Англосаксонци
Англосаксонците — културна група која ја населувала Англија во раниот среден век. Потекнуваат од доселениците кои дошле во Британија од континентална Европа во 5 век. Сепак, етногенезата на англосаксонците се одвивала во Британија. Англосаксонскиот идентитет произлегол од меѓусебната интеракција на дојдените германски племиња, но и од интеракцијата со домородните Британци. Многу домородци со текот на времето ја прифатиле англосаксонската култура и јазик и биле асимилирани.
Историја
уредиИсториски, англосаксонскиот период го опфаќа периодот во Британија од околу 450 до 1066 година, односно од нивното населување на островот до Норманското освојување.[1] Во раниот англосаксонски период била создадена англиска етничка група, со многу аспекти кои опстоиле до денес. Во овој период Англосаксонците го примиле христијанството и имало процут во литературата и јазикот. Биле носени повелби и закони.[2] Терминот англосаксонски јазик се користи за јазикот кој го зборувале и пишувале Англосаксонците во Англија и југоисточна Шкотска од средината на 5-от век до средината на 12-от век. Меѓутоа, овој јазик во науката најчесто се нарекува староанглиски.[3]
Историјата на англосаксонците е историја на нивниот културен идентитет. Идентитетот се развил од разнородни групи и се поврзува со прифаќање на христијанство од луѓето, и бил мошне значаен за основањето на многу кралства. Загрозени од долготрајните инвазии од дански Викинзи и воената окупација на источна Англија, овој идентитет бил повторно воспоставен и доминирал сè до Норманското освојување. [4] Англосаксонското материјално културно наследство може да се види и денес во архитектурата, стилот на облекување и уметноста. Зад симболиката на овие културни обележја, има силни елементи на племенски и господарски врски. Луѓето од елитата се самопрогласувале за кралеви и граделе бурхови (утврдени градови) и според принципите во Библијата си ја дефинирале својата улоги и улогата на својот народ. Во текот на англосаксонскиот период, месните и пошироките родовски заедници биле суштинска единица во производството.[5] Според една студија од 2015, ефектите од родовската поделба се присутни и денес, односно дека генетскиот состав на Британците денес се совпаѓа со поделбата на племенските политички единици од раниот англосаксонски период. [6]
Терминот англосаксонски почнал да се користи во 8 век (на латински и на континентот) за да ги разграничат „германските“ етнички групи во Британија од оние на континентот (Стара Саксонија и Ангелн во Северна Германија).[7]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Higham, Nicholas J., and Martin J. Ryan. The Anglo-Saxon World. Yale University Press, 2013.
- ↑ Higham, Nicholas J., and Martin J. Ryan. The Anglo-Saxon World. Yale University Press, 2013. p. 7
- ↑ Richard M. Hogg, ed. The Cambridge History of the English Language: Vol 1: the Beginnings to 1066 (1992)
- ↑ Higham, Nicholas J., and Martin J. Ryan. The Anglo-Saxon World. Yale University Press, 2013. pp. 7–19
- ↑ Hamerow, Helena. Rural Settlements and Society in Anglo-Saxon England. Oxford University Press, 2012. p166
- ↑ Sarah Knapton (18 March 2015). „Britons still live in Anglo-Saxon tribal kingdoms, Oxford University finds“. Daily Telegraph. Архивирано од изворникот на 2022-01-10. Посетено на 19 March 2015.
- ↑ Higham & Ryan 2013 "The Anglo-Saxon World"
Надворешни врски
уреди- Фотографии од над 600 предмети пронајдени во англо-саксонската резерва во Стафордшир септември 2009 година
- Англосаксонско златно складиште Септември 2009 година: најголемото складиште досега официјално прогласено богатство
- Пронајдена огромна англо-саксонска златна резерва, BBC News, со фотографии.
- Fides Angliarum Regum: верата на англиските кралеви
- Англо-саксонско потекло: реалноста на митот од Малколм Тод
- Англосаксонски речник
- Библиографија на англосаксонските теми на Сајмон Кејнз