Кралство Србија (средновековно)

Кралство Србија (српски: Краљевина Србија) – средновековна феудална држава која под Стефан Првовенчани (велик жупан 1196—1217, крал 1217—1228) се развило од Рашка во 1217 година и траело до 16 април 1346 година, кога за време на владеењето на Стефан Душан (крал 1331—1346, цар 1346—1355) е издигнато на ранг на царство односно станало Српско Царство.

Кралство Србија
Краљевина Србија
1217–1346
Flag of Србија
Flag
Serbia, 1265, during the rule of Stefan Uroš I of Serbia
Serbia, 1265, during the rule of Stefan Uroš I of Serbia
Главен градРас
Говорени јазицисрпски (старосрпски)
Вероисповед
православие
(Српска православна црква)
УредувањеМонархија
Крал 
• 1196–1228
Стефан Немањиќ (велик кнез↑крал)
• 1322–1331
Стефан Дечански
• 1331–1346
Стефан Душан (крал↑цар)
Историски периодсреден век
• Крунисувањето на Стефан Немањиќ Првиот овенчан
1217
• Автокефалност на Српската црква (Сава, архиепископ на Србите)
1219
• Крунисување на Стефан Душан (Цар на Србите и Грците)
16 април 1346
Претходници
Наследници
Велико Кнежевство Србија
Српско Царство
Денес дел од Србија
 Црна Гора
 Босна и Херцеговина
 Македонија
 Албанија
 Бугарија

Историја

уреди

Заднина

уреди

Стефан Првовенчани на великожупанскиот престол доаѓа во 1196 година. Стефан Немања му го предал престолот на соборот во Рас и се замонашил во манастирот Студеница. Титулата велик жупан на Србија ја носел до 1217 година. Врската со Венецијанска РепубликаВенецијанската Република и римокатоличкиот запад го навеле да побара кралска круна од папата Хонориј III. Стефан порано, на крајот на XII век, веќе ја барал кралската круна од папата Инокентиј III. Истовремено круната ја барал и неговиот постар брат Вукан, кој од некои причини сметал дека е роднински поврзан со новиот папа. Покрај кралската круна, Вукан сакал да ја обезбеди и егзистенцијата на Барската надбискупија. Неканонската Барска надбискупија основана уште во 1089 година од страна на дукљанскиот владетел Константин Бодин од династијата Војисављевиќ. Укината е во 1143 година. Папата Инокентиј повеќе верба му поклонил на Вукан и ја обновил Барската надбискупија која на Латеранскиот собор во 1215 година, стекнала јурисдикција над сите римокатолички епископии во српската држава[1].

Стефан Првовенчани

уреди
 
Свети Симеон, Стефан Првовенчани и Владислав, Крушедол

Значаен чекор кон воспоставување на Српското Кралство била женидбата на Стефан со Ана Дандоло. Ана била ќерка на венецијанскиот вицедужд Рајнеро Дандоло, односно внука на прочуениот Енрико Дандоло на чиј наговор крсташите во 1204 година го зазеле Цариград. Во средината на XIV век податокот за женидбата на Стефан Првовенчани со Ана Дандоло за забележал венецијанскиот дужд Андрија Дандоло во својата Chronica per extensum descripta. Во дванаесеттата година од владеењето на дуждот Пјетро Зјани (1205-1219), во периодот од 5 август 1216 до 5 август 1217 година, Андрија Дандоло го сместува следново: „Исто така и Стефан, господарот на Рашка и Србија, кој се нарекува велик жупан, штом внуката на покојниот дужд Хенрик Дандоло беше ја зел за жена, откако по наговор на жената се одрекол од шизмата, преко пратеникот на папата добил да биде украсен со кралски наслов, и преку легатот на кардиналот испратен заради тоа, заедно со жената е крунисан.“ Веста за крунисувањето ја забележал и јеромонахот Доментијан во житието на Свети Сава. Според Доментијан, студеничкиот игумен Сава го испратил епископот Методиј во Рим со упатства од папата да ја добие кралската круна. Методиј успешно ја извршил оваа задача. Според западни извори, крунисувањето на Стефан го извршил папски легат, а според Доментијан и Теодосиј Хиландарец, Свети Сава кој при крунисувањето на главата на Стефан ја ставил раката на Јован Крстител. Андрија Дандоло истакнува дека кралската круна тогаш ја примила и сопругата на Стефан, Ана Дандоло, и дека тоа следело веднаш по склучувањето на бракот (dum neptem....ducis accepisset in coniugem). Врз основа на Дандаловото излагање може да се заклучи дека на крунисувањето му претходел бракот на Стефан со Ана, а потоа и одрекувањето на Стефан од православието заради круната[2].

Во тоа време семејството Дандоло имало големо влијание бидејќи еден негов член, Јован Дандоло, бил и дубровнички кнез. Дубровничката општина токму во 1215 година склопила многу поволен, пред сè трговски договор со српскиот жупан. Колку кнезот Јован имал удел при склопувањето на бракот не е познато.

Титулата на Стефан Првовенчани пред 1217 година гласела: „велик жупан Стефан, намесник господов на сите српски земји“. Ваквата титула е забележена во Хиландарската повелба од 1200 година со која Стефан ги потврдил повластиците кои на Хиландар му ги дал неговиот татко. После крунисувањето, Стефан му издал повелба на манастирот Жича во 1217 година. Во неа неговата титула гласи: „Стефан, по милоста Божја, венчан крал и самодржец на сите српски земји и Поморјето“.

Во 1219 година Стефан успеал да се ороди со моќното семејство Ангели кое управувало со Епирското Деспотство. Благодарение на преписката на митрополитот Нафпакт Јован Апокавк дознаваме за подготовките за венчавање на Радослав Немањиќ и Ана Ангелина Комнина Дукина, најстарата ќерка на епирскиот деспот Теодор Ангел Дука Комнин. Подготовките почнале уште во 1218 година. Бракот е склучен година дена подоцна, кон крајот на 1219 година[3]. Пред крајот на животот Стефан му издал уште една повелба на манастирот Жича со која под негова јурисдикција ги става сите владетелски задолжбини (Хиландар, Ѓурѓеви Ступови, Студеница, Милешева). Најстариот син на Стефан, Радослав, уште во текот на животот на татко му бил одреден за наследник. После кратка болест, Стефан починал на 24 септември 1227 година. Непосредно пред смртта се замонашил. Го зел името Симон. Најпрво бил погребан во манастирот Студеница, но подоцна неговиот брат Сава ги пренел неговите мошти во Жича[2][4][5].

Стефан Радослав

уреди

Во втората Жичка повелба Радослав се нарекува татков наследник[6]. Значи, тој уште за време на животот на татко му бил одреден за наследник на престолот. Радослва можеби управувал со дел од Зета и Захумље со престолнина во Котор. Извршувал функција слична на функцијата на својот стрико, Вукан Немањиќ[7]. Радослав во текот на своето владеење постојано го истакнувал своето грчко потекло. Мајка му, Евдокија Немањиќ, имала големо влијание на него, што се гледа од потписот на Радослав. На сите повелби се потпишувал како „Стефан Дука“. Негов дедо бил византискиот цар Алексиј III Ангел. Радослав за крал го крунисал стрико му Сава на Спасовден 1228 година во Жича. Меѓутоа, подоцна доаѓа до влошување на односите меѓу српскиот крал и архиепископот. За црковни прашања Радослав го заобиколувал српскиот и за совети се обраќал до охридскиот архиепископ. На Хоматијан му се обраќале и некои кои не биле под негова јурисдикција – атонски монаси, солунски граѓани, ѓаконот и хартофилаксот од Драма, митрополитите на Драч и Коркира. Ана, сопругата на кралот Радослав, била ќерка на Теодор Комнин Дука кого во средината на 1227 година за цар го крунисал токму Димитрија Хоматијан. Прашањата на кралот Радослав и одговорите на нив се сочувани во ракопис од XVI век во збирката на Баварската државна библиотека>Миљковић 2015, стр. 259-275</ref>. Самото нивно постоење упатува на претпоставка дека Радослав сакал штотуку основаната српска црква да ја врати под јурисдикција на Охридската архиепископија. Се разбира, неговиот стрико не се сложувал со таквата црковна политика, па ја напуштил татковината и отишол на своето прво поклонение во Светата Земја.[8][9].

Во надворешната политика, Радослав во целост се потпирал на својот тест. Меѓутоа во 1230 година доаѓа до прераспределба на снагите на Балканот. Во Битката на Клокотница (притока на Марица), Теодор е поразен од страна на Второ Бугарско Царствобугарскиот цар Јован Асен II. Асен во битката ја скршил моќта на епирскиот владетел. Последиците од битката ѝ се одразиле и на Србија. Благородништвото, незадоволно од кралската проепирска политика, побарало помош од Бугарите за да изврши државен удар. До побуна дошло кон крајот на 1233 година или на почетокот на следната година. Благородништвото на престол го довела помладиот син на Стефан Првовенчани, Стефан Владислав. До февруари 1234 година, Радослав се засолнал во Дубровник[10].

Стефан Владислав

уреди
 
Бел ангел, фреска во Милешева

Новиот српски крал бил оженет со ќерката на бугарскиот цар, Белослава Асен. Владислав го крунисал стрико му Сава. Изгледа дека помладиот сина на Стефан Првовенчани пред доаѓање на престолот владеел како уделен кнез. Тој до 1220 година го подигнал манастирот Милешева во чие украсување можеби учествувал и архиепископот Сава. На почетокот на владеењето на Стефан Владислав, односните со Дубровник не биле добри. Српскиот крал вршел притисок на дубровчаните да му го предадат Радослав. Радослав за помош се обраќал и до босанскиот бан Матеј Нинослав. Меѓутоа морал да го напушти Дубровник со кој српскиот крал се спремал да завојува. Се засолнал во Драч каде, наводно, дошло до раздвојување со жена му Ана. На повик на стрико му Сава, Радослав се вратил во Србија каде умрел во 1235 година како монах Јован. Сава умрел веќе следната 1236 година во бугарската престолнина Велико Трново, при враќањето од едно од неговите патувања по источните патријаршии. Според Доментијан, Бугарите сакале да го задржат неговото тело кое најпрво било погребано во црквата Четириесет маченици. Владислав отишол кај тестот да го моли за телото на стрико му Сава. Јован на крајот му излегол во пресрет. Телото на Сава било вратено во Србија каде е положено во веќе спремен гроб во Милешева.[11].

Во 1235 година Владислав му издал повелба на Дубровник. Дубровник се обврзал дека нема да ги прима противниците на српскиот крал на својата територија, а српскиот крал за возврат му ги потврдил на градот поранешните повластици. Тогаш се востановил обичај при секоја промена на чело на српската или дуброничката држава повторно да се потврдуваат воспоставените договори.

Во 1237 година, Владислав со војската морал да отиде на крајниот запад на својата држава, на реката Цетина. Повод бил упадот на унгарскиот херцег Коломан во Хумската земја со која владеел Тољен II, вазал на српскиот крал и потомок на Мирослав Завидовиќ, брат на Стефан Немања. По успешниот продор низ Босна, Коломан упаднал во земјата на кнезот Тољен. Присуството на војската на Владислав ги спречило понатамошните унгарски продори. Во таа прилика склопен е сојуз меѓу Српското Кралство и Сплит.

На почетокот на четириесеттите години на XIII век, Татарите вршат инвазија на источна Европа. Настрадале, Полска, Шлеска, Русија, Унгарија, а Монголците стигнуваат до Јадранското Море гонејќи го унгарскиот крал Бела IV. При враќањето, поминале низ Србија и Бугарија, па во 1243 година, под водство на Бату-кан, ја основале Златната орда. Непосредно пред монголскиот упад, умрел бугарскиот цар Јован. Го наследил неспособниот син Коломан I Асен. Владислав ја изгубил поткрепата од Бугарија и бил симнат од престолот во 1241 година. Го наследил помладиот брат Урош. Владислав продолжил да живее во Србија. Умрел во 1269 година, а погребан бил во својата задолжбина, Милешева[12].

Стефан Урош I

уреди
 
Балканскиот Полуостров во 1265 година

Почетокот на владеењето на Стефан Урош било обележено со доаѓањето на германските рудари, Саси, во Србија. Не се знае причината за доаѓањето на Сасите во Србија. Постојат две теории – дека под притисок на Монголците се засолнале во Србија со одобрение на српскиот крал или дошле на позив на самиот крал Урош, привлечени со обострани економски интереси. Сасите донесуваат нови техники на обработка на обоените метали кои Србите не ги познавале. Прв историски извор кој ги споменува Сасите е Урошевата повелба на Брсково од 1254 година. Сасите му овозможиле на кралот да се осамостои од благородништвото бидејќи можел да држи платенички сили[13].

Кон крајот на четириесеттите години на XIII век доаѓа до обнова на судирите меѓу Дубровничката и Барската надбискупија. На местото на барски надбискуп бил Џовани Плано Карпини. Година дена претходно, Босанската католичка дијацеза исклучена е од јурисдикцијата на дубровничкиот надбискуп и била потчинета на Калочката надбискупија. Заради тоа Дубровник настојувал под своја црковна јурисдикција да ги стави српските католички бискупии, но Џовани морал да се повлече од надбискупската столица. Го наследил Гуфрид [14]. Во судирот Урош ја поддржал Барската надбискупија и ја опустошил околината на Дубровник. Дубровник склопил сојуз со бугарскиот цар Михајло II Асен кој се спремал да ја нападне Србија од исток. На коалицијата ѝ пристапил и Радослав Андријиќ, хумски кнез, син на Андрија Мирослављевиќ и потомок на кнезот Мирослав. Бугарската војска ја нападнала Србија во 1254 година. Меѓутоа, нападот бил неуспешен и не ја разнишала положбата на урош. Дубровник склопил мир со српскиот крал. Најлошо поминал кнезот Радослав кој по завршувањето на војната не се споменува во изворите. Неговото уделно кнежевство било приклучено на Српското Кралство. Исто така, отприлика во исто време, Урош на кралството му ги приклучил териториите со кои управувале наследниците на Вукан, Стефан, Димитрије и Младен[15]

Урош се смешал во војната меѓу Епирското Деспотство и Никејското Царство поддржувајќи го епирскиот деспот Михаило II Ангел. Му испратил 1000 војници (1258). Српската војска го зазела северот на Македонија со Скопје. Меѓутоа коалицијата била поразена во Пелагониската битка (1259), а две години подоцна Михајло VIII Палеолог го освојува Цариград со што му било ставено крај на Латинското Царство (1204-1261)[16].

Урош му бил вазал на унгарскиот крал кому во 1260 година му испраќа помошен одред за војна против чешкиот крај Отакар II Пшемисл. Добрите односи биле нарушени во 1267 или 1268 година. Имено, унгарскиот крал Бела во средината на XIII век ја основал Мачванска БановинаМачванската Бановина на чие чело го поставил рускиот кнез Ростислав Михаиловиќ, инаку негов зет. Ростислава го наследил син му Бела Ростиславиќ. Урош ги нападнал териториите на Бели и ги пустошел сè додека на мачванскиот бан дедо му не му пратил одреди на помош кои успеале да го поразат српскиот крал. Урош паднал во заробеништво и морал да плати откуп. Својот син Драгутин Немањиќ го оженил со унгарската принцеза Каталина Арпадовиќ, ќерка на кралот Стефан V Унгарски. Морал да вети дека ќе му додели на син му територии на управа.[17].

