Починал(а) | 10 век |
Династија | Комитопули |
Во селото Герман, во 1888, била пронајдена неговата надгробна плоча, која е надгробна плоча и на жена му Рипсимија и најстариот син Давид, поставена од Самоил во 992/993 година.
Потекло
уредиСо создавањето на независна држава на територијата на Македонија, нејзини владетели се Давид, Мојсеј, Арон и Самоил, поради што таа станува тетрархија, а со тоа, комесот не е повеќе на чело на државата. Бил оженет за Рипсимија, ќерка на богат ерменски благородник, а се верува и дека тој самиот има ерменски корени.
Титула
уредиФормирањето на организацијата на комитатите во Првото Бугарско Царство се зародила одамна. Почетокот се датира во времето на владеењето на хан Омуртаг (вл. 814–831). Во почетокот на 9 век управниците на завладеаните провинции биле само команданти на воени одреди, коишто ја користеле веројатно титулата таркан. Хроничарот Ајнхард ги нарекува управниците, коишто во 827 година Бугарите ги поставиле на чело на новоосвоените територии во Панонија „recteurs“, а не „comites“ („comes“).[1]
Дури во времето на кнезот Борис организацијата на комитатите се распространува низ целата бугарска држава. Тоа се заклучува од текстот на франачкиот хроничар Хинкмар, архиепископ на Ремс, во „Anales bertiniani“ за 866 година. Таму тој пишува дека „procures quotqout igitur fuerunt intra decem comitatus“ се разбунтуваа против христијанизацијата, но господарот Борис пристигнал за да го задуши бунтот.[1]
Не е познато со која област управувал комесот Никола. Сепак, натписот од село Герман од 992/993 г. пружа доволно основа да се макар приближно одреди нејзиното средиште. Како што стои на натписот, надгробната плоча во спомен на родителите и братот наредил да се подигне цар Самоил. Не е познато кога починале родителите на цар Самоил, но за неговиот брат Давид се знае дека починал на почетокот на востанието во 976 година. Можно е смртта на еден од родителите во 992/993 г. го натерала Самоил да изгради семејна гробница.[2] Ако наодот од село Герман може да наговести каде се наоѓала областа со која управувал Никола, тоа станува уште поизвесно ако се земе во предвид дека Самоиловите дворци се наоѓале недалеку во Преспа и Охрид. Нивното место, секако, било во средиштето на новата држава, каде што претходно семејството се зацврстило.[3]
Семејно дрво
уредиСемејно дрво на Никола (комес) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
|
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Атанасовски & Саракински 2015, стр. 13.
- ↑ Пириватрић 1997, стр. 60.
- ↑ Пириватрић 1997, стр. 61.
Литература
уреди- Атанасовски, Александар; Саракински, Војислав (2015), „Кои биле Комитопулите и од кого „отпаднале"?“, Самуиловата држава во историската, воено-политичката, духовната и културната традиција на Македонија, Завод за заштита на спомениците на културата и музеј - Струмица, стр. 13–26
- Пириватрић, Срђан (1997). Самуилова држава: Обим и карактер. Београд: Византолошки институт.CS1-одржување: ref=harv (link)