Ернан Креспо
Ернан Хорхе Креспо (роден на 5 јули 1975 година во Флорида) — аргентински фудбалски тренер и поранешен играч, на позицијата напаѓач. Во моментов ја води екипата на Саун Пауло.
Ернан Креспо | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 5 јули 1975 | ||
Роден во | Флорида, Аргентина | ||
Држава | Аргентина | ||
Висина | м | 1,82||
Играчки податоци | |||
Позиција | напаѓач | ||
Сегашен клуб | Ал-Духаил (тренер) | ||
Повлекување | 2 февруари 2012 (36 г.) | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1993-1996 | Ривер Плејт | 62 | (24) |
1996-2000 | Парма | 116 | (62) |
2000-2002 | Лацио | 54 | (39) |
2002-2003 | Интер | 18 | (7) |
2003-2006 | Челси | 49 | (20) |
2004-2005 | → Милан | 28 | (11) |
2006-2009 | Интер | 63 | (20) |
2009-2010 | Џенова | 16 | (5) |
2010-2012 | Парма | 46 | (10) |
Репрезентација ‡ | |||
1996 | Аргентина 23 | 6 | (6) |
1995-2007 | Аргентина | 64 | (35) |
Раководител на екипите | |||
2014–2015 | Парма (примавера) | ||
2015–2016 | Модена | ||
2018–2019 | Банфилд | ||
2020–2021 | Дефенса и Хустисија | ||
2021 | Саун Пауло | ||
2022– | Ал-Духаил | ||
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Како исклучително плоден стрелец, има постигнато преку 300 голови во 19-годишната кариера. Кариерата ја започнал во Ривер Плејт, а во 1996 година дошол во Европа во италијанската Парма. Во 2000 година го направил најскапиот трансфер, кога од Парма се преселил во Лацио за 56 милиони евра. Во сезоната 2000-2001 бил најдобар стрелец во италијанската Серија А со 26 постигнати гола. Во подоцнежните години од кариерата освоил една титула во Премиер лигата со Челси и три скудета со Интер. Во 2004 година, тој беше именуван од страна на легендарниот Пеле во ФИФА 100 најдобри фудбалери на сите времиња.[1] Креспо никогаш не добил црвен картон во текот на неговата кариера.
За репрезентацијата на Аргентина има постигнато 35 гола и е трет стрелец на аргентинската репрезентација на вечната листа, единствено зад Габриел Батистута и Лионел Меси. Тој учествувал на три Светски првенства: во 1998, 2002 и 2006.
Биографија
уредиВо 2005 година, Креспо се оженил со романската натпреварувачка во коњички спортови Алесија Андра Роси со која имаат три деца.[2][3]
Технички одлики
уредиКреспо е напаѓач со големо чувство за гол,[4] но исто така може да биде корисен и без да постигнува голови, благодарение на својата брзината, тимскиот дух и тактичката интелегенција.[5]
Кариера
уредиИграч
уредиКлупска кариера
уредиСвојата кариера Креспо ја започнал во екипата на Ривер Плејт, а своето деби го направил за време на сезоната 1993-1994, постигнувајќи 13 гола на 25 натпревари во својата прва професионална сезона. Во 1996 година, тој му помогнал на Ривер да триумфира во Копа Либертадорес, постигнувајќи ги двата гола во реваншот на домашен терен со кој била надоместена негативата од првиот натпревар и бил победен колумбискиот Америка де Кали со вкупен резултат 2-1.
После олимписките игри во 1996 каде освоил среберен медал и бил најдобар стрелец со 6 постигнати гола, Креспо се преселил во Италија потпишувајќи за екипата на Парма. Своето деби во Серија А го направил на 20 октомври во натпревар против Перуџа, а следната недела го постигнал својот прв гол во поразот со 2-1 од Интер. Во својата сезона во Италија, Креспо постигнал 12 гола во 27 натпревари, а Парма завршила на второто место зад шампионот Јувентус. Во сезоната 1998-1999 со 28 постигнати гола во сите натпреварувања бил еден од најзаслужните играчи на Парма за освојувањето на двата трофеи: Купот на Италија и Купот на УЕФА; и во двата турнира Креспо бил стрелец и во финалните натпревари соодветно против Фјорентина (постигнал гол и во двата натпревари) и Олимпик Марсеј.
