Симбол на верата (службено: Символ на верата, од грчки: σύμβολον) — систем на основните начела и верувања на православното христијанство.

Образец на симболот на верата, во XVII век

Христијански симболи на верата

уреди

Во христијанството, под симболи на верата традиционално се сметаат кратките излагања на црковните догмати.

Некои богослови го изведуваат симболот на верата од сопственото излагање на верувањата, т.е од излагањата на христијанските вероученија кои произлегуваатод Вселенските собори, или пак како исповедања на верата на одделни лица. Симболите на верата секогаш се одликуваат по нивната краткост; тие само ги излагаат, во аподиктски облик, основните и неоспориви темели (догмати) на христијанството, без обид да тие се докажат, туку како предмет на вера.

Историја на христијанските симболи на верата

уреди

Во темелот на христијанството лежи верувањето дека Бог, заради спасение на човештвото од товарот на прародителскиот грев, го испратил својот Син Исус Христос на земјата, кој се воплотил отсекогаш Дева Марија и Светиот Дух, кој заземал човечки облик, бил распнат, умрел и воскреснал на третиот ден, победувајќи ја смртта.

Првите црковни отци ги излагале ученијата на Исуса Христа и неговите апостоли пред своите ученици, воспоставувајќи ја основата на пастирската дејност, која се означува со зборовите πιστις κάνων αληθεία, regula veritatis и влегла во составот на христијанската disciplinae arcanae. Самите црковни отци неретко забележуваат дека πιστις, или regula fidei им била предана ним од апостолите кои, пак, ја примиле лично од Христа. Писменото излагање на некои детали околу таа regula fidei прво се појавуваат околу 140 година по Христа, во евангелската формула за крштевање (во името на Отецот и Синот и Светиот Дух) и натписите на Тертулијан, Кипријан, Фирмилијан Ќесариски и канонот на коптската црква.

Првиот праобраз на симболот на верата се појавува кај апостолот Павле, кој запишал:

Јас најпрвин ви ја пренесов најважната порака, онака како што и мене ми беше пренесена: Христос умре за нашите гревови, согласно со предвестувањето запишано во Светото Писмо;беше погребан и воскресна на третиот ден, согласно со предвестувањето запишано во Светото Писмо. Воскреснатиот Христос му се јави на Петар и на дванаесетте апостоли, а подоцна и на повеќе од петстотини Негови следбеници заедно, од кои повеќето сè уште се живи, иако некои веќе починаа. Потоа му се јави на Јаков, а на крајот повторно на сите апостоли (1 послание до Коринќаните, 15:3-7). 

Руфин Аквилејски и Маркел Анкирски го превеле Староримскиот симбол на верата на латински (Руфин) и грчки (Маркел) јазик. Претходник на староримскиот симбол е Апостолскиот симбол на верата

Руфин го пронашол и таканаречениот Апостолски симбол на верата, напишан на латински јазик. При преведувањето на овој симбол на верата, Руфин утврдил дека тој е изворниот текст на симболот, составен од апостолите на Ерусалимскиот собор

Според историските податоци, апостолите пред овој собор имале сопствени симболи на верата, согласно потребите на местата на коишто тие проповедале. Но, на соборот одлучиле да заеднички состават еден образец на верата, кој би им служел како одбрана од можните недоразбирања при проповедите и пастирската служба. Тие го нарекле овој колективен документ Симболот на верата, укажувајќи дека тој претставувал сумација на ученијата кои ги проповедале сите апостоли.

Пронајдениот симбол Руфин го нарекува апостолски, затоа што секој збор во него бил предан од апостолите (1 Коринќаните 9, Дела апостолски 15), односно затоа што ја содржи верата која несомнено ја проповедале апостолите.

Но, затоа што пред него апостолите ги проповедале сопствените симболи на верата, овој симбол не може да се нарече единствен апостолски.

Римокатоличката црква  го смета апостолскиот симбол на верата како еден од најважните христијански симболи, дотаму што в целост го вклучува во розариската молитва. Зборот апостолски, според нивните современи толкувања, означува дека симболот ја исповеда верата онака како што ја проповедале апостолите, но не и дека тој произлегол од нивните пера.

Самиот Рубинов текст на апостолскиот симбол, очистен од премисите на аквилејското уредништво, содржи четири текстови на тој симбол според четири различни читања. Современиот текст на овој симбол првпат се среќава во записите на источната црква некаде околу шестиот век.

Од гледиштето на православието, основниот документ на христологијата е Халкидонскиот симбол на верата, додека во тријадологијата за главен симбол се смета Никејско-Цариградскиот. Овие симболи прво биле составени на Никејскиот собор, во 325 г. додека во 381 година на Цариградскиот биле обединети во еден.

Исповедањето на Никео-Цариградскиот симбол е неодвоив дел од светата тајна крштение. При крштевање на новороденчиња, симболот наместо нив го исповеда нивниот кум. 