Во почетокот на седумдесеттите години на XIII век доаѓа до обид за склопување брак меѓу помладиот син на Урош, Милутин Немањиќ и византиската принцеза Ана, ќерка на царот Михаил и неговата жена Теодора Дукина Ватацина. Георгије Пахимер ги опишува неуспешните преговори после кои Урош склопува сојуз со Карло I Анжујски, главниот противни на византискиот цар. Михаило на соборот во Лион во 1274 година ја оспорил законитоста на постоењето на српската автокефална црква. Меѓутоа, Урош не стигнал да поведе војна против Византија. Во 1274 година води војна против Дубровник и тоа е последната позната политичка акција на кралот Урош.

Архиепископот Данило (1324-1337) во Житијата на српските кралеви и архиепископи, ја опишува граѓанската војна меѓу Урош и неговиот син Драгутин. Војната избила заради одбивањето на Урош да му додели на син му дел територии на управување на што се обврзал во 1268 година. Војната завршила со пораз на Урош во Битката на Гатачко Поле во 1276 година. Урош се повлекол во Хумската земја каде се замонашил. Умрел во 1277 година како монах Симон[18].

Стефан Драгутин

уреди
 
Сремско Кралство

По доаѓањето на власт, кралот Драгутин на својата мајка Јелена Анжујска ѝ дал уделна кнежевина на управување. Јелена ги добила Зета, Требиње и краиштата околу Плав и Горен Ибар, заради што му опростила симнувањето на татко му од власт. Веројатно и помладиот брат на Драгутин, Милутин Немањиќ, добил дел земја на управување. Владеењето на Драгутин го карактеризираат добри односи со Дубровник со кој татко му бил во судир. Драгутин на дубровчаните им издал повелба во која за првпат во изворите се спомнуваат „благородничиња“ како ситно благородништво во српската држава. Како и неговиот татко, и Драгутин не бил во добри односи со Византија. Но, освен помали гранични судир, немало поголеми борби со Византија. Србија ѝ пристапила на антивизантиската коалиција на чело со Карло I Анжујски, формирана во 1281 година во Овиедо. Бугарија ја растргнуваат династички борби[19].

Архиепископот Данило II го прикажал паѓањето на Драгутин од коњот под Јелеча како Божја казна за симнување на татко му од престолот. Неговата повреда била тешка. Го спречувала за подолго време да управува со државата. Кралот го искористил паѓањето од коњот да абдицира во корист на својот помлад брат Милутин. Вистинската причина било незадоволството на благородништвото со проунгарската политика на Драгутин. Благородништвото сакала војна со Византија во која би ги прошириле своите територии. Во 1281 година Драгутин презел поход во кој српската војска продрела до Сер. Меѓутоа, благородништвото следната година очекувала продолжување на војната, а повредениот Драгутин не можел да ја предводи војската. Покрај Данило, за паѓањето на Драгутин сведочи и анонимен монах кој во 1308 година составил патопис во кој ја опишал состојбата во српската држава, како и византискиот историчарГеоргије Пахимер[20].

Предавањето на престолот е извршено на соборот во Дежева во 1282 година. Милутин од брат му ги добил симболите на кралската власт: злато, царска облека, оружје и коњи. Милутин, според одредбите на Дежевскиот собор, требало на престолот до крајот на животот. Би го наследил еден од синовите на Драгутин, веројатно Стефан Владислав II. На самиот Драгутин му припаднале големи територии на север на Српското Кралство кои го опфаќале просторот од Рудник до Требиње. Од тештата Јелисавета Куманка во 1284 година ја добил Мачванско-усорско-солска Бановина. Државата на Драгутин во некои извори е позната како Сремско Кралство[21][22][23].

Стефан Милутин

уреди
 
Милутинова победа над Татарите, Анастас Јовановиќ

Првите години од своето владеење, Милутин презема поход против Византија во кој го освојува Горен и Долен Полог, Овче Поле, Злетово и Пијанец. Византискиот цар Михајло VIII Палеолог презема подготовки за поход на Србија. На тоа го побрзуваа и византиските аристократски семејства пребегнати пред Србите во Цариград. Меѓутоа, царот умрел пред завршување на подготовките. Новиот цар Андроник II Палеолог, во пролетта 1283 година упатил војска на Србија. Меѓутоа, не зел лично учество во нападот. Војската главно била составена од наемни татарски одреди. Според Данило, поголем одред Татари настрадал на Дрим после што походот бил завршен. Есента истата година Милутина ја опустошил струмската и серската област и стигнал до границите на Света Гора и брегот на Егејското Море, до Христопол. Во војната учествувале и одреди на Драгутин. Милутин ги зазема Порече, Кичево и Дебар. Во војната од 1282 до 1284 година, Милутин значително го проширил Српското Кралство на југ [24].

На почетокот на последната деценија на XIII век, војската на Милутин и Драгутин заеднички ги освојуваат Кучево и Браничево со кои тогаш управувале полунезависните кумански владетели Дрман и Куделин. Браничево по првпат се нашло во состав на српската држава. Приклучено е на Сремското Кралство. Освојувањето на Браничево предизвикало реакција на видинскиот кнез Шишман Видински, вазал на монголскиот кан Ногај. Снагите на Шишман продреле до Пеќ. Во противнапад, Милутин ја зазел престолнината на Шишман и го принудил да се ожени со ќерката на својот благородник Драгош. Шишмановиот син се оженил со ќерката на Милутина Ана Неда. Монголскиот кан Ногај се спремал за напад на Србија. Милутин за да го избегне нападот испратил молба за мир како и заложници меѓу кои бил и неговиот син Стефан[25].

Во 1296 година, српскиот крал го зазел Драч и со тоа предизвикал нова експедиција на Византијците. Грчката војска ја предводел познатиот војсководец Михаило Главас. Неговиот напад е завршен со целосен неуспех, после што самиот војсководец му предложил на кралот склопување на мир. Андроник најпрво на кралот му ја понудил за жена својата сестра Евдокија. Меѓутоа таа не сакала ни да чуе за три (или четири) пати женетиот српски крал. Затоа византискиот цар на Милутин му ја понудил својата ќерка, петгодишната Симонида. Венчавката ја извршил охридскиот архиепископ Макариј. Помирувањето со Византија, крунисано со бракот со Симонида, претставува голем успех на Милутиновата политика. Со тоа постигнал легализација на освоените територии во Македонија кои на Србија ѝ се приклучени како мираз. Во една своја повелба, Милутин самиот пишува како „со меч ги зел скопската, полошката, дебарската и други земји и потоа станал зет на грчкиот цар Андроник.“ Сојузот со Византија имал значителна опозиција во Србија. Пред сè, против сојузот биле неговата мајка Јелена и брат му Драгутин. Византијците од Милутин барале неговата мајка Јелена да присуствува на женидбата. Меѓутоа, кралот се правдал со нејзината старост и должината на патот. Ставот на Драгутин може да се изведе од случките кои следеле и белешките на византискиот писател Георги Пахимер кој вели дека Андроник на својот зет му пружил сојузничка помош заради што Драгутин морал да се откаже од планираниот напад [26][27].

