Кукуш (округ)
Кукуш (грчки: Περιφερειακή ενότητα Κιλκίς) — округ во Егејска Македонија, денес дел од областа Централна Македонија во Грција. Административен центар е градот Кукуш. Подрачјето на округот се совпаѓа со она што традиционално го нарекуваме „Кукушко“.
Кукуш Περιφερειακή ενότητα Κιλκίς | |
---|---|
Округ | |
Општини во округот Кукуш | |
Кукуш во Грција | |
Координати: 41°0′N 22°50′E / 41.000° СГШ; 22.833° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Админ. центар | Кукуш |
Управа | |
• Управник | Христос Гуненудис |
Површина | |
• Вкупна | 2.519 км2 (973 ми2) |
Население (2021) | |
• Вкупно | 85.885 |
• Густина | 34/км2 (88/ми2) |
Пошт. бр. | 61x xx |
Повик. бр. | 234x0 |
ISO 3166 | GR-57 |
Рег. таб. | ΚΙ |
Мреж. место | kilkis.gr |
Географија
уредиПланините во округот се Пајак (Пајко) на запад, дел од западните краеви на Беласица (Белес или Керкини) на североисток и Круша (Крусија) на исток. Во северниот дел се наоѓа Дојранското Езеро. Се граничи со окрузите Сер на исток, Солун на југ и Постол на запад. На север округот Кукуш се граничи со општините Богданци, Гевгелија и Дојран во Република Македонија.
Стопанство
уредиСтопанството во округот е исклучиво земјоделско. Најважни култури се пченицата, тутунот и памукот. Голема улога има и сточарството. Подрачјето на округот е слабо населено поради особеностите на теренот. Индустриското производство има споредна улога.
Клима
уредиКукушкиот округ има претежно континентална клима, со студени зими на повисоките места. Во најјужните делови на долината на Вардар климата преоѓа во умереносредоземна и средоземна.
Општини
уредиОкругот Кукуш е поделен на 2 општини. Тие се слдниве (означени со бројки во инфокутиајта):[1]
Демографија
уредиБидејќи нема официјален попис за тоа колку Македонци живеат во овој округ, кога ќе споредиме некои историски податоци и денешни статистики, се доаѓа до одредена проценка. Така, во овој округ Македонците живеат во околу 32 населени места и сочинуваат околу 14% од вкупното население, па според последниот попис тоа се приближно 11.000 Македонци.
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди