6 век
< 5 век | 6 век | 7 век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
6 век — век кој започнал на 1 јануари 501 год., а завршил на 31 декември 600 год.
На Запад, овој век го означува крајот на класичната антика и почетокот на средниот век.[1] По падот на Западното Римско Царство, кон крајот на V век, Европа се распаднала на многу мали германски кралства, кои жестоко се натпреварувале за земја и богатство.[2] Најголемото од нив било Кралството на Франките, кое опфаќало голем дел од територијата на денешна Франција и Германија.[2] Во меѓувреме, Источната римска империја (Византија) почнала да ги враќа загубените територии за време на владеењето на царот Јустинијан. Тој успеал да ја поврати територијата на северна Африка, која претходно била освоена од Вандалите, и се обидел да ја поврати територијата на Италија, со надеж дека повторно ќе воспостави римска контрола над земјите кои некогаш биле дел од Западното Римско Царство.[3]
За време на второто Златно доба, Сасанидското Царство го достигнала врвот на својата моќ под Хозров I Ануширван, во 6 век.[4] Во средината на 6 век, хунските походи ставиле крај на класичната Гупта империја во северна Индија.[5] Во Јапонија, завршил периодот Кофун, а започнал периодот Асука. Откако била поделена повеќе од 150 години помеѓу јужни и северни династии, Кина конечно повторно била обединета под династијата Суи.[6] Трите кралства на Кореја опстојувале и во текот на 6 век. Ѓоктурците станале голема сила во Средна Азија по победата над Жужанскиот каганат.
На Американскиот континент, Теотиуакан почнал да опаѓа во текот на 6 век, откако го достигнал својот зенит во периодот меѓу 150 и 450 година. Цивилизацијата на Маите во Средна Америка се наоѓала во својот класичен период.[7]
Настани
уреди- Ран 6 век - Ах Суиток Тутул Шиу го основал мајанскиот град Ушмал.
- Ран 6 век – Била основана првата академија на исток, Академијата на Гундешапур, во Персија од страна на Хозров I Ануширван.
- Ран 6 век – Ирски колонисти, познати како Шкоти, почнале да мигрираат во Каледонија (подоцна позната како Шкотска).
- Ран 6 век – Зен будизмот продрел во Виетнам од Кина.
- Ран 6 век – Од ова време потекнуваат Ханива фигурите, пронајдени во Кјото, Јапонија.
- Ран 6 век – Бил завршен мозаикот во базиликата Сант Аполинаре ин Класе, во Равена, Италија.
- 502: Кинески анали споменуваат постоење на будистичко кралство, Канто Лим, во јужна Суматра.
- 507: Се одвивала Битката кај Вуие.
- 518: Умрел византискиот цар Анастасиј I, а бил наследен од Јустин I.
- 522: Во Византија за првпат биле донесени јајца од свилени буби и започнало производството на свила.
- Околу 524: Боетиј го напишал своето дело De consolatione philosophiae.
- 525: Скитскиот монах Дионисиј Малиот, откако се населил во Рим го измислил календарот на нашата ера (лат. Anno Domini), кој го базирал на проценетата година на раѓање на Исус Христос.
- 527: Јустинијан I го наследил Јустин I како цар на Источното Римско Царство (Византија).
- 529: Свети Бенедикт го основал манастирот Монтекасино, близу до градот Касино, Италија.
- 532: Бунтот Ника во Цариград. Тој бил еден од најнасилните бунтови во историјата на градот, при што речиси половина од Цариград бил изгорен или уништен, а десетици илјади луѓе загинале.
- 535: Се претпоставува дека оваа година избувнала силна вулканска ерупција некаде во тропските региони, која предизвикала ненормално студено време во текот на следните неколку години, што довело со масовна глад и смрт на населението во северната полутопка.
- 537: Битката кај Калман, последната битка на легендарниот крал Артур.
- 541-542: Првата пандемија на бубонска чума (Јустинијанова чума) го погодила Цариград и остатокот од Византиското Царство.
- 545: Нубиското кралство Нобатија го прифатило христијанството.