Причините за војната меѓу Милутин и Драгутин (1301-1311) се слабо познати. Во 1301 година Дубровник со помош на Венецијанска РепубликаВенецијанската Република го нападнал Котор. Котор ја издржал опсадата, а како одмазда, Милутин (кој ѝ припаѓал на коалицијата Џенова, Византија и Котор) го напаѓа Дубровник, му го пресекува сите врски со копното. Дубровничкиот кнез се засолнал во Венеција и во август 1301 година склучен е мир според кој утврдена е поранешната состојба со воена отштета од 4000 перпери која требало да ја плати Дубровник. Со повелба Милутин ги потврдува правата на дубровничките трговци во Србија. Во повелбата се споменува и Рудник, што значи дека овој град бил во рацете на Милутин (септември 1301 година). Војната во Босна е поврзана со граѓанската војна во Србија. Павле Брибирски, користејќи ги судирите во Србија, продрел длабоко во земјата, сè до Оногошт. Уште од 1299 година, тој освоил голем дел од Босна и ја понел титулата „господар на Босна“ поставувајќи го за бан својот брат Младен I. Во 1302 година Младен војува со Стјепан Котроманиќ околу Босна. Веќе во 1304 година во една повелба ја носи титулата господар на Хумската Земја. Меѓутоа, нема траги за стварната власт на Младен Брибирски во Хум. Наместо него се појавува кнезот Константин од семејството Нелипчиќи кој владее со просторите на долниот тек на Неретва, Стон и Невесиње. Павле води војна со Милутин. Српскиот крал го заробил неговиот син Младен II. Околу 1306 година Павле и Милутин склопиле мир. Павле се повлекол од Хумската Земја, а Милутин го ослободил Младен. [28].

 
Србија на крајот на XIII и почетокот на XIV век

Шарл Валоа, брат на францускиот крал Филип IV, се оженил со внуката на латинскиот цар Балдуин II и со тоа во мираз ја добил титулата латински крал. Почнал да подготвува војна против Византија за обнова на Латинското Царство. Против Византија бил и Филип Тарентски, господар на балканските анжујски територии, кој во 1305 година го зазема Драч. Милутин преку скадарскиот епископ договорил состанок со Филип во 1305 година. Истовремено српскиот крал пратил претставници во Париз со Шарл Валоа да договорат сојуз против Византија. Француската влада испратила доминикански калуѓер да ја испита состојбата во српската држава. Иако симпатиите на анонимниот калуѓер биле на страната на Драгутин (кој бил во роднинска врска со Анжујците), Шарл Валоа изгледа не се обѕирал многу на овој извештај, туку веќе во 1308 година со претставниците на Милутин склопил сојуз гарантирајќи му ги териториите кои ги освоил од Византија. Милутин ветил дека ќе премине во римокатоличка религија и дека својата ќерка царица Зорица ќе ја омажи за синот на Шарл. Папата Климент V му верувал на Милутин и на повеќе страни им пишувал на свештениците да го спроведат во дело преминувањето на Милутин во римокатоличката вера. Верувајќи им на новите сојузници, Милутин во 1308 година го нападнал Византиското Царство поведувајќи ја војската на Солун. Дел од каталинските наемници под Мелик преминале на негова страна (1 000 коњаници и 500 пешаци). Солун се одбранил од нападот, а Мелик станал против Милутин. Милутин го совладал и погубил. Доаѓа до промена на запад. Папата Климент во 1309 година отишол во Авињон, а Шарл Валоа се вмешал во судирите околу круната на Светото Римско Царство, а после неуспешниот обид да ја добие германската круна, се вмешува и во судирите во Франција. Во 1309 година, папата ја проколнува Венецијанската Република која на своја страна го придобила Милутин. Сојузот меѓу Милутина и запад се распаднал. Венецијанците го наговараат Милутин да војува против Анжујците на Балканот. Го нарекуваат крал на Албанија која за првпат влегува во титуларот на српските владетели. Милутин му се вратил на Андроник и му помогнал да го порази наемничкиот одред на Хсалил во Галиполе. За возврат, Андроник на Хиландар му поклонил едно село. Војната на Милутин и Хсалил е прв историски судир меѓу Турците и Србите на Балканскиот Полуостров. Меѓутоа не бил единствен. Во 1313 година, Милутин испратил јак одред српска војска во Мала Азија под водство на големиот војвода Новак Гребострек, кој не бил под грчка команда, туку војувал самостојно како византиски сојузник[29][30].

Значи, преговорите на Милутин со запад, не се одразиле на односите со Андроник. Византиското Царство во тој миг војувало со Османлиите доведувајќи во Мала Азија наемнички борци на Каталинската дружина, кои набрзо се свртеле против своите работодавци и почнале со пљачкање на Грците. На мета се нашла Света Гора, па и Хиландар. Милутин водел сметка за Хиландар. Подигнал нова црква на местото од старата од Немања, подигнал бедеми околу Хиландар како и заштита за гусарски напади од море. Страдањата на Хиландар во текот на тригодишните каталински напади (1307-1310) ги забележал тогашниот управник на манастирот, подоцнежниот архиепископ Данило. Каталинците се повлекувале на запад, преку Тесалија и Епир и стигнале до Атинското Војводство, каде по краткотрајна служба кај војводата, се свртуваат против него и му нанесуваат пораз кај Кефис (1311) после што ја преземаат власта над војводството. Со тоа опасноста по Србија привремено била отстранета. Уште во Тесалија од Каталинците се одвоил наемничкиот одред Туркополи кој под заповедништво на Мелик, Милутин го најмил во своја служба [31][32].

Кога во 1310 година Милутин му испратил помош на Андроник (за борба против Хсалил), Драгутин го нападнал. Благородништвото преминало на страната на Драгутин, а Милутин од тешката ситуација го спасило свештенството кое зазирало од врските на Драгутин со запад. Водач на свештенството бил биографот Данило, тогаш бањски епископ. Нему Милутин му ги доверил парите на чување. Со нив Данило регрутирал наемнички одреди Турци, Татари и Осети. Свештенството се плашело од ескалација на судирот, па го поттикнувало мирот. Хиландарскиот игумен Никодим во името на двата крала отишол во Цариград за совет. Царот и патријархот предложиле склопување на мир кое е извршено на државниот собор. Мирот бил симболизиран со изградба на манастирот Бањска и со издавање на прочуениот Светостефански хрисовул, донесен меѓу 1313 и 1316 година. Граѓанската војна не довела до територијални промени [33].

Најмногу причини за загриженост после завршувањето на војната имал најстариот син на Милутин Стефан. Тој во текот на војната му бил миленик на татко му, а враќањето на одредбите на Дежевскиот собор не му одговарало. Во 1306 година, Стефан е поставен на чело на Зета и приморските области со титула крал. Во тоа време имал преку 30 години и во Зета бил цврсто вкоренет. Живеел со семејството жената и два сина: Душан и Душиц. Покрај тоа, тој е роден во незаконит брак на Милутин со Ана Тертер што дополнително ја разнишало неговата положба. Околу престолот се борела и мајка ѝ на Симонида Ирина, сакајќи да го обезбеди за својот син Димитрије кој на крајот одбил да живее во Србија. Благородништвото го наговорила Стефан да дигне побуна против татко му, заканувајќи му се дека во спротивно ќе му откаже послушност. Милутин со војска ја зазел Зета, Стефан се повлекол преку Бојана. Стапил во преговори со татко му. Се состанале во Скопје каде што била резиденцијата на Стефан. Милутин наредил да го оковаат син му. Стефан бил одведен во Скопје каде бил делумно ослепен. Пратен бил на дворот во Цариград каде кај царот Андроник поминал седум години. Во Србија се вратил непосредно пред смртта на татко му. Милутин, по наговор на црквата, на син му на управување му ја дал жупата Будимље. Истата (1314) година доаѓа до криза во односите меѓу Милутин и Драгутин. Кралицата Јелена умрела на 8 февруари 1314 година, а Драгутин не дошол лично на погребот, туку само испратил делегација. Дури подоцна дошол на мајчиниот гроб и со брата си се состанал во Пауни на Косово[34][35].

