Копа Америка 2019
Копа Америка 2019 — 46. издание на Копа Америка, главниот меѓународен фудбалски турнир за репрезентациите од Јужна Америка, организиран од страна на КОНМЕБОЛ.
Копа Америка 2019 CONMEBOL Copa América Brasil 2019 | |
---|---|
2019 Copa América official logo Vibra o Continente (Vibra el Continente) | |
Податоци за првенството | |
Земја | Бразил |
Датум на одржување | 14 јуни – 7 јули |
Екипи | 12 (од 2 конфедерации) |
Стадиони | 6 (во 5 градови домаќини) |
Финални резултати | |
Прво место | Бразил (9. титула ) |
Второ место | Перу |
Трето место | Аргентина |
Четврто место | Чиле |
Статистики на првенството | |
Број на натпревари | 26 |
Постигнати голови | 60 (2.31 по натпревар) |
Гледачи | 855.861 (32.918 по натпревар) |
Голгетер | Евертон Паоло Гереро (по 3 гола) |
Најдобар играч | Дани Алвес |
Најдобар голман | Алисон |
Фер плеј награда | Бразил |
← 2016 2020 → |
Турнирот се одржал во Бразил од 14 јуни до 7 јули 2019. Вкупно 12 репрезентации учествувале на турнирот, 10 од Јужна Америка и две земји гостинки од Азија Јапонија и Катар. Чиле влегол во турнирот како бранител на титулата од претходните две изданија во 2015 и 2016 година.
Бразил ја освоил титулата на Копа Америка 2019, нивна деветта во историјата, победувајќи го Перу со 3-1 во финалето.[1] Аргентина го освоила третото место на турнирот победувајќи го Чиле со 2-1 во натпреварот за третото место.[2]
Изборот на домаќин
уредиПрвично, домаќин на Копа Америка во 2019 година требало да биде Чиле, додека Бразил требало да биде домаќин на Копа Америка 2015,[3] поради политиката на КОНМЕБОЛ турнирите да се одржуваат во секоја од земјите одејќи по азбучен ред. Сепак, поради организацијата на Купот на Конфедерации 2013, Светското првенство 2014 и Летните олимписки игри 2016 во таа земја, Бразил одлучил да не биде домаќин на Копа Америка 2015. Така фудбалските федерации на Бразил и Чиле се согласиле да го променат редот на домаќинство на првенствата во 2015 и 2019 година.[4] Овој договор бил одобрен и од КОНМЕБОЛ во 2012 година.[5]
Копа Америка 2019 година ќе биде последното издание кое се игра во непарни години и со 12 екипи. Почнувајќи од 2020 година, турнирот ќе се одржува во истата година како и УЕФА Европското првенството.
Стадиони
уредиНа 14 јуни 2018 година, потпретседателот на Фудбалската федерација на Бразил Фернандо Сарнеј објавил дека пет градови ќе бидат домаќини на турнирот: Салвадор, Рио де Жанеиро, Бело Хоризонте и Порто Алегре. Списокот на стадионите бил решен на 17 септември 2018 година.[6] Натпреварот со кој ќе се отвори пренството ќе се одигра на Морумби во Саун Пауло, полуфиналните натпревари ќе се одржат на Арена до Гремио во Порто Алегре и Минеирао во Бело Хоризонте, а финалето ќе се одржи на Маракана во Рио де Жанеиро.[7] На 23 ноември 2018, КОНМЕБОЛ објавиле дека кај вториот стадион во Саун Пауло ќе има промена и наместо Алијанц Парки домаќин на турнирот ќе бида Арена Коринтијанс.[8]
Рио де Жанеиро | Саун Пауло | |||
---|---|---|---|---|
Маракана | Морумби | Арена Коринтијанс | ||
Капацитет: 74,738 | Капацитет: 67,428 | Капацитет: 49,205 | ||
Бело Хоризонте | Порто Алегре | Салвадор | ||
Минеирао | Арена до Гремио | Арена Фонте Нова | ||
Капацитет: 58,170 | Капацитет: 55,662 | Капацитет: 51,900 | ||
Репрезентации
уредиПокрај сите десет репрезентации членки на КОНМЕБОЛ кои имаат право да влезат во натпреварувањето, КОНМЕБОЛ првично планирал да одржи турнир од 16 екипи со покана на шест екипи надвор од КОНМЕБОЛ. На 16 март 2018 година, КОНМЕБОЛ објавил три екипи од КОНКАКАФ конфедерацијата и три екипи од Азиската фудбалска конфедерација (АФК) кој ќе бидат поканети да учествуваат на Копа Америка 2019.[9][10] На 12 април 2018 година, било објавено дека Катар, земјата домаќин на Светското првенство 2022, ја прифатил поканата за учество на турнирот.[11] На 4 мај 2018 година, КОНМЕБОЛ објавил дека турнирот сепак ќе се одигра со 12 екипи, истиот број како и на претходните изданија почнувајќи од 1993 (освен на Копа Америка Сентенарио кој се одржал во 2016 година), и дека двете екипи гост ќе бидат Катар и Јапонија од АФК конфедерацијата.[12] Овие две репрезентации успеале да стигнат до финалето на АФК Азискиот куп 2019 кој се одржал во ОАЕ, што го освоил Катар.
