Унгарци
Унгарци (или уште нарекувани и Маѓари, унгарски: magyarok) — етничка група, поврзани со нивната матична држава Унгарија, централно европска држава и нејзините земји претходнички (Кралството Унгарија и Народна Република Унгарија). Денеска во светот има околу 14 милиони Унгарци, од кои 10 милиони живееат во денешна Унгарија (од пописот од 2001)[1]. Околу 2,5 милиони Унгарци живеат во областите што му припаѓале на Кралството Унгарија пред Договорот од Тријанон од 1920, сега веќе дел од седумте соседи на Унгарија, како што се Романија, Словачка, Србија и Украина. Значителна група на луѓе со унгарско потекло живее во различни делови од светот (најголем дел од нив е во Соединетите Американски Држави), меѓутоа само мал дел од нив го зборуваат унгарскиот јазик и ги негуваат унгарските обичаи. Унгарците се поделени во неколку подгрупи според локалните лингвистички и традиционални обележја. Најголем дел од Унгарците се римокатолици.
Унгарците како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Унгарски благородник“ - песна на унгарскиот поет Шандор Петефи.[2]
- „Унгарка“ (срп. Мађарица) — песна на српскиот поп-пејач Здраво Чолиќ.[3]
Наводи
уреди- ↑ „18. Demographic data – Hungarian Central Statistical Office“. Архивирано од изворникот на 2011-05-12. Посетено на 2010-05-27.
- ↑ Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 21-22.
- ↑ Zdravko Čolić, Sarajevo Koševo 2010 / Live, AZ PR Productions.