 
Манастирската црква на кралот Милутин на Хиландар

Краткотрајниот период на мир е прекинат со смртта на Драгутин пролетта 1316 година. Пред смртта Драгутин се замонашил и го зел името Теоктист. Пред тоа на соборот му ја предал власта на својот син Владислав. Во еден миг, набрзо по смртта на Драгутин, Милутин го затворил Владислав и ја презел неговата област. Оттогаш, па сè до крајот на XIV век, Драгутиновите земји станале јаболко на раздорот меѓу Србија и Унгарија. Меѓу 1316 и 1318 година, Милутин води војна со Дубровник. Примирјето е склучено во 1317 година, а Милутин се согласил на плаќање данок од преку 4000 перпери. Само што завршила оваа војна, избила војна со Младен II Брибирски (јуни 1318 година). Текот на војната не е познат. Во јуни следната година, папата им упатил писма на неколку албански благородници да го симнат од власт шизматичниот рашки крал. На ваква одлука на папата влијаела офанзивната политика на Милутин проти Филип Таренски по завршувањето на граѓанската војна со Драгутин. Била формирана коалиција против Милутин. Најсилен противник на Милутин бил Карло Роберт, унгарски крал, кој во есента 1319 година ја поминува Сава и ја зазема Мачва продирајќи по долината на Колубара. Унгарската војска стигнала северно од денешно Ваљево. Јадрото на Драгутиновата држава дошло под унгарска власт. Набрзо после повлекувањето на Унгарците, Милутин ги повратил териториите, па Карло Роберт во зимските месеци, во почетокот на 1320 година, поново почнал поход и ги зазел Мачва и останатите градови на Драгутиновата држава. Милутин не можел да ја користи својата наемничка војска Кумани бидејќи Андроник II баш тогаш побарал да му се вратат. Првиот период на граѓанската војна во Византија меѓу Андроник и неговиот внук протекол без мешање на Милутин. Кога во 1322 година повторно избила војна, Милутин веќе бил мртов [36].

Стефан Дечански

уреди
 
Крунисувањето на Стефан Дечански

На наговор на хумскиот епископ Данило, Милутин му дозволил на својот син Стефан во 1321 година да се врати од Византија. На управување му ја дал областа Будимље. Милутин својот постар син Константин, кој некогаш бил хумски намесник, не го сметал за особено вреден бидејќи за наследник го прогласил дури по прогонувањето на Стефан. Константин заедно со Симонида и Милутин е насликан во манастирот Грачаница. Бил намесник во Зета по прогонството на Стефан. Во Скадар бил прогласен за крал. Ковел свои пари. Штом дознал за смртта на татко му, Стефан објавил дека свети Никола му го вратил видот. Се спремал да ја преземе власта. Му понудил на Константин да ја поделат власта, но овој не се согласил. Неговото словенско потекло, чудесното исцелување и мачеништвото го придобило поголемиот дел од народот. Црквата го напуштила Константин. Архиепископот Никодим на Богојавление го крунисал Стефан за крал, а Душан за млад крал. Константин е совладан во борба и заробен. Псевдоброкар пишува дека бил свирепо убиен. Пишува дека Стефан со клинци ги пробивал мускулите на Константин и дека го расекол на пола, а неговиот череп го искористил како пехар како што тоа го направил бугарскиот владетел Крум во IX век со черепот на византискиот цар[37].

Владислав, синот на Драгутин, се ослободил од заробеништво и воспоставил своја власт во земјите од татко му. Носел кралска титула и имал двор со сопствени достојници. Не е познато дали ја обновил државата на татко му во полн обем. Босанскиот Босанска Бановинабан, веќе во 1323 година се нарекува господар на Усора и Сол, а нејасна е положбата на Рудник. Спор избил околу Рудник. Есента 1323 година, трговците во Рудник му давале подароци на кралот Владислав, а пред крајот на таа година паднал во рацете на Стефан. Поддржувачите на Владислав и трговецот Менче Менчетиќ се затвориле во рудничката тврдина Островица. Кралот ги испозатворил дубровничките трговци заради давање поддршка на Менчетиќ. Спогодба со Дубровник е склучена во јуни 1324 година. Две години подоцна кралот повторно им издал повелба со вообичаените повластици на дубровчаните[38].

После смртта на Милутин, локалното благородништво во позадина се осилило, а кралската власт била слаба. Во тој поглед најмногу се истакнале Бранивојевиќи, зацврстувајќи се на Стон и Пељешац. Тие својата власт ја ширеле кон внатрешноста (во Попово Поле) и кон Неретва и преку неа. Во време на Милутин, Бранивојевиќи се бореле против Младен II, а подоцна и против босанскиот бан Стјепан II Котроманиќ. Со падот на Младен се гаси моќта на Брибирците, а банот Стјепан станал најмоќниот српски сосед на запад. Од 1324 година владее и со Усор и со Сол. Душан, синот на Стефан, застанал на страна на Дубровник и Стјепан и издејствувал да се ослободи жената на Брајко Бранивојевиќ која била ќерка на еден од српските велможи Војин, татко на Милош, Алтоман и Војислав Војиновиќ. Михаило Бранивојевиќ погинал во војната додека Брајко паднал во заробеништво. Браноје побегнал на дворот на Стефан каде подоцна бил погубен. Со тоа се затрело семејството Бранивојевиќ. После тоа банот Стјепан ја зазел долината на Неретва и Краина, додека дубровчаните за заканувале да го заземат Стон. Преговорите околу продажбата на Стон на дубровчаните не течеле добро, па во 1327 година забранет е извозот за Србија. Во август истата година избила војна која траела скоро година дена. За нејзиниот тек малку се знае. Мирот бил склучен во летото 1328 година. Пељешац му припаднал на српскиот крал. Кралот, меѓутоа, не ги вратил териториите кои ги презел Стјепан. Првиот војнички поход на Душан бил судирот со босанскиот ан Стефан во 1329 година. Студеничкиот игумен Никола пишува дека Дечански го пратил својот син против безбожните и погани бабуни кои провалиле во Рашка, во Дабарската Област. Душан им нанел пораз и стекнал голем плен. Самиот Стефан едвај се спасил и така што благородникот Вук Хрватиниќ му го понудил својот коњ[39][40].

Во 1324 година, Стефан се оженил со дванаесетгодишната Марија Палеолог, внука на Теодор Метохит. Нејзиниот татко бил византиски намесник во Солун. Имал намера да се осамостои во Македонија. Успеал да го наговори Стефан да испрати одред војска кој пљачкал во Серската и Струмичката Област. Андроник на Јован му ја понудил титулата кесар. Овој се согласил, но умрел во Скопје во дворот на зет му. Теодор Метохит го наговорил царот да му испрати делегација на Дечански. Во неа се наоѓал и хроничарот Никифор Григорa.

 
Битка кај Велбужд, Високи Дечани

Михаило Шишман на власт дошол во 1324 година. Изгледа дека во војната меѓу Дечански и Владислав му давал поддршка на Владислав што го натерало српскиот крал да му испрати свои пратеници. Во 1325 година, Шишман ја истерал својата прва жена, Ана Неда, ќерка на кралот Милутин и се оженил со сестра му на Андроник. Меѓутоа, едно време бил во војна со Андроник Помладиот. Со Србите се судрил заради нивното ширење во Вардарската Долина. Причина за војната со Византија било српското поседување на Просек кој им го предал византискиот намесник Михаило Асен, инаку Бугарин. Во 1330 година, Андроник најмил татарски и други наемници, а склопил и сојуз со влашкиот кнез Јован Бесараб против Србите. Србите исто така ангажирале наемници. Григор спомнува 1000 Келти, а Јован Канатакузин 300 Аламани. Во мај 1330 година, Стефан им забранил на Венецијанците да тргуваат со Бугарија преку неговата земја. Делегацијата на Стефан на бугарскиот двор не постигнала успех.