За Катар ова било нивното прво учество на Копа Америка и со тоа тие станале првата арапска нација која играла на турнирот, додека Јапонија го имала својот втор настап, откако претходно учествувале на изданието во 1999. Ова исто така ќе биде првата Копа Америка на која нема да има ниту еден тим од КОНКАКАФ конфедерацијата, откако на неа учествуваат и поканети екипи; особено ова се однесува на Мексико, кои се натпреварувал на сите десет изданија од 1993 година како поканета екипа, а нема да учествува на овој турнир. САД исто така се натпреварувале на четири турнири, вклучувајќи го и изданието во 2016 година како домаќин.[13]
Ждрепка и групи
уредиРаспоред на репрезентациите по шешири пред извлекувањето на ждрепката:
Шешир 1 | Шешир 2 | Шешир 3 | Шешир 4 |
---|---|---|---|
Со ждрепката репрезентациите биле распоредени во следниве групи:
Група А | Група Б | Група Ц |
---|---|---|
Судии
уредиНа 21 март 2019 година, бил објавен списокот на судии за Копа Америка кој го сочинувале 23 главни и 23 помошни судии.[14][15]
Држава | Судии | Помошни судии |
---|---|---|
Аргентина | Нестор Питана Фернандо Рапалјини Патрисио Лоустау |
Ернан Мајдана Хуан Пабло Белати Есекиел Браиловски |
Боливија | Гери Варгас | Хосе Антело Едвар Саведра |
Бразил | Вилтон Сампајо Рафаел Клаус Андерсон Даронсо |
Родриго Кореја Марсело ван Гасе Клебер Жил |
Венецуела | Алексис Ерера Хесус Валенсуела |
Карлос Лопес Луис Муриљо |
Еквадор | Роди Самбрано Карлос Орбе |
Кристијан Лескано Бајрон Ромеро |
Колумбија | Вилмар Ролдан Андрес Рохас Николас Галјо |
Александер Гусман Вилмар Наваро Џон Александер Леон |
Парагвај | Марио Дијас де Вивар Арналдо Саманиего |
Едуардо Кардосо Дарио Гаона |
Перу | Диего Аро Виктор Карилјо |
Џони Босио Виктор Раес |
Уругвај | Естебан Остојич Леодан Гонсалес |
Николас Таран Ричард Тринидад |
Чиле | Роберто Тобар Хулио Баскуњан Пјеро Маса |
Кристијан Шиман Клаудио Риос |
Состави на репрезентациите
уредиСекоја репрезентација мора на првенството да поведе 23 фудбалери, од кои три мора да бидат голмани.[16]
Фаза по групи
уредиПозициите на табелата се одредуваат на следниов начин:
- Освоени бодови во сите одиграни натпревари од групната фаза (3 бода за победа, 1 за нерешено, 0 за пораз);
- Гол разлика во сите одиграни натпревари од групната фаза;
- Број на постигнати голови во сите натпревари од групната фаза;
- Меѓусебен скор помеѓу екипите кои се изедначени на табелата;
- Гол разлика помеѓу екипите кои се изедначени на табелата;
- Вкупен број на постигнати голови помеѓу екипите кои се изедначени на табелата;
- Фер плеј бодови во сите одиграни натпревари од групната фаза (само едно одземање на бодови за фер плеј листата може да се примени на еден играч на еден натпревар):
- Жолт картон: −1 бод;
- Индиректен црвен картон (втор жолт картон): −3 бода;
- Директен црвен картон: −4 бода;
- Жолт картон а потоа директен црвен картон: −5 бода;
- Извлекување на кугли.
