Бопалска катастрофа
Бопалската катастрофа се случила ноќта помеѓу 2 и 3 декември 1984 година во градот Бопал, главен град на индиската држава Мадја Прадеш. Во фабриката за пестициди во мнозинска сопственост на американската компанија „Јунион Карбид“ дошло до технички проблем, при што повеќе тони од отровниот гас метилизоцијанат отишол во атмосферата. Тоа е најголемата индустриска катастрофа во светот и една од најпознатите еколошки несреќи во човечката историја.
Преку 500.000 луѓе биле изложени на метилизоцијанатот. Проценките за бројот на луѓе кои загинале и кои претрпеле последици од катастрофата се разликуваат. Официјалниот број на луѓе кои загинале во првиот ден е 2.259 лица. Во 2008 година владата на Мадја Прадеш им исплатила отштета на семејствата на 3.787 жртви кои загинале во катастрофата, како и на 574.366 лица кои претрпеле последици.[1]
Многу од преживеаните сè уште страдаат од последиците на катастрофата. Напуштениот фабрички простор сѐ уште ослободува отрови штетни за човековата околина, овојпат преку воздухот и подземните води.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Интернационална кампања за правда во Бопал
- „Ноќта кога загинаа три илјади луѓе“, „Дојче Веле“, 3.12.2009.
- „'Зелената' Олимпијада ја спонзорираат 'црни' загадувачи, „Дојче Веле“, 30.07.2012.
- „Бопал-една бесконечна катастрофа“, „Дојче Веле“, 3.12.2014.
- „Бопал: 30 години од најголемата индустриска несреќа во историјата“, „Макфакс“, 3.12.2014.
Оваа статија за екологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |