Овоштарник
Овоштарник — место засадено со овошни дрва, односно тоа е замјоделска површина каде постои намерно садење дрвја или грмушки, кои се одгледуваат за производство на храна. Овоштарниците содржат дрвја за производство на овошје или јаткасти плодови, кои генерално се одгледуваат за комерцијално производство. Овоштарниците понекогаш се појавуваат и во големите градини, каде што служат естетска, покрај производствената цел[1]. Овошната градина обично е синоним за овоштарник, иако е поставена на помало некомерцијално ниво и може да има поголема застапеност на грмушки на бобинки (шумски плодови) во однос на овошните дрвја. Овоштарниците во умерените климатски зони се уредени во дрворедна мрежа, со косена трева или со гола обработена почва што го олеснува собирањето зрелите плодови на овошјето. Обработката на овоштарниците подразбира орање, кастрење, заштита на дрвјата од инсекти и болести, берба, а посебен метод за размножување и модифицирање на овошните дрва во овоштарството е калемењето.
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ Luther Burbank. Practical Orchard Plans and Methods: How to Begin and Carry on the Work. The Minerva Group. ISBN 1-4147-0141-1.