Група A
уредиПоз. | Репрезентација | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Бразил | 7 | 3 | 2 | 1 | 0 | 8 | 0 | +8 |
2. | Венецуела | 5 | 3 | 1 | 2 | 0 | 3 | 1 | +2 |
3. | Перу | 4 | 3 | 1 | 1 | 1 | 3 | 6 | -3 |
4. | Боливија | 0 | 3 | 0 | 0 | 3 | 2 | 9 | -7 |
14 јуни 2019 | Бразил | 3-0 | Боливија | Морумби, Саун Пауло |
---|---|---|---|---|
21:30 Историја на досегашните натпревари Бразил - Боливија |
Коутињо 50' (пен..), 53' Евертон 85' |
Извештај | Судија: Нестор Питана |
15 јуни 2019 | Венецуела | 0-0 | Перу | Арена до Гремио, Порто Алегре |
---|---|---|---|---|
16:00 Историја на досегашните натпревари Венецуела - Перу |
Извештај | Судија: Вилмар Ролдан |
18 јуни 2019 | Боливија | 1-3 | Перу | Маракана, Рио де Жанеиро |
---|---|---|---|---|
18:30 Историја на досегашните натпревари Боливија - Перу |
Морено 28' (пен..) | Извештај | Гледачи: 26,346[17] Судија: Роди Самбрано |
18 јуни 2019 | Бразил | 0-0 | Венецуела | Арена Фонте Нова, Салвадор |
---|---|---|---|---|
21:30 Историја на досегашните натпревари Бразил - Венецуела |
Извештај | Гледачи: 42,587[18] Судија: Хулио Баскуњан |
22 јуни 2019 | Перу | 0-5 | Бразил | Арена Коринтијанс, Саун Пауло |
---|---|---|---|---|
16:00 Историја на досегашните натпревари Перу - Бразил |
Извештај |
|
Гледачи: 42,317[19] Судија: Фернандо Рапалјини |
22 јуни 2019 | Боливија | 1-3 | Венецуела | Минеирао, Бело Хоризонте |
---|---|---|---|---|
16:00 Историја на досегашните натпревари Боливија - Венецуела |
|
Гледачи: 8,091[20] Судија: Естебан Остојич |
Група Б
уредиПоз. | Репрезентација | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Колумбија | 9 | 3 | 3 | 0 | 0 | 4 | 0 | +4 |
2. | Аргентина | 4 | 3 | 1 | 1 | 1 | 3 | 3 | 0 |
3. | Парагвај | 2 | 3 | 0 | 2 | 1 | 3 | 4 | -1 |
4. | Катар | 1 | 3 | 0 | 1 | 2 | 2 | 5 | -3 |
15 јуни 2019 | Аргентина | 0-2 | Колумбија | Арена Фонте Нова, Салвадор |
---|---|---|---|---|
19:00 Историја на досегашните натпревари Аргентина - Колумбија |
Извештај | 71' Мартинес 86' Д. Сапата |
Судија: Роберто Тобар |
16 јуни 2019 | Парагвај | 2-2 | Катар | Маракана, Рио де Жанеиро |
---|---|---|---|---|
16:00 Историја на досегашните натпревари Парагвај - Катар |
Извештај | Судија: Диего Аро |
19 јуни 2019 | Колумбија | 1-0 | Катар | Морумби, Саун Пауло |
---|---|---|---|---|
18:30 Историја на досегашните натпревари Колумбија - Катар |
|
Извештај | Гледачи: 22,079[21] Судија: Алексис Ерера |
19 јуни 2019 | Аргентина | 1-1 | Парагвај | Минеирао, Бело Хоризонте |
---|---|---|---|---|
21:30 Историја на досегашните натпревари Аргентина - Парагвај |
Извештај |
|
Гледачи: 35,265[22] Судија: Вилтон Сампајо |
23 јуни 2019 | Катар | 0-2 | Аргентина | Арена до Гремио, Порто Алегре |
---|---|---|---|---|
16:00 Историја на досегашните натпревари Катар - Аргентина |
Извештај | Гледачи: 41,390[23] Судија: Хулио Баскуњан |
23 јуни 2019 | Колумбија | 1-0 | Парагвај | Арена Фонте Нова, Салвадор |
---|---|---|---|---|
16:00 Историја на досегашните натпревари Колумбија - Парагвај |
|
Гледачи: 13,903[24] Судија: Виктор Карилјо |
Група Ц
уредиПоз. | Репрезентација | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Уругвај | 7 | 3 | 2 | 1 | 0 | 7 | 2 | +5 |
2. | Чиле | 6 | 3 | 2 | 0 | 1 | 6 | 2 | +4 |
3. | Јапонија | 2 | 3 | 0 | 2 | 1 | 3 | 7 | -4 |
4. | Еквадор | 1 | 3 | 0 | 1 | 2 | 2 | 7 | -5 |
16 јуни 2019 | Уругвај | 4-0 | Еквадор | Минеирао, Бело Хоризонте |
---|---|---|---|---|
19:00 Историја на досегашните натпревари Уругвај - Еквадор |
Извештај | Гледачи: 13,611[25] Судија: Андерсон Даронсо |
17 јуни 2019 | Јапонија | 0-4 | Чиле | Морумби, Саун Пауло |
---|---|---|---|---|
20:00 Историја на досегашните натпревари Јапонија - Чиле |
Извештај | Гледачи: 23,253[26] Судија: Марио Дијас де Вивар |
20 јуни 2019 | Уругвај | 2-2 | Јапонија | Арена до Гремио, Порто Алегре |
---|---|---|---|---|
20:00 Историја на досегашните натпревари Уругвај - Јапонија |
Извештај |
|
Судија: Андрес Рохас |
21 јуни 2019 | Еквадор | 1-2 | Чиле | Арена Фонте Нова, Салвадор |
---|---|---|---|---|
20:00 Историја на досегашните натпревари Еквадор - Чиле |
Извештај |
|
Судија: Патрисио Лоустау |
24 јуни 2019 | Чиле | 0-1 | Уругвај | Маракана, Рио де Жанеиро |
---|---|---|---|---|
20:00 Историја на досегашните натпревари Чиле - Уругвај |
Извештај |
|
Гледачи: 57,442[27] Судија: Рафаел Клаус |
24 јуни 2019 | Еквадор | 1-1 | Јапонија | Минеирао, Бело Хоризонте |
---|---|---|---|---|
20:00 Историја на досегашните натпревари Еквадор - Јапонија |
|
|
Гледачи: 7,623[28] Судија: Хесус Валенсуела |
Поредок на третопласираните репрезентации
уредиПоз. | Група | Репрезентација | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | А | Перу | 4 | 3 | 1 | 1 | 1 | 3 | 6 | -3 |
2. | Б | Парагвај | 2 | 3 | 0 | 2 | 1 | 3 | 4 | -1 |
3. | Ц | Јапонија | 2 | 3 | 0 | 2 | 1 | 3 | 7 | -4 |
Нокаут фаза
уредиВо нокаут фаза, ако натпреварот заврши нерешено по 90 минути:
- Во четвртфиналето, продолженија нема да се играат, и ако натпреварот заврши нерешено по 90 минути се оди директно кон изведување на пенали.
- Во полуфиналето, натпреварот за третото место и финалето, продолженија ќе се играат (две продолженија од по 15 минути), каде на секоја екипа ќе и биде дозволено право на четврта замена. Ако резултато остане нерешен и по продолженијата, тогаш натпреварот ќе биде решен по изведувањето на пенали.
Жреб и резултати
уредиЧетвртфинале | Полуфинале | Финале | ||||||||
27 јуни – Порто Алегре | ||||||||||
Бразил (п) | 0 (4) | |||||||||
2 јули – Бело Хоризонте | ||||||||||
Парагвај | 0 (3) | |||||||||
Бразил | 2 | |||||||||
28 јуни – Рио де Жанеиро | ||||||||||
Аргентина | 0 | |||||||||
Венецуела | 0 | |||||||||
7 јули – Рио де Жанеиро | ||||||||||
Аргентина | 2 | |||||||||
Бразил | 3 | |||||||||
28 јуни – Сао Паоло (Коринтијанс) | ||||||||||
Перу | 1 | |||||||||
Колумбија | 0 (4) | |||||||||
3 јули – Порто Алегре | ||||||||||
Чиле (п) | 0 (5) | |||||||||
Чиле | 0 | Натпревар за 3. место | ||||||||
29 јуни – Салвадор | ||||||||||
Перу | 3 | |||||||||
Уругвај | 0 (4) | Аргентина | 2 | |||||||
Перу (п) | 0 (5) | Чиле | 1 | |||||||
6 јули – Сао Паоло (Коринтијанс) | ||||||||||
Четвртфинале
уреди27 јуни 2019 | Бразил | 0-0 (прод.) (4–3 пен.) |
Парагвај | Арена до Гремио, Порто Алегре |
---|---|---|---|---|
21:30 Историја на досегашните натпревари Бразил - Парагвај |
Извештај | Гледачи: 44,902[29] Судија: Роберто Тобар | ||
Пенали | ||||
28 јуни 2019 | Венецуела | 0-2 | Аргентина | Маракана, Рио де Жанеиро |
---|---|---|---|---|
16:00 Историја на досегашните натпревари Венецуела - Аргентина |
Извештај | Гледачи: 50,094[30] Судија: Вилмар Ролдан |
28 јуни 2019 | Колумбија | 0-0 (прод.) (4–5 пен.) |
Чиле | Арена Коринтијанс, Саун Пауло |
---|---|---|---|---|
20:00 Историја на досегашните натпревари Колумбија - Чиле |
Извештај | Судија: Нестор Питана | ||
Пенали | ||||
29 јуни 2019 | Уругвај | 0-0 (прод.) (4–5 пен.) |
Перу | Арена Фонте Нова, Салвадор |
---|---|---|---|---|
16:00 Историја на досегашните натпревари Уругвај - Перу |
Извештај | Гледачи: 21,180[31] Судија: Вилтон Сампајо | ||
Пенали | ||||
Полуфинале
уреди2 јули 2019 | Бразил | 2-0 | Аргентина | Минеирао, Бело Хоризонте |
---|---|---|---|---|
21:30 Историја на досегашните натпревари Бразил - Аргентина |
|
Извештај | Гледачи: 55,947[32] Судија: Роди Самбрано |
3 јули 2019 | Чиле | 0-3 | Перу | Арена до Гремио, Порто Алегре |
---|---|---|---|---|
21:30 Историја на досегашните натпревари Чиле - Перу |
Извештај | Гледачи: 33,058[33] Судија: Вилмар Ролдан |
Натпревар за 3. место
уреди6 јули 2019 | Аргентина | 2-1 | Чиле | Арена Коринтијанс, Саун Пауло |
---|---|---|---|---|
16:00 Историја на досегашните натпревари Аргентина - Чиле |
Извештај | Гледачи: 44,269[34] Судија: Марио Дијас де Вивар |
Финале
уреди7 јули 2019 | Бразил | 3-1 | Перу | Маракана, Рио де Жанеиро |
---|---|---|---|---|
17:00 Историја на досегашните натпревари Бразил - Перу |
|
Извештај | Судија: Роберто Тобар |
Статистика
уредиСписок на стрелци
уреди- 3 гола
- 2 гола
- 1 гол
- Автоголови
- Артуро Мина (против Уругвај)
- Хуан Родриго Рохас (против Катар)
Табела
уредиПоз. | Репрезентација | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР | Б | Краен резултат |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Бразил | 6 | 4 | 2 | 0 | 13 | 1 | +12 | 14 | Шампион |
2. | Перу | 6 | 2 | 2 | 2 | 7 | 9 | -2 | 8 | Вицешампион |
3. | Аргентина | 6 | 3 | 1 | 2 | 7 | 6 | +1 | 10 | Трето место |
4. | Чиле | 6 | 2 | 1 | 3 | 7 | 7 | 0 | 7 | Четврто место |
5. | Колумбија | 4 | 3 | 1 | 0 | 4 | 0 | +4 | 10 | Елиминирани во четвртфиналето |
6. | Уругвај | 4 | 2 | 2 | 0 | 7 | 2 | +5 | 8 | |