Извор на симболот

уреди
 
Симболот на верата, во книгата «Последиците на  соединувањето на иноверните кон православната источна црква». Киев, 1759. Симболот и бил прочитан на царицата Екатерина Алексеевна при нејзиниот премин во православие, на 28 јуни 1744 година.
Самиот назив «Симбол на верата» не се користел во древниот период на црквата; првпат се среќава кај  Амвросие Медиолански, во неговото послание до папата Сирициј Први. Всушност, обичајот да тој се нарекува така е западни обичај, а самиот назив преминал во употреба токму затоа што на грчки значи «Ученија (повелби) на верата». Источните црковни отци и собори не го нарекувале симболот Симбол, но Излагање на верата, или едноставно: Верувам. Во категоријата вероизложение, напишани од одделни богослови, Челцов ги сместува оние на презвитерот Викентије, монахот на Леринскиот монастир, напишани околу 434 година. Вероизложенијата и исповеданијата ги запишале авторитетни јерарси или други учени лица.
☃☃
За симболи на верата, Челцов ги смета следниве:
  • апостолската вера на ерусалимската црква
  • црковната вера на ќесариско-палестинската црква
  • вселенската вера на антиохиската црква
  • апостолската вера на кипарската и малоазиската црква
  • апостолските догмати на александриската црква и
  • апостолскиот симбол на верата на римската црква
За изворноста на овие симболи и нивното апостолско потекло постојат докази уште од древните времиња.

Иринеј и Тертулијан не говорат за овие симболи како за нешто ново, туку како апостолски преданија( 1 Тим. VI, 12; 1 Петр. III, 21). Симболите на верата кои се читаат при крштевањето Тертулијан ги нарекува «правила, од Христа воспоставени, кои не избавуваат од секакви недоумици». Тој сметал дека при крштение се произнесува правилото на верата како одговор на прашањето кое го дава презвитерот кој крштева: «веруваш ли во она кое Господ го открил во Евангелијата?».

Кирил Ерусалимски го нарекува симболот на верата на ерусалимската црква „света и апостолска вера“; Макариј Ерусалимски, по ликот на Геласиј Кизически, на Никејскиот собор го нарекол ерусалимскиот симбол на верата «апостолската неизменета вера, која ја штити црквата Христова по начелата и преданијата на Господа преку апостолите од колено на колено и ќе ја штити во век и векови».

Јован Касијан го смета текстот на антиохискиот симбол на верата како изложената вера на целата црква, како една вера за сите. Александар, епископот александриски, го нарекува александрискиот симбол на верата «апостолските догмати на црквата».

Симболот на верата во богословието

уреди

Единствениот ран симбол на верата на кого му било дадено посебно име бил апостолскиот. Светото предание го припишува на дванаесетте апостоли: тоа тврди дека секој од нив напишал по еден дел од симболот на верата. Иако не се знае со сигурност дали тој навистина настанал така, тој е сепак доволно древен за да биде вистина. Бил составен речиси в целост врз основите на катехизисот и употребуван при крштевањето на возрасни личности. Во тој облик, тој би можел да биде составен уште во вториот век.

Апостолскиот симбол на верата скоро сигурно бил формулиран како против-одговор на докетизмот и други, слични идеи.

Никејско-цариградскиот симбол на верата

уреди

Составен на првиот вселенски собор во Никеја, Мала Азија, во 325 година. Во 381 година бил проширен и дополнет на вториот вселенски собор во Цариград. Бил именувам по местото на кое што се одржал соборот.

Овој симбол ги влече своите основи од апостолскиот симбол на верата. Кон оваа основа биле придодадени од христологијата тројството, отфрлајќи ја аријевската ерес.

Никео-Цариградскиот симбол се користи како во православието, така и во римокатолицизмот. Во вториот случај, тој се користи со дополнението филиокве, т.е тврдењето дека Светиот Дух не произлегува само од Отецот, туку и од Синот.

Содржина на симболот

уреди
Верувам во Единиот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и на земјата, и на сè видливо и невидливо;
И во Единиот Господ Исус Христос, Син Божји, Единороден, Кој е роден од Отецот пред сите векови; Светлина од Светлина, вистински Бог од вистинскиот Бог, роден, нестворен, единосуштен на Отецот, преку Кого сè станало;
Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение, слезе од небесата и се воплоти од Светиот Дух и Марија Дева, и стана човек;
И Кој беше распнат заради нас во времето на Понтиј Пилат, и страдаше и беше погребeн;
И Кој воскресна во третиот ден, според Писмото;
И Кој се вознесе на небесата, и седи оддесно на Отецот;
И Кој пак ќе дојде со слава, за да им суди на живите и на мртвите, и Неговото царство не ќе има крај;
И во Светиот Дух, Господ, Кој живот твори, Кој исходи од Отецот, Кој со Отецот и Синот е почитуван и славен, и Кој говорел преку пророците;
Во едната света, соборна, и апостолска Црква;
Исповедам едно крштение, за простување на гревовите;
Го чекам воскресението на мртвите;
И животот во идниот век. Амин.


Наводи

уреди