- Средина на 6 век – Касиодор Сенатор основал ценбобитски манастир и скрипториум во близина на Сквилаче, Калабрија, Италија.
- Средина на 6 век – Будистичките приказни Јатака биле преведени на персиски по налог на зороастрискиот крал Хозров I Ануширван.
- Средина на 6 век – Бил изграден пештерскиот храм на Шива во Елефантските пештери, Махараштра, Индија. Пост-Гупта период.
- Втора половина на 6 век – Била направена иконата Богородица и дете со светци и ангели. Денес се чува во манастирот Света Катерина, Египет.
- 550: Кралството Фунан згаснало.
- 551: Бумин Каган го основал Турскиот каганат во Средна Азија.
- 552: Будизмот продрел во Јапонија во периодот Асука.
- 553: Петтиот вселенски собор се одржал во Цариград.
- 554: Остроготите биле протерани од Рим, а целата територија на Италија била присоединета кон Византија.
- 561 до 592: Будистичкиот монах Џнанагупта превел 39 сутри од санскритски на кинески.
- 563: Манастирот на островот Ајона (Шкотска) бил основан од Св. Колумба.
- 566: Се родил Ли Јуан, основачот на династијата Танг и подоцнежен император на Кина под името Гаоџу (618-626).
- 568: Лангобардите ја нападнале Италија и основале федерација на војводства со крал.
- 569: Нубиското кралство Алодија го прифатило христијанството.
- 569: Нубиското кралство Макуриа го рифатило христијанството.
- 570: Се родил исламскиот пророк Мухамед.
- 574: Византиското царство било нападнато од Словените.
- 577: Кибритот бил измислен во Кина за време на династијата Чен.
- 579 до 590: Владеел персискиот шах Хормазд IV.
- 582 до 602: Владеел византискиот цар Маврикиј.
- 585: Кралството на Свевите во Шпанија било освоено од страна на Визиготите.
- 587: Рекаред I, кралот на Визиготите во Шпанија, се преобратил во католицизам.
- 588: Шивадева се искачил на престолот на династијата Личхави во Непал.
- 589: Третиот собoр во Толедо ја додал клаузулата „филиокве“ на Никејскиот симбол на верата.
- 589: Кина повторно станала обединета под династијата Суи (589-618).
- 590: Папата Григориј I го наследил папата Пелагиј II (кој умрел од чума) како 64-ти папа.
- 594: Почеток на бенгалскиот календар.
- 595: Папата Григориј I испратил римски монаси предводени од Августин Кентербериски во Англија.
Личности
уреди- Августин Кентербериски, бенедиктански монах, прв надбискуп на Кентербери
- Амаласунтa (495 – 534/535), кралица на Остроготите, ќерка на Теодорих Велики
- Аратор, христијански поет од Лигурија
- Аријабхата, индиски математичар и астроном, откривач на нулата
- Артур, легендарен британски крал и победник над Англосаксонците
- Б'алам Нен (504-544), седми владетел на Копан
- Бенедикт (480-547), христијански светец, основач на монаштвото во западната црква
- Беовулф, легендарен англосаксонски и дански јунак
- Бодидарма, индиски будистички монах и основач на Чан будизмот
- Боетиј (480-525), римски поет и филозоф
- Борзуј, персиски мудрец
- Велизар, византиски генерал за време на Јустинијан I
- Вен Ди, основач и прв император на кинеската династија Суи
- Венанциј Фортунат (околу 540 - 600/609), венецијански поет, патник и бискуп на Поатје (599 - 600/609)
- Ви Јол К'инич (532-551) 8-ми мајански владетел на Копан
- Ву од Лианг, основач на династијата Лианг во Кина
- Григориј I (540-604), богослов, 64-ти римски папа (590-604)
- Григориј Турски (538-594), бискуп на Тур, галско-римски светец и историчар
- Даи Даошин (580-651), кинески будистички мудрец, познат како четврт будистички патријарх на Чан школата
- Енодиј (473/474 - 521), христијански бискуп на Павија и поет
- Ѕи Гуан (487-593), втор будистички патријарх на Чан школата
- Јаш-Јо'Паат, мајански крал на Каан кралството (572-579)