7. | Венецуела | 4 | 1 | 2 | 1 | 3 | 3 | 0 | 5 | |
8. | Парагвај | 4 | 0 | 3 | 1 | 3 | 4 | -1 | 3 | |
9. | Јапонија | 3 | 0 | 2 | 1 | 3 | 7 | -4 | 2 | Елиминирани во групната фаза |
10. | Катар | 3 | 0 | 1 | 2 | 2 | 5 | -3 | 1 | |
11. | Еквадор | 3 | 0 | 1 | 2 | 2 | 7 | -5 | 1 | |
12. | Боливија | 3 | 0 | 0 | 3 | 2 | 9 | -7 | 0 |
Награди
уредиСледниве награди биле доделени по завршувањето на турнирот.[35]
- Најкорисен играч: Дани Алвеш
- Најдобар стрелец: Евертон (3 гола и 1 асистенција)
- Најдобар голман: Алисон (само 1 примен гол)
- Фер плеј: Бразил
Тим на турнирот
Позиција | Играч |
---|---|
Голман | Алисон |
Одбрана | Дани Алвеш |
Тијаго Силва | |
Хосе Хименес | |
Мигел Трауко | |
Среден ред | Артур |
Леандро Паредес | |
Артуро Видал | |
Напад | Евертон |
Паоло Гереро | |
Хамес Родригес |
Маркетинг
уредиМаскота
уредиМаскота на првенството е Зизито, капибара на која и дадено името во чест на Зизињо, кој заедно со аргентинецот Норберто Доротео Мендес е рекордер по бројот на постигнати голови на Копа Америка, со 17 гола.[36]
Слоган
уредиСлоганот на Копа Америка 2019 е "Vibra el Continente/Vibra o Continente" (Вибрирање на континентот).[37]
Официјална песма
уреди"Vibra Continente", дуетска песма на бразилецот Лео Сантана и колумбијката Карол Џи, е официјална песна на Копа Америка 2019.[38]
Топка
уредиКако официјална топка на ова издание на Копа Америка, била објавена топката на Најк Мерлин Рабиско на 24 јануари 2019 година. Нејзиниот дизајн бил инспириран од графитите на ѕидовите во Бразил. Таа е претежно бела и црна украсена со сини и жолти бои со спреј ефект.
Наводи
уреди- ↑ „En vibrante partido, Brasil venció por 3-1 a Perú y es el nuevo campeón“ (шпански). Copa América. 7 July 2019. Архивирано од изворникот на 2019-07-07. Посетено на 2019-07-08.
- ↑ „Argentina venció 2-1 a Chile y se quedó con el tercer puesto“ (шпански). Copa América. 6 July 2019. Архивирано од изворникот на 2019-07-08. Посетено на 2019-07-08.
- ↑ Iannaca, Márcio (22 February 2011). „Copa América será no Brasil em 2015, confirma CBF em seminário“ [The Copa América will be in Brazil in 2015, the CBF confirms in a meeting]. O Globo (португалски).
- ↑ „La Copa América da otro paso hacia Chile“ [The Copa América takes another step towards Chile]. La Nación (шпански). 8 August 2009. Архивирано од изворникот на 2012-03-09. Посетено на 2019-06-10.
- ↑ Oficial: la Copa América 2015 en Chile Архивирано на 13 мај 2012 г.
- ↑ „Morumbi fará abertura da Copa América. Allianz recebe os outros jogos em SP“ (португалски). Посетено на 2018-09-18.
- ↑ „Comité Organizador Local confirma estadios de apertura, final y semifinales de la CONMEBOL Copa América Brasil 2019“. CONMEBOL.com. 18 September 2018.
- ↑ „Arena Corinthians entra na vaga do Allianz Parque para a Copa América“ (португалски). Архивирано од изворникот на 2018-11-24. Посетено на 2018-11-23.
- ↑ „Sem europeus, Brasil busca alternativas para ter 16 times na Copa América de 2019“ [Without european teams, Brazil is looking for alternatives to having 16 teams in 2019 Copa América] (португалски). Globo Esporte. 16 March 2018.
- ↑ „Surprise Nation to Be Included in Copa America 2019 to Be Held in Brazil“. Sports Illustrated. 5 April 2018. Посетено на 5 April 2018.
