Оваа страница е заштитена од понатамошни измени додека содржината на текстот не се разреши на страницата за разговор.
За да ги видите претходните верзии, стиснете на врската историја.

За други значења на поимот Илинден воидете на појаснителната страница

Обединета македонска организација "Илинден" - Партија за економски развој и интеграција на населението (ОМО "Илинден" - ПИРИН)[2] е организација во Република Бугарија со либерални и демократски принципи и политика изградена врз основа на бугарскиот Устав и законодавство, Рамковната Конвенција за Заштита на Националните Малцинства и сите други меѓунардони документи, чиј потписник е Република Бугарија, согласно статутот на организацијата.

ОМО Илинден - Пирин
Основананоември 1989
ШтабБлагоевград, Бугарија
Идеологијалиберализам и демократија[1]
Боицрвена и жолта
Мрежно место
www.omoilindenpirin.org
Знаме
Политика на Бугарија
Политички партии
Избори

Формирање

ОМО "Илиден" - ПИРИН е политичка партија на Македонците во Бугарија. Како организација на Македонците е формирана веднаш по падот на комунизмот во Бугарија, во ноември 1989 година, а веќе наредната 1990 година на 22 април го одржува првиот масовен собир на гробот на Јане Сандански по повод 80 години од неговата смрт во Роженскиот манастир на кој присуствуваат неколку илјади Македонци.

Во 1999 година партијата ги собра потребниот број на потписи и ги исполни сите услови за регистрирање и учествуваше на локалните избори каде освои 5 градоначалнички места. Нејзината регистрација беше поништена од Уставниот суд на Република Бугарија на 29 февруари 2000 година под образложение дека партија која изјаснува дека дел од територијата на Бугарија е туѓа и се залага за нејзиното отцепување од бугарската држава е против уставна и не смее да постои. По жалбата до Судот за човекови права во Стразбур и пресудата во корист на партијата, државата Бугарија на партијата и исплати оштета но нејзината регистрација не е вратена до ден денес со што не е исправено кривичното дело.[1][2][мртва врска]

Во поново време повторно е актуелно нејзиното регистрирање кое повторно се оспорува од бугарските државни органи кои не признаваат дека постои македонско малцинство во државата и воопшто не признаваат дека постои македонскиот народ.[3][4][мртва врска]

Комитетот на министри при Советот на Европа одлучува да и се наложи на Бугарија да ја регистрира партијата.[5] Архивирано на 9 јануари 2009 г.[6]

Партијата на Македонците во Бугарија, ОМО "Илинден" - ПИРИН по новиот обид за регистрација во Софискиот суд во август 2006 година, повторно беше одбиена во октомври истата година од Софискиот градски суд на основа неисправни документи [7][3] и и беше понудено да биде единствено регистрирана како невладина организација, бидејќи според судот во Софија, статутот и програмата на ОМО "Илинден" - ПИРИН одговарал на цели на невладините организации. Пресудата на Софискиот градски суд е конечно потврдена од Врховниот касационен суд на Република Бугариjа на 11 октомври 2007 година со Одлука N762.[4]

На 18 јуни ОМО "Илиден" - ПИРИН, станала полноправна членка на Европската политичка партија - Европска слободна алијанса, чии активисти се залагаат за правата на Македонското малцинство во Бугарија.[5] Во 2007 година, Европската слободна алијанса (ЕСА) во писмото потпишано од нејзиниот пртеседател Нели Маес и упатено до Советот на Европа, Европската комисија и другите институции на ЕУ, како и до претседателот на Бугарија, бара да издејствуваат примена на одлуката на Европскиот суд за човекови права за итна регистрација на ОМО "Илиден" - ПИРИН.[6]

На 15 јули 2007 година е направен нов обид за регистрација. На местото Предела на Пирин Планина е одржано собрание со 685 делегати. И тој обид е одбиен од судот.[8] Архивирано на 3 март 2009 г. Во врска со тоа партијата покрена нова тужба против Бугарија.[9] Архивирано на 21 ноември 2008 г. Поднесена е и жалба до омбудсманот на Република Бугарија.[10]

Дејствување

Партијата најмногу дејствува во Пиринска Македонија (Благоевградската област во југозападна Бугарија) каде што е сконцентриран најголемиот број на Македонци во Бугарија. Според изјавите на еден од нејзините водачи Стојко Стојков, во Бугарија има помеѓу 5.000 и 10.000 луѓе кои се декларират како Македонци.[7] ОМО "Илинден" - ПИРИН покрај своите барања за признавање на малцински права на Македонците во Бугарија, активно учествува и во културниот и националниот живот на Македонците преку разни активности како одржување собири и честувања во Роженскиот манастир на гробот на Јане Сандански по повод годишнините од неговото раѓање и загинување, издавање на весникот „Народна Волја“ на македонски јазик, организирање на разни фестивали и културни манифестации.

Одредени националистички партии во Бугарија како ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов и Атака на Волен Сидеров, повеќепати се обидувале да ги спречат собирите и седниците на партијата[се бара извор], физички да ги нападнат нејзините членови[се бара извор] и исто така пропагираат дека партијата е финансирана и поддржувана од страна на властите на Република Македонија со цел да се „македонизира“ Благоевградскиот крај.

На 19 октомври 2008 година се одржа петтата национална конференција на партијата. Присутни беа 518 делегати а се донесе одлука за нов обид за нејзината регистрација.[11] Архивирано на 7 јануари 2009 г.

Извори

  1. Програма на ОМО “Илинден” - ПИРИН Обединета македонска организација “Илинден” - ПИРИН Партија за економски развој и интеграција на населението во Република Бугарија
  2. У С Т А В НА "ОБЕДИНЕНА МАКЕДОНСКА ОРГАНИЗАЦИЯ - ИЛИНДЕН" - ПАРТИЯ ЗА ИКОНОМИЧЕСКО РАЗВИТИЕ И ИНТЕГРАЦИЯ НА НАСЕЛЕНИЕТО
  3. "Съдът отказа вписване на ОМО "Илинден" - Пирин"[мртва врска]
  4. Решение N762 Архивирано на 3 март 2009 г. Върховен касационен съд на Република България, второ търговско отделение, София, 11 октомври 2007 година.
  5. „OMO "Ilinden" - PIRIN“. www.omoilindenpirin.org. Посетено на 2021-04-08.
  6. Welle (www.dw.com), Deutsche. „Бугарија не ги исполнува обврските кон ОМО Илинден Пирин | DW | 13.09.2007“. DW.COM. Посетено на 2021-04-08.
  7. „EFA and OMO Ilinden – Pirin at a Press Conference in Brussels“. Архивирано од изворникот на 2018-06-20. Посетено на 2018-12-26.

Надворешни врски