Бугарите ја нападнале Србија од југ, во правец на Струма и Брегалница. Намерата им била да се спојат со византиската војска. Србите се групирале на устието на Топлица во Морава (Добричко Поле). Михаило ја преминал српската граница кај Землен кај Струма. Во пресрет на Бугарите, Дечански застанал во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Нагоричане каде сочекал дел од војската. Остатокот го сочекал на реката Каменча, од каде повторно се обидел да преговара со Бугарите, и повторно неуспешно. Тука ја примил веста дека дисциплината во бугарската војска не е најдобра. Последните српски одреди стигнале кај Велбужд утрото на 28 јуни. Напладне Дечански ги нападнал Бугарите. На двете страни имало околу 15 000 војници. Особено се истакнале стрелците на младиот крал Душан. Самиот Михаило се обидел да се спаси со бегство. Паднал од коњот после што српските гонители го убиле (Кантакузин). Дечански го погребал во Нагоричане, во црквата Свети Ѓорѓи. Србите продолжиле да ја гонат бугарската војска. Остатоците на бугарската војска ја спасил братот на Михаил Белаур [41].

Уплашените бугарски болјари го молеле Дечански за мир. Стефан се согласил на мир поволен за Бугарите. Својата сестра Ана ја вратил на бугарскиот престол поставувајќи го на него нејзиниот малолетен син Јован Стефан. Новата царица во Трново ја придружувал одред српска војска. Грчката војска го искористила поразот на Бугарите и ги пљачкала териториите на својот довчерашен сојузник. Пред Србите се повлекла. Дечански ги освоил Штип, Велес, Просек, Чрешќе, Добрун[42].

За судирот меѓу Стефан Дечански и Душан има две противречни верзии. Во приказот на ученикот на Данило, целата вина е фрлена на Дечански кој со војска го нападна сина си. Никифор Григора, кој сам ја посетил Србија и го познавал српскиот крал, најважна улога му дава на благородништвото. Стравот на Душан од децата на Стефан од вториот брак го поттикнало благородништвото кое му ветило поддршка во востание против својот татко. Колку време траел судирот не се знае. Во јануари 1331 година, Дечански се наоѓал во областа на сина си, околу Скадар. Дубровчаните пратиле тројца пратеници да посредуваат меѓу таткото и синот. Според кажувањето на кралскиот животописец, Дечански пред тие преговори го разорил дворецот на Душан во близина на Скадар. Душан со големо внимание се сретнал со татко му после што е утврден мир. Дечански се вратил во својата област, додека Душан отишол во Требиње. Мирот траел само три месеци. Повод за новата војна бил позивот Душан да излезе пред татко му. Душан се плашел сам да отиде кај татко му, па го викнал и своето благородништво. Благородништвото се спротивставило. Душан попуштил пред нивното навалување и со војска го нападнал татка си. Стефан бил опколен во својот дворец во Неродимља, најверојатно на 21 август 1331 година. Побегнал во Петрич, додека Душан го освоил дворецот и ризницата. Душан го опколил татко му во Петрич и го принудил да се предаде. Дечански со децата од вториот брак и со жената бил затворен во звечанската тврдина каде, после нешто повеќе од два месеци, го изгубил животот под нејасни околности (11 ноември 1331 година). Крунисувањето на Душан за крал е извршено на 8 септември во Сврчин[43].

Стефан Душан

уреди
 
Крунисувањето на Стефана Душан

За да може сите расположливи снаги да искористи во војната против Византија, Душан веднаш на почетокот на своето владеење склопил мир со новиот бугарски цар. Во Бугарија, како и во Србија, во 1331 година дошло до промена на престолот. Болјарите го довеле на престолот Јован Александар кој со Душан склопува мир. Душан се оженил со сестрата на Јован, Јелена. Пролетта 1332 година избила побуна во Зета на истото место каде година дена порано Душан дигнал побуна против својот татко. Зетските великодостојници, незадоволни од наградите кои им ги доделил Душан, ги предводеле Димитрије Сума и Богоје, чија власт се проширила и на северните делови на Албанија. Душан изгледа се спогодил со бунтовниците со посредство на дубровчаните[44].

На запад на својата држава Душан наследил некои проблеми од времето на владеењето на својот татко. Дубровчаните претендирале на Стон и Пељешац уште од завршувањето на војната со Бранивојевиќи. Во склад со мировната спогодба од 1328 година не ги освоиле. Банот Стјепан Котроманиќ заземал сè поголеми територии на брегот што го довело во судир со Венецијанската Република (1331). Босанскиот бан бил стварен господар на Хум, но Стон ја признавал врховната власт на српскиот крал. Дубровчаните им се обратиле на обајцата. Главниот Душанов повереник бил Никола Буќа, но во преговорите учествувале и Војиновиќи. Душан се одрекол од териториите на крајниот запад на својата држава која тешко можел да ја брани. Повелбата за продажба на Стон ја издал во јануари 1333 година во Полог. Дубровчаните покрај надоместокот (8000 перпери и 500 перпери годишно) морале да прифатат одредени обврски кои се однесувале за заштита на православците на нивната територија. Дотогаш Дубровник се трудел го сузбие православието со верска пропаганда и аграрна реформа со која на српското благородништво им се одземало земјиштето. Стонскиот доход српскиот владетел го примал до 1350 година кога му го отстапил на манастирот на Светите архангели во Ерусалим [41].

После склопувањето на мир со Дубровник, Босна и Бугарија, Душан бил спремен за напад на Византија. Опис на овој Душанов поход го забележал единствено хроничарот Никифор Григора. Во првата година на војната Душан ја зазема Струмица. Во текот на подготовките за поголем поход, во Србија пребегнал византискиот великодостојник Сигријан кој после завршувањето на граѓанската војна паднал во немилост на новиот цар. Способниот војсководец го зазел Костур, а српската војска скоро го принудила Солун да се предаде. Самиот цар Андроник морал да го брани градот. Леринскиот заповедник Сфрагнец Палеолог на измама го убил Сигријан преправајќи се дека му е пријател. Неговите грчки војници почнале да пребегуваат на страната на Андроник што била една од причините за склопување на мир. Душан го оплакал и погребал Сигријан.

Завршувањето на војната со Византија му овозможило на Душан да ја насочи војската на север каде Карло Роберт продрел во 1335 година. Унгарската војска во паника се повлекува пред Душан, а голем нејзин дел настрадал во Сава. Душан ја зазел Мачва, а Милтен Драживојевиќ (дотогашен сојузник на Стјепан) преминува на страната на српскиот крал. Меѓу 1338 и 1339 година, Душан повторно води војна со Карло Роберт. Српската војска ја преминува Сава и војува во Срем. Карловиот наследник, Лајош, неколку години војува против Србите. Меѓутоа, тогаш српското внимание (околу 1342 година) е насочена на војната со Византија[45].

Во 1336 година доаѓа до влошување на односите меѓу Душан и Јелена. Тие немале деца, па Душан намерувал да се разведе. Преговарал со австрискиот војвода Отон неговата внука, ќерка на светоримскиот крал Фридрих Убавиот да се омажи за Душан. Пратениците на чело со витезот Палман преговарале со Душан во Котор. Младата Јелисавета се згрозила од оваа идеја. Се разболела и умрела. Јелена, кога разбрала за овие планови, побрзала да роди син. Така на крајот на 1336 година или на почетокот на 1337 година роден е Урош[46].

Во 1336 година Андроник остварил значаен успех во насока на обнова на моќта на Палеолозите заземајќи ја Тесалија. Во 1336 година се состанал во Струмица. Тогаш Душан го запознал Јован Кантакузин. Мирните односи со Византија траеле до смртта на Андроник во 1341 година, иако знаци за претстојниот судир се јавуваат веќе во 1340 година. Војводата Хреља во 1340 година го изневерил Душан и им пришол на Грците. Им предал три града (со Струмица) и ја добил титулата кесар. Во 1341 година Хреља повторно му се вратил на Душан и за возврат му го предал градот Мелник кого го зазел од Кантакузиновите луѓе. Следната година се замонашил како монах Харитон во Рилскиот манастир. Умрел истата година. Душан ја презел неговата област на крајниот исток на државата[47].

