Отвори го главното мени


Леброн Џејмс (англиски: LeBron James; р. 30 декември 1984 во Акрон) — американски кошаркар кој моментално настапува за екипата на Лос Анџелес Лејкерс од НБА лигата.[1]

Леброн Џејмс

Џејмс во 2014

Лични информации
Роден на 30 декември 1984 (1984-12-30) (34 г.)
Роден во Акрон, Охајо
Националност САД САД
Висина 2,03
Тежина 113
Позиција крило
Информации за кариерата
Драфт 2003 / Рунда: 1 / Пик: 1
Избран од:
Кливленд Кливленд Кавалирс
Проф. кариера 2003—
Сениорски клубови
Години: Клубови:
2003–2010
2010–2014
2014–2018
2018-
Кливленд Кливленд Кавалирс
Мајами Мајами Хит
Кливленд Кливленд Кавалирс
Л.А. Лејкерс Л.А. Лејкерс
Репрезентација
2004– САД САД

БиографијаУреди

Спортска кариераУреди

 
Џејмс за време на натпревар, 2005.

Во 2011-2012, Леброн Џејмс e прогласен за најкорисен играч во НБА лигата за 2011-2012 НБА сезона и со својот тим Мајами Хит ја освојува НБА титулата, што е воедно и првиот шампионски прстен за Леброн Џејмс. Тој e прогласен за најкорисен играч во финалната серија.

Летото 2012 година, со репрезентацијата на САД, Леброн Џејмс го освои златниот олимписки медал на Олимписките игри во Лондон, победувајќи ја во финалето репрезентацијата на Шпанија.

 
Леброн Џејмс во 2007 год.

Во јануари 2013 година, со постигнатите кошеви на мечот помеѓу Мајами Хит и Голден Стејт Вориорс, Леброн Џејмс постана најмладиот играч во историјата на НБА кој постигнал 20.000 поени и 5.000 асистенции. На тој меч, Џејмс постигнал 25 поени, 10 асистенции и 7 скокови. Претходно, Џејмс постанал и најмладиот играч на НБА кој постигнал 1.000 поени, а потоа и 10.000 поени. Инаку, тој е тринаесеттиот кошаркар на НБА-лигата кој остварил 20.000 поени и 5.000 асистенции.[2] Леброн Џејмс ја добива наградата за најкорисен играч во НБА лигата за 2012-2013 година, и го води Мајами Хит до НБА финалето во кое ги победуваат Сан Антонио Спарс за да ја освојат НБА титулата втора година по ред. Повторно е прогласен за најкорисен играч во финалето.

По враќањето во Кливленд во 2014, во февруари 2015 година, на натпреварот против Детроит Пистонс остварил 11 додавања, со што дошол до вкупно 6.142 додавања во кариерата, соборувајќи го рекордот на Скоти Пипен.[3] Таа година Леброн Џејмс го доведе својот тим до финалето на НБА лигата во 2015, во кое изгубија од страна на Голден Стејт Вориорс 4-2. Следната сезона Кавалирс ја завршија со 56 победи, што беше доволно за првото место во Источната Конференција. Во првата рунда на плејоф-от на Источната Конференција, Кавалирс ги победија Детроит Пистонс 4-0. Во втората рунда ги соборуваат Атланта Хокс 4-0, а пак во третата ги совладуваат Торонто Репторс 4-2 за да го добијат шампионатот на Источната Конференција и да преминат во НБА финалето. Во финалето повторно се соочуваат со Голден Стејт Вориорс, но овој пат ги победуваат 4-3 за да ја освојат првата титула во историјата на Кливленд. Леброн со просек од 29.7 поени, 11.3 скока, 8.9 асистенции, 2.3 блокади, и 2.6 yкрадени топки по натпревар во финалето, е првиот кошаркар во историјата на НБА лигата да е прв во сите пет статистички категории во НБА финале и ја добива наградата за најкорисен играч во НБА финалето.

НаводиУреди

  1. Wade granted one of his wishes with Bosh coming to Miami“, „NBA.com“, 7 јули 2010 (посет. 30 октомври, 2010 г).
  2. „Леброн испиша историја“, Дневник, година XVII, број 5 068, 18 јануари 2013, стр. 25.
  3. „Џејмс со нов рекорд - 6,142 асистенции“, Утрински весник, година XVI, број 4720, четврток, 26 февруари 2015, стр. 20.

Надворешни врскиУреди