Кочанско

појаснителна страница

Поимот Кочанско се употребува за приближно означување на местото на некој настан и значи дека се случило во околината на градот Кочани, т.е. место кое географски тежнее кон градот. Во зависност од административната поделба дефинирана со соодветна законска регулатива понекогаш се мисли на сите населени места кои потпаѓаат под управување на локалните власти во Општина Кочани, според оваа дефиниција во одредени периоди некои места потпаѓаат под Кочанско, но некогаш и не. Главно под Кочанско се сметаат сите населени места во Кочанската Котлина од двете страни на Брегалница кои потпаѓаат под општините Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци и селата на јужната падина на Осоговските Планини која што го оградува Кочанското Поле од север. За време на отоманското владеење, Кочанската каза покрај Кочанската Котлина со Виничко ги опфаќала и областите Пијанец (Делчевско) и Малешево (Беровско), при што нејзиниот облик имал изглед на четириаголник со должина од исток кон запад каде северната линија ја сочинува осоговската верига, јужната – Плачковица којашто со својот источен крај е малку завртена и издадена нанадвор со планината Огражден, источната – Малешевските Планини, западната во северниот дел – Пониква, додека во јужниот дел е отворена [1].

Книга за кочанскиот ориз (Стиснете на сликата за да ја отворите и читате во целост)

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 402–411. ISBN 978-608-245-113-8.