Бенедикт Нурсиски
Бенедикт Нурсиски — христијански монах, игумен и светец кој се смета за основач на монаштвото во западната црква.
Свети Бенедикт | |
---|---|
Патрон на Европа | |
Роден(а) | 480, Нурсија (Италија) |
Починал(а) | 547, Монтекасино |
Почитуван(а) во | Римокатоличка црква Англиканска црква Православна црква лутеранска црква |
Канонизација | 1220, Рим од Папа Хонориј III |
Слава | 11 јули (Римокатоличка црква), (Англиканска црква) 14 март (Православна црква) |
Роден e во Нурсиската област во Италија, во 480 година, од познати и богати родители. Во училиштето не се задржал долго бидејќи заминал во некој манастир, каде што го замонашил инокот Роман, а подоцна се повлекол во една шпилеста гора каде останал во една пештера повеќе од три години. Папата Григориј I пишува дека св. Бенедикт го одбил образуванието во Рим, зашто во тоа гледал опасност за својата душа и „си заминал оттаму свесно неук и мудро необразован“.[1]
Според христијанската традиција, Роман му донесувал леб и му го спуштал од шпилеста карпа со јаже до пред пештерата. Кога се прочул по околината, да би ја избегнал славата од луѓето, се оддалечил од таа пештера. Кон себе бил мошне суров. Еднаш кога нечистиот бес на телесната похот го спопаднал, тој се слекол гол и се тркалал по копривите и трњето сè додека не ја отстранил и секоја помисла за жена. Бог го надарил со многу духовни дарови: проѕирал, исцелувал, изгонувал лоши духови, воскреснувал мртви, им се јавувал на други и најаве и на далечина во сонот. Еднаш провидел дека му e послужена чаша вино со отров. Тој ја прекрстил чашата и чашата се распрснала.
Свети Бенедикт основал 12 манастири, во секој во почетокот по 12 монаси. Подоцна се создал посебен ред бенедиктанци, кој и денес постои во Римокатоличката црква. На шест дена пред смртта тој наредил да се отвори неговиот гроб. Неговата родена сестра, Схоластика, живеела во еден женски манастир, па угледувајќи се на својот брат и самата многу се подвизувала и дошла до големо духовно совршенство. Кога св. Бенедикт починал, двајца монаси, еден на пат а другиот пак во некоја оддалечена келија на молитва, истовремено виделе иста визија: пат од земјата до небесата послан со скапоцени ткаенини и осветлен по страните со редови луѓе; на врвот на тој пат стоел некој човек со неопишлива убавина и светлина, кој им кажал дека тој пат e подготвен за Бенедикта, на Бога омилениот. По таа визија, тие двајца браќа дознале дека нивниот добар игумен се преселил од овој свет[2].
Православната црква неговиот ден го чествува на 14 март.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Преподобен Бенедикт — житие од македонскиот православен календар