- ↑ Jaafar, Karim (12 April 2018). „Qatar say yes to playing in 2019 Copa America“. AFP.com. Agence France-Presse. Посетено на 12 April 2018.
- ↑ „Copa América BRASIL 2019 se disputará con 12 selecciones“. Conmebol (шпански). 4 May 2018. Посетено на 4 May 2018.
- ↑ „Mexico, United States not included as CONMEBOL announces 12-team 2019 Copa America“. Goal.com. 4 May 2018.
- ↑ „Árbitros convocados para la CONMEBOL Copa América - Brasil 2019“. CONMEBOL.com. 21 март 2019. Посетено на 18 јуни 2019.
- ↑ „Nos complace informarles que la Comisión de Árbitros ha designado a los árbitros y árbitros asistentes de sus respectivas asociaciones para participar de la CONMEBOL COPA AMÉRICA BRASIL 2019“ (PDF). CONMEBOL.com. Посетено на 18 јуни 2019.
- ↑ „CONMEBOL Copa América Brasil 2019: Reglamento“ (PDF) (шпански). CONMEBOL. 26 април 2019. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 мај 2019. Посетено на 18 јуни 2019.
- ↑ „Bolivia vs. Peru“. ESPN. 18 June 2019. Посетено на 19 June 2019.
- ↑ „Brazil vs. Venezuela“. ESPN. 19 June 2019. Посетено на 19 June 2019.
- ↑ „Peru vs. Brazil“. ESPN. 22 June 2019. Посетено на 22 June 2019.
- ↑ „Bolivia vs. Venezuela“. ESPN. 22 June 2019. Посетено на 22 June 2019.
- ↑ „Colombia vs. Qatar“. ESPN. 19 June 2019. Посетено на 20 June 2019.
- ↑ „Argentina vs. Paraguay“. ESPN. 19 June 2019. Посетено на 20 June 2019.
- ↑ „Qatar vs. Argentina“. ESPN. 23 June 2019. Посетено на 24 June 2019.
- ↑ „Colombia vs. Paraguay“. ESPN. 23 June 2019. Посетено на 24 June 2019.
- ↑ „Uruguay vs. Ecuador“. ESPN. 16 June 2019. Посетено на 17 June 2019.
- ↑ „Japan vs. Chile“. ESPN. 17 June 2019. Посетено на 18 June 2019.
- ↑ „Chile vs. Uruguay“. ESPN. 24 June 2019. Посетено на 25 June 2019.
- ↑ „Ecuador vs. Japan“. ESPN. 24 June 2019. Посетено на 25 June 2019.
- ↑ „Brazil vs. Paraguay“. ESPN. 27 June 2019. Посетено на 28 June 2019.
- ↑ „Venezuela vs. Argentina“. ESPN. 28 June 2019. Посетено на 28 June 2019.
- ↑ „Uruguay vs. Peru“. ESPN. 29 June 2019. Посетено на 29 June 2019.
- ↑ „Brazil vs. Argentina“. ESPN. 2 July 2019. Посетено на 3 July 2019.
- ↑ „Chile vs. Peru“. ESPN. 3 July 2019. Посетено на 4 July 2019.
- ↑ „Argentina vs. Chile“. ESPN. 6 July 2019. Посетено на 7 July 2019.
- ↑ „Daniel Alves é eleito craque da Copa América; Alisson e Everton também ganham prêmios“ (португалски). Globo. 7 July 2019.
- ↑ „Zizito es escogido como nombre de la mascota de la CONMEBOL Copa América - Brasil 2019“. CONMEBOL.com. 12 април 2019. Посетено на 18 јуни 2019.
- ↑ „Check out "Vibra el continente", the tournament's anthem with Karol G and Léo Santana“. billboard.com. Посетено на 18 јуни 2019.[мртва врска]
- ↑ Roiz, Jessica (10 јуни 2019). „Karol G Teams Up With Brazilian Artist Léo Santana For 2019 Copa America Song“. billboard.com. Посетено на 18 јуни 2019.
Надворешни врски
уреди„Копа Америка 2019“ на Ризницата ? |
- copaamerica
.com (шпански) (португалски) - Копа Америка Бразил 2019, CONMEBOL.com