Сагудати
Сагудати ― јужнословенско племе населено во Македонија кон крајот на VI и почетокот на VII век, кое го населувало просторот околу реката Бистрица (грч.: Αλιάκμονας, Алијакмонас), односно на териториите западно и југозападно од Солун, во рамничарските предели помеѓу Солун и Бер. Учествувале, заедно со другите племиња, во нападите на Солун (616–618, 674–677) и гусареле по крајбрежјето на Егејското Море. По походот на Ставракиј (783) ја признале византиската власт.[1]
Викиизвор има текст за |
Северно од Сагудатите било населено словенското племе Драговити.
Солунчанецот Јован Каменијат во неговото дело „За заземањето на Солун“ во 904 година вели:
...На запад (од Солун) се простира една рамнина, која завршува до едни други планини, каде се издига еден град, нарекуван Вероја (Бер), град познат како по жителите, така и по сите особини, со кои може да се пофали еден град по конструкција. Во средното пространство на таа рамнина, се наоѓаат некои распрснати села, од кои едни близу до градов (Солун), нарекувани со име Драгувити и Сагудати...
Наводи
уреди- ↑ „САГУДАТИ – Македонска Енциклопедија“. Посетено на 2021-07-07.