Отвори го главното мени

[1]

Пауло Дибала
2017 FRIENDLY MATCH RUSSIA v ARGENTINA - Paulo Dybala 01.jpg
Лични податоци
Полно име Пауло Бруно Ексекиел Дибала
Роден на 15 ноември 1993 (1993-11-15) (26 г.)
Роден во Лагуна Ларга, Аргентина
Држава Аргентина Аргентина
Висина &100000000000001770000001,77 м[2]
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус
Број 10
Агент Аргентина Густаво Маскарди[3]
Младинска кариера
Институто Институто
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2011-2012 Институто Институто 38 (17)
2012-2015 Палермо Палермо 90 (21)
2015– Јувентус Јувентус 128 (57)
Репрезентација
2015– Аргентина Аргентина 24 (2)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Пауло Бруно Ексекиел Дибала (роден на 15 ноември 1993 во Лагуна Ларга) е аргентински фудбалер, напаѓач на Јувентус и на аргентинската репрезентација.

БиографијаУреди

Во Аргентина, тој бил наречен La Joya (превод на мак. скапоцен камен).[4][5][6][7]

Неговиот дедо Болеслав Дибала е по потекло од Полска;[8] додека неговото семејство, исто така, има италијанско потекло.[9] Благодарение на мајката на неговата баба, му било дозволено да добие италијанско државјанство на 13 август, 2012 година.[10]

Клупска кариераУреди

Почетоците во ИнститутоУреди

Растејќи како дете започнал да игра фудбал во екипата на Институто од Кордоба. На возраст од десет години бил поканет на проби во Њуелс Олд Бојс, но неговиот татко претпочитал тој да остане во Институто заради блискоста до дома. Кога имал петнаесет години, тој го загубил својот татко, па одлучил да се пресели во Кордоба каде ќе живее и ќе и се посвети на својата професионална кариера.

Сезоната 2011-2012 во која Институто се натпреварувале во Примера Б Насионал била неговата прва сезона како професионалец, со договор вреден 900 годишно, (или 4.000 пезоси годишно) односно минималната плата во клубот. Тој дебитирал за првиот тим на Институто на 13 август 2011, во натпреварот Институто-Уракан 2-0, во првото коло од сезоната, играјќи како стартер до 71-вата минута кога бил заменет со Марсело Бергезе.

Својот прв гол Дибала го постигнал во следното коло, на 20 август, во натпреварот Алдосиви-Институто 2-2; неговиот гол бил за моментален резултат 1-1. Во натпреварот против Атланта, кој се одиграл на 8 октомври во рамките на десеттото коло од првенството, Дибала за прв пат бил повеќекратен стрелец, постигнувајќи хет-трик во убедливата победа со 4-0 во гости.

Регуларниот дел од сезоната го затворил со 38 настапи и 17 гола, вклучувајќи уште еден хет-трик во победата со 4-1 на гостувањето кај Спортиво Десампарадос на 26 март 2012 (26-то коло); иако за него ова била дебитантска сезона, бил еден од најдобрите играчи во лигата. Исто така, тој поставил четири рекорди: станал најмладиот играч кој постигнал гол кршејќи го рекордот на легендарниот Марио Кемпес, бил првиот кој одиграл 38 последователни натпревари во професионалната лига на земјата повторно надминувајќи го Кемпес, бил првиот кој успеал да постигне два хет-трика во една сезона и да постигне гол во шест натпревари по ред (од 22-рото до 27-мото коло), надминувајќи го претходниот рекорд за постигнување гол во четири последователни натпревари кој бил поставен од неколку различни играчи.

ПалермоУреди

 
Пауло Дибала изведува корнер за Палермо.

Откако бил откриен од страна на скаутот од Јужна Америка, Густаво Маскарди (кој во моментов е негов агент), тој му го препорачал на својот добар пријател Шон Солјано, тогашниот спортски директор на италијанската екипа Палермо, па клубот од Сицилија го купува Дибала од Институто уште во текот на сезоната. На 28 април 2012 година претседателот на Палермо неофицијално најавил купување на играчот за сума од 12 милиони (вклучувајќи ги сите такси и бонуси, што претставува рекорден трансфер на клубот), плус аванс од 3.5 милиони евра кој веќе биле платени претходно. Два дена подоцна завршила исплатата на последната од петте рати од страна на британската компанија Пенсилхил Лимитед, која ги добила сите права на играчот; веднаш потоа аргентинската екипа најавила дека договорот за премин на Дибала во Палермо веќе не е во нивна надлежност.

