9 март
датум
<< | март | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | |||||
3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | ||||||
2024 |
9 март — 68-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (69-и во престапна година). Остануваат 297 денови до крајот на годината.
Настани:
1776 | Шкотскиот економист Адам Смит го објавил неговото капитално дело „Богатството на народите“. |
1908 | Бил основан италијанскиот фудбалски клуб Интер од Милано. |
1916 | Прва светска војна: Германија ѝ објавила војна на Португалија. |
1956 | Кипарскиот архиепископ Макариос е депортиран од Кипар на Сејшелските Острови, во Индискиот Океан. Макариос во 1960 година стана прв претседател на независната Кипарска Република. |
1966 | Франција соопшти дека има намера да ги повлече своите трупи од НАТО и дека ќе побара воените инсталации на овој Пакт да се отстранат од нејзината територија. |
1987 | Техеран го обвини Багдад дека користи хемиско оружје во Иранско-ирачката војна. |
1995 | Владата на Република Естонија донесе одлука за воспоставување дипломатски односи со Република Македонија на амбасадорско ниво. |
1999 | Претседателот на Иран, Мохамед Хатами, допатува во посета на Италија. Тоа е прва посета на Запад од страна на шеф на иранска држава по исламската револуција во 1979 година во оваа земја. |
Родени:
1459 | Америго Веспучи — италијански морепловец. |
1814 | Тарас Шевченко — украински писател. |
1907 | Мирча Елијаде — романски писател, историчар, филозоф, новинар, есеист. |
1920 | Фрањо Михалиќ — хрватски и југословенски атлетичар. |
1930 | Орнет Колмен — американски џез-музичар. |
1934 | Јуриј Гагарин — советски космонаут. |
1942 | Џон Кејл — велшки музичар, член на групата „Велвет андерграунд“. |
1943 | Боби Фишер — американски шахист, поранешен светски првак. |
1950 | Милиќ Вукашиновиќ — српски и југословенски музичар. |
1959 | Такаки Каџита — јапонски физичар и нобеловец. |
1960 | Жељко Обрадовиќ — српски и југословенски кошаркар и тренер. |
1960 | Тјери Вињерон — француски атлетичар. |
1968 | Јури Џоркаеф — француски фудбалер. |
1970 | Владан Милојевиќ — српски фудбалер и тренер. |
1975 | Хуан Себастијан Верон — аргентински фудбалер. |
1983 | Клинт Демпси — американски фудбалер. |
1983 | Роберто Ферари — италијански велосипедист. |
1990 | Дели Блинд — холандски фудбалер. |
1994 | Окај Јокушлу — турски фудбалер. |
1995 | Анхел Кореа — аргентински фудбалер. |
2000 | Педро Нето — португалски фудбалер. |
Починале:
1661 | Жил Мазарен — истакнат француски политичар од италијанско потекло. |
1782 | Сава Петровиќ Његош — црногорски владика и митрополит. |
1851 | Ханс Кристијан Ерстед — дански физичар. |
1992 | Менахем Бегин — израелски политичар. |
1993 | Вања Војнова — бугарска кошаркарка. |
1994 | Хенри Чарлс Буковски — поет и писател од САД. |
2018 | Атанас Кираџиев — македонски атлетичар. |