Андроник умрел од болест која ја заработил во војувањето по Епир во 1341 година. За регент на малолетниот цар Јован поставен е Кантакузин. Меѓутоа, тој имал намера самостојно да завладее, па на високите позициите ги издигнувал своите роднини. Против него станала Италијанката, царицата-мајка Ана Даласина и мегадуксот Алексије Апокавк. Во тоа време Душан бил против Византија (заради одметништвото на Хреља) и бугарскиот цар Јован Александар (барајќи да му се предаде противникот Шишман II кој се засолнал во Цариград). Кантакузин се повлекува во Димотика и се крунисува за цар. Со своите два сина Матија и Манојло, се обидел да го заземе Солун. После неуспешниот напад на Солун отишол во Просек каде му се предал на заповедникот на градот. Оттаму е упатен во Велес со кој владеел неговиот познаник Јован Оливер. Преку него се поврзал со Душан кој го повикува во Скопје. Таму Кантакузин поминал година дена во преговори. Душан ги барал сите градови западно од Кавала. Сојузот со Кантакузин го поддржувала кралицата Јелена. Свикан е и собор од 24 великодостојници со кои Душан се советувал што треба да се прави. Склопен е договор според кој секој требало да го задржи она што освојува[48][49].

Српските одреди под Вратко и Јован Оливер му се придружиле на Кантакузин кој го нападнал Сер. Меѓутоа пиеле многу вино на кое не биле навикнати, па доста од нив настрадале без борба од шигелоза (1500 луѓе). Даласина и Апокавк му ги понудиле на Душан истите услови како и Кантакузин доколку им го предаде. Меѓутоа кралот му останал верен на дадениот збор. Во јуни 1343 година, Душан ја освојува Корја, главниот град на Средна Албанија (на која ѝ издал една повелба на грчки јазик сочувана во превод на латински од Алфонсо Арагонски од XV век, која е единствена градска повелба на царот Душан). На грчките градови им ги потврдил претходните повластици. Српските војници под Кантакузин откажувале послушност, што доведува до разидување. Кантакузин го зазема Бер, за кого бил заинтересиран и Душан. Не се одѕвал на позивот на Душан да дојде во Скопје. Душан стапува во преговори со регуларната византиска влада. Договорена е веридба меѓу Урош и сестрата на Јован Палеолог [50].

Венецијанската флота, поттикната од папата Климент VI, во 1343 година ја уништила турската флота кај Халкидик. Турците под водство на Омар биле отсечени од својата база. Му се придружиле на Кантакузин. Душан против нив испратил 3 000 луѓе под Прељуб. Кај Стефанијана Турците на измама го поразиле Прељуб. Чекале српските војници да слезат од коњите и ги натерале во тешки оклопи да се качат на брдото од каде овие слегле и ги зеле српските коњи, отепале нешто луѓе и отишле во Тракија каде што се наоѓал Кантакузин [51].

Во војната меѓу Душан и Кантакузин значајно е делувањето на војводата Момчило. Тој бил еден од во тоа време чести авантуристи кој владеел во областа на Родопите и во јужна Македонија. Во 1344 го напуштил Душан и му пришол на Кантакузин. Располагал со сериозни снаги од 300 коњаници. Кантакузин го прогласил севастократор. Ана Даласина, настојувајќи да го привлече на своја страна, му ја дала титулата деспот. Тогаш тој го оставил Кантакузин и ги нападнал неговите турски сојузници, но бил поразен и принуден да бега во приморскиот Перитеорион. Настрадал од турските стрели бидејќи грчките заповедници не го пуштиле да влезе во градот[52][53].

До есента 1345 година, Душан ги зазел Белград (Берат), Валона, Канина, Костур, Хризопол, Драма и Бер. Солун, по кој копнеел цел живот, не можел да го освои. Во почетокот на 1345 година, Душан врши опсада на Сер. Во септември истата година градот паднал во српски раце. Истата судбина ја доживеале сите византиски градови источно од Христопол. Исто така бил освоен Халкидик со Света Гора. Кон крајот на 1345 година, во Сер Душан се прогласил за цар. Следело крунисување, на Велигден 16 април 1346 година[54].

Српски архиепископи

уреди
Архиепископ Раздобје Напомени Слика
Свети Сава 1219—1233 Син на Стефан Немања. Прв српски архиепископ. Основал десет епископии, напишал Номоканон, стекнала меѓународно признавање на српската автокефална црква. Умрел во бугарската престолнина Трново во 1236 година.  
Арсеније I Сремац 1233—1263 Ученик на архиепископот Сава. Ја подигнал црквата на Светите апостоли во Руговската Клисура, подоцна позната како црква на Вознесението Господово. Се повлекол од архиепископската столица заради парализа.  
Свети Сава II 1263—1271 Син на Стефан Првовенчани. Световното име му било Предислав. Пред 1263 година бил хумски епископ. Ги гонел кривоверците. Погребан е во црквата на Светите апостоли во Пеќ.  
Данило I 1271 - 1272 Ја вршел функцијата архиепископ само година дена. Сменет е од непознати причини.
Јоаникије I 1272—1276 До 1272 година бил игумен на манастирот Студеница. Се повлекол во знак на протест заради тоа што Драгутин го симнал Урош од власт. Погребан е заедно со него во манастирот Сопоќани.
Јевстатије I 1279—1286 Бил игумен на манастирот Хиландар и зетски епископ. Погребан е најпрво во Жича, но после разорувањето (1291), неговите мошти се пренесени во Пеќ.
Јаков 1286—1292 Во текот на неговото водење, била разорена Жича од страна на Бугарите, па седиштето на архиепископијата се преместува во Пеќ.
Свети Јевстатије II 1292—1309 Со ширење на српската држава под Милутин се шири и подрачјето на јурисдикција на српскиот архиепископ. Во овој период основани се епископиите: Грачаничка, Кончанска, Лимска, Мачванска, Браничевска, Белградска и Скопска
Свети Сава III 1309—1316 Архиепископ на сите српски и поморски земји. Во текот на неговиот понтификат започнала изградбата на манастирот Бањска.
Никодим I Пеќски 1316—1321 Пред да стане архиепископ бил игумен на манастирот Хиландар. Го превел Ерусалимски типикЕрусалимскиот типик на Свети Сава Осветениот на српски јазик. Го крунисал Стефан Дечански за крал и со тоа го одредил ставот на српската црква во граѓанската војна од 1321 година.
Данило II 1324—1337 Од 1307 до 1310 година бил игумен на манастирот Хиландар. Ги извршувал и функциите на бањски игумен и хумски епископ. Го наговорил Милутин да му дозволи на Дечански да се врати од Византија. Писателот на прочуените "Житија на кралевите и архиепископите српски". Го крунисал Душан за карл во септември 1331 година во Сврчин. Ја надгледувал изградбата на Високи Дечани. Го подигнал манастирот посветен на Богородица Одигитрија.  
Свети Јоаникије II 1337—1346 Ја украсил црквата во Пеќ. Ја извршувал функцијата логотет. Во 1346 година станал првиот српски патријарх.  