Институто ја завршил сезоната на третото место после поразот во последното коло од сезоната поради што не успеале да изборат промоција во Првата лига на Аргентина; Дибала учествувал потоа и во двата натпревари од плејофот против Сан Лоренцо завршувајќи со вкупен резултат 3-1.

Откако ги поминал медицински тестови во месец мај, на 20 јули 2012 официјално потпишал договор со Палермо на четири години, за плата од 500.000 € која би можела да се зголеми во зависност според постигнатите цели, и лични и на тимот. По потпишувањето на договорот го избрал дресот со број 9., кој ќе го носи за време на целата своја кариера во Палермо.

 
Дибала во акција против Фјорентина во 2015.

Своето деби во италијанскиот шампионат во дресот на Палермо го направил во второто коло од сезоната 2012-2013 во натпреварот Лацио-Палермо (3-0), влегувајќи во игра од клупата за резерви во 58-мата минута на местото на Фабрицио Миколи. Во осмата рунда на шампионатот, ремито 0-0 против Торино, за прв пат играл како стартер до 55-тата минута кога бил заменет од Миколи. На 11 ноември, во дванаесеттото коло од сезоната, тој постигнал двата гола (негови први во Серија А) во својот втор натпревар како стартер, помагајќи им на росанеро да ја победат Сампдрорија со 2-0. Сезоната завршила со испаѓање на Палермо во Серија Б, откако на 12 мај 2013 биле поразени со 1-0 на гостувањето кај Фјорентина во 37-мото коло. Дибала ја завршил сезоната со 27 настапи и 3 гола (последниот бил против Лацио во 21-вото коло) во Серија А и еден настап во Купот на Италија. По завршувањето на италијанското првенство Дибала се вратил дома на одмор, каде што, како гостин на неговиот стар тим, бил прикажан во "Las Glorias del Futbol", галеријата, во која се претставени најистакнатите играчи во историјата на црвено-белите.[11]

Својот прв гол во сезоната 2013-2014 во Серија Б го постигнал на 1 март 2014 година, во победата со 2-1 над Бари и тој се покажал како одлучувачки. На 3 мај 2014 година, со победата над Новара на гости со 1-0, Палермо изборил промоција во Серија А - враќање во елитата по само една сезона отсуство. Сезоната ја завршил со 28 првенствени настапи (на кој постигнал 5 гола) и два во италијанскиот куп.

Сезоната 2014-2015 ја започнал со гол уште во првото коло од Серија А, ремито 1-1 на домашен терен со Сампдорија на 31 август 2014 година. На 2 ноември го изедначенил својот број на постигнати голови во една сезона во Серија А, 3, постигнувајќи гол во победата со 2-0 над Милан на Сан Сиро. На 24 ноември го постигнал својот петти гол за сезоната, во натпреварот Џенова-Палермо 1-1. Шест дена подоцна во победата над Парма со 2-1 го постигнал својот шести гол со што го надминал својот личен рекорд за постигнати голови во една сезона од неговото доаѓање во Италија. На 6 декември 2014 година, во натпреварот од 14-тото коло против Торино (што завршил 2-2), го постигна својот седми гол во сезоната; точно еден месец подоцна постигнал два гола во победата со 5-0 над Каљари. На 2 мај, 2015 година, на гостувањето кај Сасуоло (0-0) во 34-тото коло од сезоната, за прв пат бил капитен на тимот, поради отсуството на Едгар Барето, Стефано Сорентино и Синиша Анѓелковиќ. Сезоната ја завршил со 34 настапи во Серија А на кој постигнал 13 гола и 10 асистенции.

ЈувентусУреди

На 4 јуни, 2015 официјално Дибала потпишал петгодишен договор со Јувентус за сума од 32 милиони евра. Играчот бил претставен на 14 јули, со дресот со број 21, претходно носен од легендарниот Андреа Пирло. На 8 август, го направил своето деби за Јувентус во официјален натпревар, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Кингсли Коман во 61-вата минута од Суперкупот на Италија против Лацио во Шангај. Во 73-тата минута тој го постигнал вториот гол за Јуве во победата со 2-0, на асистенција на Пол Погба.[12] Својот прв првенствен погодок го постигнал на 30 август против Рома во поразот на гости со 2-1.[13]

На 15 септември 2015 го направил своето деби во европските натпреварувања, на гостувањето во Англија кај Манчестер Сити во победата со 2-1 во првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите, влегувајќи во игра од клупата за резерви во 77-мата минута на местото на Марио Манџукиќ.[14] Својот прв погодок за сезоната во Купот на Италија го постигнал на 16 декември 2015 против Торино за моментален резултат 3-0, во победата со 4-0, во натпревар од осминафиналето на турнирот.[15] На 23 февруари 2016 тој го постигнал својот прв погодок во својата кариера во европските натпреварувања во натпреварот Јувентус-Бајерн Минхен 2-2, стрелајќи прецизно за моментален резултат 1-2 и враќање на Јувентус во натпреварот.[16] Со двата гола против Сампдорија во победата на домашен терен со 5-0 во последното коло од Серија А 2015-2016, Дибала завршил на второто место на листата на стрелците со 19 постигнати гола (зад Гонсало Игуаин кој имал 36), но она што е поважно го освоил своето прво скудето во кариерата. Дибала играл и во Финалето на Купот на Италија, каде неговиот Јувентус го победил Милан со 1-0 по продолженија. Својата прва сезона во црно-белиот дрес ја завршил со 46 настапи во сите натпреварувања и 23 постигнати гола.

 
Дибала со Јувентус во 2017.

Следната сезона на Дибала му бил понуден дресот со број 10, по заминувањето на Пол Погба во Манчестер Јунајтед во летото 2016 година, меѓутоа аргентинецот го одбил претпочитајќи да го задржи дресот со број 21 што го носел за време на неговата прва сезона во клубот.[17] По тешкиот почетокот на сезоната без постигнат гол, својот прв погодок за сезоната 2016-2017 го постигнал на 27 септември, во победата со 4-0 на гости над Динамо Загреб во групната фаза на Лигата на шампионите.[18] Тој го постигнал својот прв гол во Серија А за време на викендот од истата недела, на 2 октомври, во победата со 3-0 над Емполи.[19] На 22 октомври во поразот со 1-0 од Милан Дибала се здобил со повреда поради која пропуштил повеќе натпревари во првиот дел од сезоната.[20] Тој се вратил во акција на 7 декември во последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите против Динамо Загреб во Торино, играјќи ги последните 10-тина минути од натпреварот во победата со 2-0. На 23 декември, во Суперкупот на Италија игран во Доха (натпреварот завршил 1-1 по продолженијата), Дибала го промашил одлучувачкиот пенал во пенал-серијата со кој Јувентус бил поразен.[21] На 28 февруари 2017, Дибала постигнал два гола во првиот натпревар од полуфиналето на италијанскиот куп на домашен терен против Наполи (3-1 за Јувентус), реализирајќи два удари од белата точка. На 11 април, го одбележува својот прв натпревар во кој постигнал два гола во Лигата на шампионите против Барселона во победата со 3-0 во првиот натпревар од четвртфиналето.[22] На 13 април Дибала потпишал нов договор со Јувентус во трајност до 2022 година.[23][24] На 17 мај Јувентус го освоил првиот трофеј за сезоната триумфирајќи во Купот на Италија со победа од 2-0 над Лацио во финалето, втора титула по ред во ова натпреварување за Дибала;[25] четири дена подоцна тој постигнал еден од трите гола на Јувентус во победата со 3-0 над Кротоне, победа со која клубот го освоил своето шесто скудето по ред (второ за Дибала).[26] На 3 јуни во Кардиф, Дибала бил стартер за Јувентус во неговото прво финале во Лигата на шампионите, во кое сепак бјанконерите биле поразени со 1-4 од Реал Мадрид.[27]