- Ји Ѕанг (549-623), кинески будистички монах и мудрец
- Јорданес, византиски историчар
- Јустинијан I (527-565), византиски цар
- К'ак'-Ути'-Чан (578–628), 11-ти владетел на Копан
- Караикал Амеијар, една од неколкуте жени меѓу 63-те Најанмари во раната тамилска литература
- Касиодор Сенатор (485 - околу 585), римски државник и историчар
- Квинт Аврелиј Мемиј Симах (522-526), римски политичар, историчар, конзул
- Хлодовик I (околу 466-511), првиот крал на Франките
- Колумбан (540-615), ирски христијански монах и мисионер
- Леандар од Севиља (534-601), шпански епископ и теолог
- Мукан Каган, каган на кралството на Гок Турците (554-572), за време на кој влијанието на Согдија го достигнало својот зенит
- Мухамед, исламски пророк (роден 570)
- Прокопиј Кесариски, византиски историчар од Палестина
- Радегунда (520-587), Тирингишка принцеза и франкиска кралица, подоцна калуѓерка и основач на манастирот Свети крст, Поатје
- Родгар, легендарен дански крал, се спомнува во епот за Беовулф
- Сак-Лу (551-553), 9-ти владетел на Копан
- Сен Цан (починал 606), третиот будистички патријарх на Чан школата
- Суико, јапонска царевица, прва јапонска жена-владетел
- Талиесин, велшки поет
- Теодора (500-548), византиска царевица, сопруга и советник на царот Јустинијан I
- Теодорих Велики (454-526), крал на Остроготите, крал на Италија, регент на Визиготите
- Тирунавукарасар (крај на 6 - средина на 7 век), тамилски поет и светец
- Туун К'аб Хиш, мајански крал на кралството Каан (520-546)
- Уне Кан, мајански владетел на кралството Каан (579-611)
- Хозров I Ануширван, сасанидски шах (531-579)
- Кесариј Арлски (468/470 - 542), епископ на Арл
- Ци-Б'алам (553-578), 10-ти владетел на Копан
- Шашанка (околу 590-625), владетел кој го обединил Бенгал и го основал сувереното кралство на Гада во Бенгал
- Шотоку Таиши (573-621), јапонски државник, филозоф и писател на уставот од 17 члена
Откритија
уреди- Скитскиот монах Дионисиј Малиот, откако се населил во Рим го измислил календарот на нашата ера (лат. Anno Domini), кој го базирал на проценетата година на раѓање на Исус Христос. На овој систем се заснова грегоријанскиот календар.
- Играта „Табла“ била измислена во Персија од персискиот лекар Борзуи.
- Шахот, како чатуранга, бил донесен во Персија од Индија и бил изменет во шатранџ.
- Технологијата на правење на свила била донесена во Византија од Кина.
- За време на Чен династијата во Кина бил измислен кибритот.
- Вагбата, индиски медицински книги.
- Во 589 година, кинескиот функционер Јан Џициу за првпат спомнува употреба на тоалетна хартија во историјата.
- Значаен за историјата на земјоделството, кинескиот автор Џиа Шеија го напишал трудот Чи Мин Јао Шу, во 535 година, и иако цитира 160 претходни кинески книги за агрономија, тоа е најстариот постоечки кинески земјоделски текст. Со над сто илјади кинески знаци, книгата опфаќа подготовка на земјиште, сеење, одгледување на овоштарници, шумарство, сточарство, трговија и кулинарски рецепти.
Наводи
уреди- ↑ Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 272–276.
- ↑ 2,0 2,1 Maksimović, Ljubomir; Mihaljčić, Rade (1983). Srednji vek i renesansa. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 10–19.
- ↑ Maksimović, Ljubomir; Mihaljčić, Rade (1983). Srednji vek i renesansa. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 50–75.
- ↑ Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 295–298.
- ↑ Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 304–306.
- ↑ Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 312–315.
- ↑ Maksimović, Ljubomir; Mihaljčić, Rade (1983). Srednji vek i renesansa. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 300–310.