Српски кралеви од династијата Немањиќи

уреди
Династија Владетел Раздобје Напомени Слика
Немањиќи Стефан Првовенчани 1217—1228 Син на Стефан Немања. До 1217 година ја носел титулата велики жупан. Кралската титула ја добил од папата Хонориј. Пред крај на животот се замонашил. Умрел како монах Симон. Го подигнал манастирот Жича.  
Немањиќи Стефан Радослав 1228—1234 Најстариот син на Стефан Првовенчани. Бил зет на царот Теодор Ангел Дука Комнин. Во надворешната политика се потпирал на Епирското Деспотство, па неговиот пораз во Битката на Клокотница го означил и крајот на владеењето на Радослав.  
Немањиќи Стефан Владислав 1234—1243 Помладиот син на Стефан Првовенчани. Во надворешната политика се потпирал на својот тест, бугарскиот цар Јован Асен II. Симнат е од власт после продорот на Монголците. Продолжил да живее во Србија до својата смрт во 1269 година. Погребан е во својата задолжбина, манастирот Милешева.  
Немањиќи Стефан Урош I 1243—1276 Помладиот син на Стефана Првовенчани. Во текот на Урошевото владеење германските рудари, Сасите, доаѓаат во Србија. Војува против Никејското Царство, Унгарија и Дубровник. Од престолот го симнал син му Драгутин после Битката на Гатачко Поле. Умрел неколку години подоцна.  
Немањиќи Стефан Драгутин 1276—1281 Постариот син на Стефан Урош. Бил зет на унгарскиот крал Стефан V Унгарски. После несреќното паѓање од коњ, му го предал престолот на својот брат Милутин на соборот во Дежева и продолжил да владее со северните области на српската држава попознати како Сремска Кралство.  
Немањиќи Стефан Урош II Милутин 1282—1321 Помладиот син на Стефан Урош. Во војните со Византија (1282-1284) значајно ја проширил српската држава ка југ. Војувал против својот брат Драгутин (1301-1311) и синот на Стефан Дечански (1314). Војувал против католичката коалиција на чело со унгарскиот крал Карло Роберт. Изградил преку 40 цркви и манастири. Во текот на неговото владеење доаѓа до византизација на српската држава.  
Немањиќи Стефан Дечански 1321—1331 Син на Милутин Немањић. За власта се борел со своите браќа Константин и Владислав. Војувал против Дубровник и босанскиот бан Стјепан Котроманиќ. Се вмешал во граѓанска војна во Византиското Царство. Го поразил бугарскиот цар Михаило Шишман во Битката кај Велбужд. Го подигнал манастирот Високи Дечани.  
Немањиќи Стефан Душан 1331—1346 Син на Стефан Дечански. Го симнал татка си од власт во 1331 година. Војувал против византискиот цар Андроник III Палеолог ширејќи ја државата на југ. Го сузбил нападот на унгарскиот крал Карло Роберт. Се вмешал во граѓанската војна на двајцата Јовани во Византија, застанувајќи прво на страната на Јован Кантакузин, а потоа на страната на неговите противници. За време на неговото владеење, Србија го доживеала најголемото територијално проширување. На соборот во Скопје во 1346 година крунисан е за цар на Србите и Ромејците.  

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. ИСН 1999, стр. 263-273, 297-9
  2. 2,0 2,1 Коматина 2014, стр. 7-22
  3. Миљковић 2015, стр. 272-3
  4. ИСН 1999, стр. 300-1
  5. Станковић 2012, стр. 111-118
  6. Жичка повеља
  7. ИСН 1999, стр. 307.
  8. Миљковић 2015, стр. 259-265
  9. ИСН 1999, стр. 307-8
  10. ИСН 1999, стр. 308.
  11. ИСН 1999, стр. 310-312
  12. ИСН 1999, стр. 312-4
  13. ИСН 1999, стр. 342.
  14. Р. Радић – Д. Кораћ (1998). стр. 247—257
  15. ИСН 1999, стр. 349.
  16. ИСН 1999, стр. 350.
  17. ИСН 1999, стр. 352.
  18. ИСН 1999, стр. 355-6
  19. Станојевић 1936, стр. 2-19
  20. Лазаревић 1990, стр. 10.
  21. Лазаревић 1990, стр. 10-4
  22. ИСН 1999, стр. 453-5
  23. Ћоворић 2006, стр. 166.
  24. Животи краљева и архиепископа српских. стр. 25-8
  25. Лазаревић 1990, стр. 17.
  26. ИСН 1999, стр. 446-7
  27. Острогорски 1969, стр. 460.
  28. ИСН 1999, стр. 457.
  29. Ћоровић 2006, стр. 184.
  30. ИСН 1999, стр. 457-9
  31. Ћоровић 2006, стр. 186.
  32. ИСН 1999, стр. 459.
  33. Ћоровић 2006, стр. 186-7
  34. Ћоровић 2006, стр. 188.
  35. ИСН 1999, стр. 460.
  36. ИСН 1999, стр. 495.
  37. Ћоровић 2006, стр. 199.
  38. ИСН 1999, стр. 502.
  39. Мргић 2008, стр. 69.
  40. ИСН 1999, стр. 503-5
  41. 41,0 41,1 Ћоровић 2006, стр. 201.
  42. ИСН 1999, стр. 508.
  43. ИСН 1999, стр. 508-9
  44. ИСН 1999, стр. 512.
  45. Острогорски 1969, стр. 472-3
  46. Ћоровић 2006, стр. 202.
  47. Острогорски 1969, стр. 474.
  48. Ћоровић 2006, стр. 205.
  49. Острогорски 1969, стр. 478-80
  50. ИСН 1999, стр. 516-7
  51. Ћоровић 2006, стр. 208.
  52. Острогорски 1969, стр. 482.
  53. ИСН 1999, стр. 522-3
  54. Острогорски 1969, стр. 480-487

Литература

уреди
  • Историја српског народа 1, група аутора, Српска књижевна задруга, Београд (1999), друго издање
  • В. Ћоровић, Историја Срба, Дом и школа, Београд (2006)
  • Г. Острогорски, Историја Византије, Просвета, Београд (1969)
  • С. Ћирковић, Православна црква у српској држави, Работници, војници, духовници, Београд (1997). стр. 197.–213
  • С. Станојевић, Краљ Драгутин, Годишњица НЧ 45, (1936). стр. 2–19
  • Д. Лазаревић, Територија краља Драгутина Архивирано на 18 септември 2016 г., Гласник, Међуопштински историјски архив Ваљева (1990)
  • Бојан Миљковић; Сава, Стефан Радослав и Димитрије Хоматин, Зборник радова Византолошког института LII (2015), 259-275
  • Влада Станковић; Стефан Немањић и његов брат Сава у списима Димитрија Хоматијана; Византијски свет на Балкану, Филозофски факултет универзитета у Београду (2012), 111-118
  • Ђ. Ђекић, Правни положај Саса у Немањићкој држави у 13 веку, Српске органске студије св.1, Београд (2000). стр. 141-154.
  • Данило Други, Мак Данијел, Гордон; Петровић, Дамњан. eds. Животи краљева и архиепископа српских. Службе. Београд (1988)
  • Житије Светог Симеона, Стефан Немањић, Сабрани списи Стефана Првовенчаног, Просвета СКЗ, Београд (1988)
  • Хиландарска повеља, Стефан Немањић, Сабрани списи Стефана Првовенчаног, Просвета СКЗ, Београд (1988)
  • Р. Радић – Д. Кораћ, Из Каракорума у Бар – Србија у делу анонимног географа XIII века, Зборник радова Византолошког института 37 (1998)
  • М. Благојевић, Србија у доба Немањића, ТЗР Вајат, Београд (1989)
  • Д. Љ. Кашић, Поглед у прошлост српске цркве, Свети архијерејски синод Српске православне цркве, Београд (1984)
  • Јелена Мргић, Северна Босна: 13—16 век, Београд (2008)
  • Синиша Мишић, Радивој Радић, Србија 1217. настанак краљевине, Еволута (2017)

Надворешни врски

уреди