Третата сезона во Јувентус ја започнал со нов број, откако на 9 август 2018 било потврдено дека тој ќе го носи дресот со број 10 кој во минатото го носеле многу славни фудбалери на торинскиот клуб.[28] Во својот прв настап за сезоната, Дибала постигнал два гола во Суперкупот на Италија 2017, во поразот со 3-2 од Лацио на 13 август. На 15 август, тој се нашол на шесттото место на листата за наградата Фудбалер на годината 2017[29]. На 26 истиот месец го постигнал својот прв хет-трик во кариерата во победата на Јувентус со 4-2 на гостувањето кај Џенова;[30] повторувајќи го истото на 17 септември во победата на бјанконерите со 3-1 над Сасуоло повторно во гости.[31] На 11 март 2018, Дибала ги постигнал двата гола во победата со 2–0 на домашен терен над Удинезе во Серија А; неговиот прв гол во натпреварот бил неговиот 100-ти гол во кариерата.[32] Сезоната ја завршил освојувајќи уште една домашна двојна круна со Јувентус, а тој бил најдобриот стрелец на клубот за сезоната со 26 гола во сите натпреварувања (22 од нив во Серија А).

На 1 септември 2018, Дибала го имал својот 100-ти настап за Јувентус во Серија А, влегувајќи како замена во победата со 2–1 над Парма.[33][34] На 2 октомври, Дибала постигнал хет-трик во победата со 3–0 на домашен терен над Јанг Бојс во групната фаза од Лигата на шампионите.[35] Во следниот натпревар на Јувентус од Лигата на шампионите на 23 октомври, Дибала го постигнал единствениот погодок во победата со 1–0 на гостувањето кај Манчестер Јунајтед.[36] На 27 октомври, за прв пат во кариерата излегол на терен како капитен на бјанконерите, во натпреварот против Емполи што завршил 2-1 за Јувентус.[37] На 16 јануари 2019, го целиот натпреварот во Суперкупот на Италија игран во Џеда, во кој ја освоил својата втора титула во кариерата во ова натпреварување откако Јувентус го победил Милан со 1-0. На 20 април 2019, го освоил своето четврто скудето со Јувентус.

Репрезентативна кариераУреди

Во 2011 година тој бил повикан од страна на аргентинската репрезентација под 17 години за 16-тите Панамерикански игри,[38] но потоа не учествувал.

На 19 јули 2012 година го добил првиот повик од репрезентацијата под 20 години, но во сите натпревари во кој бил повикан останал неискоритена замена.[39]

На 22 септември 2015, Дибала го добил својот прв повик во сениорската репрезентација на Аргентина од Херардо Мартино.[40] Заради неговото полско и италијанско потекло, исто така, Дибала бил во можност да настапува и за полската и за италијанската репрезентација, но играчот изјавил отворено дека се чувствува како аргентинец и дека тој отсекогаш сонувал да игра за гаучосите.[41] Дебитирал за сениорската репрезентација на 13 октомври 2015, во натпреварот Парагвај - Аргентина (0-0), во квалификациите за Светското првенство во Русија, влегувајќи во игра во 74-тата минута на местото на Карлос Тевес.[42]

Во мај 2018, бил повикан на списокот од 23 фудбалери на селекорот Хорхе Сампаоли за Светското првенство 2018 во Русија.[43] Дебитирал на турнирот на 21 јуни 2018, влегувајќи како замена на местото на Енцо Перес во поразот со 3-0 од Хрватска во групната фаза.[44] Тоа бил неговиот единствен настап на првенството, на кое Аргентина била елиминирана во осминафиналето од Франција со 4–3.[45][46][47]

Својот прв гол за репрезентацијата, Дибала го постигнал на 21 ноември во победата со 2-0 против Мексико во пријателски натпревар одигран во Мендоса.[48]

Во мај 2019, Дибала бил повикан од селекторот Лионел Скалони во составот на Аргентина за Копа Америка 2019 во Бразил.[49] Својот прв настап на турнирот го направил на 23 јуни против Катар, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Лаутаро Мартинес и му асистриал на Серхио Агуеро за вториот гол во победата со 2-0.[50] Во натпреварот за третото место против Чиле на 6 јули, Дибала го направил својот прв старт на турнирот, и го постигнал вториот гол за Аргентина во победата со 2–1, помагајќи и на својата репрезентација да го освои бронзениот медал.[51]

Хронологија на репрезентативните настапиУреди

Клупска статистикаУреди

Статистиката е ажурирана на 6 јуни 2015.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2011-2012   Институто БН 38+2[52] 17+0 КА 0 0 - - - - - - 40 17
2012-2013   Палермо А 27 3 КИ 1 0 - - - - 28 3
2013-2014 Б 28 5 КИ 2 0 - - - - - - 30 5
2014-2015 А 34 13 КИ 1 0 - - - - - - 35 13
Вкупно Палермо 89 21 4 0 - - - - 93 21
2015-2016   Јувентус А 34 19 КИ 4 2 ЛШ 7 1 СИ 1 1 46 23
2016-2017 А 31 11 КИ 5 4 ЛШ 11 4 СИ 1 0 48 19
2017-2018 А 33 22 КИ 4 1 ЛШ 8 1 СИ 1 2 46 26
2018-2019 А 30 5 КИ 2 0 ЛШ 9 5 СИ 1 0 42 10
2019-2020 А 0 0 КИ 0 0 ЛШ 0 0 СИ 0 0 0 0
Вкупно Јувентус 128 57 15 7 35 11 4 3 182 78
Вкупно во кариерата 255 95 19 7 35 11 4 3 313 116

Хет-триковиУреди

ТитулиУреди

  ПалермоУреди

2013-2014

  ЈувентусУреди

2015-2016, 2016-2017, 2017-2018, 2018-2019
2015-2016, 2016-2017, 2017-2018
2015, 2018

