Мавровска Котлина

Мавровска Котлина — највисока котлина во Македонија. Се наоѓа помеѓу планините Бистра на југ и разграноците на Шар Планина, Кожа и Крстови на запад и исток, на надморска височина од 1.200 м. Зафаќа површина од 92 км2. Преку превојот Бунец (1.318 м), на исток е поврзана со Полошката Котлина.[1]

Поглед кон котлината со езерото

Котлината е формирана со неотектонски движења и за време на плиоценот имало езеро, за кое сведочат плиоцените седименти. Во котлината се наоѓа познатата мавровска акумулација.

Во самата котлина има неколку селски населби, меѓу кои најпозната е с. Маврово, кое е еден од најпознатите зимски туристички центри во Македонија. Низ котлината, покрај мавровската акумулација минува една од главните комуникациски правци: СкопјеГостиварМаврови АновиДебар.

Наводи

уреди
  1. Синадиновски, Јаким (1970). Гостиварскиот крај: Природно-географски одлики и општествено-економски одлики. Собрание на општината.