НаводиУреди

  1. https://twitter.com/paudybala_jr Твитер профил на Пауло Дибала
  2. Профил на Palermocalcio.it
  3. (шпански) „Клиентите на Густаво Маскарди“. grupomascardi.com. 
  4. (шпански) ¡Joya en la mira! El Benfica sigue al joven Dybala Foxsportsla.com
  5. (шпански) La joya que tienta lmcordoba.com.ar
  6. (шпански) Los maestros de la “joya” lmcordoba.com.ar
  7. (шпански) "La Joya está bien" ole.com.ar
  8. (полски) Paulo Dybala - "nowy Messi" z polskimi korzeniami sport.onet.pl
  9. Scatta il raduno rosanero: 25 convocati. Assente giustificato il talento Dybala corrieredelmezzogiorno.corriere.it
  10. „Palermo, Dybala è cittadino italiano“. tuttomercatoweb.com. 14 август 2012. конс. 4 јуни 2015. 
  11. (шпански) Paulo Dybala y Julio Chiarini, glorias del fútbol mundod.lavoz.com.ar
  12. Juventus 2-0 Lazio: Mario Mandzukic and Paulo Dybala hand Juve win as new strikers seal Italian Super Cup for Serie A champions“, „Daily Mail“, 8 август 2015 (посет. 8 август 2015 г).
  13. „Roma 2 - 1 Juventus“. 
  14. „Manchester City-Juventus 1-2: il tabellino“. 
  15. Stefano Cantalupi (16 dicembre 2015). La Gazzetta dello Sport, уред. „Coppa Italia, Juve ai quarti: 4-0 al Torino nel derby“. конс. 17 dicembre 2015. 
  16. Elvira Erbì (23 febbraio 2016). „Dybala-Sturaro cuore Juventus: 2-2. E i gol del Bayern erano irregolari“. Tuttosport. конс. 24 febbraio 2016. 
  17. Marco Demicheli (5 September 2016). „Juve, Dybala turns down the number 10 jersey. From Del Piero to Pogba it's the end of an era“. Calciomercato. конс. 6 September 2016. 
  18. Gianluca Nesci (27 December 2016). „Watch: Dybala nets absolute screamer as Juventus crushes Dinamo Zagreb“. The Score. конс. 8 December 2016. 
  19. „Empoli 0 Juventus 3: Dybala, Higuain on target in comfortable victory“. Yahoo.com. 2 October 2016. конс. 8 December 2016. 
  20. Dybala accende il motore per mandare Allegri in fuga“, 16 ottobre 2016.
  21. Marco Pasotto (23 dicembre 2016). „Supercoppa, Juventus-Milan 4-5 dopo i rigori: decide l'errore di Dybala“. 
  22. Emanuele Gamba. „Anche la Juve sa fare il circo Dybala domatore del Barça la semifinale è a un passo“, 12 април.
  23. Zvanicno:Dybala potpisao do 2022 godine ju1897.net
  24. Argentina international Dybala extends contract with Juventus transfermarkt.co.uk
  25. Marco Fallisi (17 maggio 2017). „Coppa Italia, Juve-Lazio 2-0: gol di Dani Alves e Bonucci, storico tris bianconero“. 
  26. Jacopo Gerna (21 maggio 2017). „Juventus-Crotone 3-0, bianconeri nella leggenda: gol di Mandzukic, Dybala e Alex Sandro“. 
  27. Fabio Balaudo (3 giugno 2017). „Real, poker e leggenda: la Juve si inchina“. 
  28. „Dybala 10“. juventus.com. 9 August 2017. 
  29. „Buffon, Messi and Ronaldo on Player of the Year shortlist“. UEFA.com. 15 August 2017. конс. 15 August 2017. 
  30. „Genoa 2-4 Juventus“. BBC.com. 26 August 2017. конс. 27 August 2017. 
  31. „Dybala masterclass at the Mapei“. Juventus.com. 17 September 2017. конс. 18 September 2017. 
  32. Jacopo Gerna (11 March 2018). „Juventus-Udinese, Dybala fa paura: "Dipende tutto da noi" (Italian). La Gazzetta dello Sport. конс. 11 March 2018. 
  33. „Calendario Serie A, la terza giornata: orari, programma partite e come vederle“ (Italian). Sky.it. 30 August 2018. конс. 2 September 2018. 
  34. Luca Bianchin (1 September 2018). „Parma-Juventus 1-2: gol di Mandzukic, Gervinho e Matuidi“ (Italian). La Gazzetta dello Sport. конс. 2 September 2018. 
  35. „Dybala: 'I wanted a game like this'. Football Italia. 2 October 2018. 
  36. Pete Hall. „Manchester United 0–1 Juventus“, skysports.com, 24 октомври 2018 (посет. 14 декември 2018 г).
  37. Paulo Dybala [@@PauDybala_JR] (27 октомври 2018). „La prima da capitano non si dimentica mai“ (Tweet) – преку Twitter. 
  38. Dybala se ilusiona con ir a los Panamericanos de Guadalajara“. (на spa)
  39. „Palermo: Dybala declina chiamata in Nazionale“. Mediagol.it. 
  40. El Tata no está pipón“, 22 settembre 2015 (посет. 30 settembre 2015 г).
  41. Italia, Dybala dice no: «Grazie Conte, ma sogno l'Argentina»“, 29 novembre 2014 (посет. 30 novembre 2014 г).
  42. „Copa Mundial de la FIFA Rusia 2018™ - Partidos - Paraguay-Argentina - FIFA.com“ (Spanish). конс. 24 ottobre 2015. 
  43. „Argentina World Cup squad: Paulo Dybala included but Mauro Icardi misses out on 23-man group for Russia“. The Independent. 21 May 2018. конс. 17 June 2018. 
  44. TARIQ PANJA (21 June 2018). „Croatia Buries Argentina’s World Cup Hopes in a Deep Hole“. The New York Times. конс. 23 June 2018. 
  45. Emlyn Begley (30 June 2018). „France 4-3 Argentina“. BBC Sport. конс. 30 June 2018. 
  46. Sam Wallace (1 July 2018). „Kylian Mbappe destroys Argentina to send Lionel Messi and co home in World Cup thriller“. The Telegraph. конс. 1 July 2018. 
  47. Jim Sheridan (1 July 2018). „Why was Paulo Dybala not playing for Argentina at the World Cup?“. The Sun. конс. 1 July 2018. 
  48. „Lionel Messi void filled by Mauro Icardi and Paulo Dybala as Argentina enjoy friendly win over Mexico“. The Independent. 21 November 2018. конс. 21 November 2018. 
  49. Avi Creditor (21 May 2019). „Messi Leads Argentina's Copa America Squad; Icardi Omitted“. Sports Illustrated. конс. 21 May 2019. 
  50. „Copa America 2019 - Qatar 0-2 Argentina - Match Report“. www.beinsports.com. 23 June 2019. конс. 24 June 2019. 
  51. Vickery, Tim (6 July 2019). „Messi's red card overshadows Argentina's encouraging win and Chile's end of an era“. ESPN FC. конс. 7 July 2019. 
  52. Плјеоф за промоција во Примера Дивизион.

Надворешни врскиУреди