Во летото 2000 година, Лацио го купил Креспо за тогаш рекордни 56 милиони евра (16 милиони во кеш плус Матијас Алмеида и Сержо Консеисао). Тој негов трансфер денес е втор најскап трансфер во Серија А, престигнат само од неговиот сонародник Гонсало Игуаин. Дебитирал во натпреварот од Суперкупот на Италија, во кој Лацио го освоил трофејот со победата од 4-3 над Интер. Во својата прва сезона во Лацио бил најдобар стрелец во лигата со 26 постигнати гола, но ни тие не биле доволни за клубот да ја одбрани титулата од претходната сезона. Во втората сезона со бјанкочелестите Креспо имал проблеми со повреди, меѓутоа и средниот ред на клубот бил ослабен и помалку креативен по заминувањето на важни играчи од претходните сезони како Хуан Себастијан Верон и Павел Недвед, што резултирало со двојно помал број на погодоци (13) на голгетерската сметка на Креспо во споредба со минатата сезона. Во летото 2002 поради финансиски причини Лацио бил приморан да продаде неколку клучни играчи, а по заминувањето на капитенот Алесандро Неста и шпекулациите околу иднината на Креспо се интезивирале, па во последниот ден од летниот трансферен-прозорец и тој бил продаден на Интер за 26 милиони евра плус Бернардо Коради. Во дресот на Интер тој постигнал 9 гола во Лигата на шампионите, придонесувајќи за клубот да стигне до полуфиналето на турнирот. На 12 јануари 2003, претрпел повреда во првенствениот натпревар против Модена, поради која отсуствувал долго и успеал да се врати на теренот буквално на самиот крајот на сезоната.[6]
На 26 август 2003 ја напуштил Италија по седум години и се преселил во Челси за 26 милиони евра: меѓутоа и во клубот од Англија останува само една година, бидејќи страдал од различни повреди. Во јули 2004 година, тој бил позајмен на Милан:[7] со нив стигнал до финалето на Лигата на шампионите, и во него постигнал два гола против Ливерпул, меѓутоа тие не биле доволни за победа и освојување на пехарот.[8] Потоа се вратил во Челси, за уште една сезона во која постигнал 10 погодоци придонесувајќи за освојувањето на Премиер лигата.
Во август 2006 година се вратил во Интер, со формула на двегодишен заем. Постигнал гол против Рома во Суперкупот на Италија додека на крајот на сезоната го освоил своето прво скудето во кариерата. Во јули 2008 година, потпишал постојанен договорот со Интер во првиот круг.[9] Во своето второ искуство во Милано, напаѓачот освоил три последователни титули во лигата, две под водство на Роберто Манчини и една под водство на Жозе Мурињо.
На 29 мај 2009 година, претседателот на екипата на Џенова Енрико Прециози најавил дека Креспо ќе потпише договор со неговата екипа,[10] а трансферот официјално бил потврден на 16 јули. За Грифоните Креспо постигнал седум гола, пет во Серија А и два во Лига Европа, пред да го напушти клубот уште кон крајот на јануари без да одигра ниту една целосна сезона.
На 29 јануари 2010 година се вратил во Парма, десет години подоцна откако за последен пат го носел дресот со жолта и сина боја.[11] Во сезоната 2010-2011 Креспо најчесто бил стартер. Во Купот на Италија придонел со два гола против Фјорентина, за квалификација на неговиот клуб во четврт-финалето на турнирот. Истата сезона ја завршил како најдобар стрелец на својата екипа со 9 постигнати гола. На 30 октомври 2011, достигнал до бројката од вкупно 600 настапи за својте клубови во кариерата во натпреварот Парма - Чезена 2-0.
На 2 февруари 2012, Креспо објавил дека се повлекува од активното играње фудбал на прес-конференција по договорот кој го постигнал со екипата за тренерски планови.[12][13] Вкупно во дресот на Парма во двата периоди тој одиграл 200 натпревари и постигнал 94 гола. Исто така, до денес тој е најдобар стрелец на Парма во Серија А.[14]
Репрезентативна кариера
уредиКреспо дебитирал за сениорската репрезентација на Аргентина на 14 февруари 1995 во пријателски натпревар против Бугарија. Тој го освои сребрениот медал на Летните олимиски игри во Атланта 1996, каде што тој бил најдобар стрелец на турнирот со шест постигнати гола колку што имал и бразилецот Бебето. Тој има учествувано на три изданија на Светските првенства во 1998 во 2002 и 2006. На Светското првенство 2006, тој постигнал три гола, што доведува до бројката од вкупно четири постигнати гола на светските првенства (1 гол постигнал во 2002).
Благодарение на двата гола кој ги постигнал против САД на Копа Америка 2007, успеал да се израмни со Диего Марадона на третото место по бројот на головите за арегентинската репрезентација со 34 гола. Во следниот натпревар против Колумбија со уште еден гол Креспо го надминал Марадона, а тој натпревар се испоставил како неговиот последен за гаучосите.
Тренер
уредиНа 10 декември 2012 година, започнал да присуствува на курсот за изучување на професионални тренери Прва Категорија-УЕФА Про во Коверчано. По завршувањето на курсот, комисијата за испитување ги оценила тестовите на Креспо за особено брилијантни.
На 13 јули 2014 започнал со тренерска работа откако бил назначен за тренер на Примавера тимот на Парма кој го одвел до доброто 6-то место во првенството и покрај неуспехот на клубот во сениорска конкуренција истата година.[15]
На 30 јуни 2015 година бил официјално претставен како нов тренер на Модена во Серија Б. На 26 март 2016 бил отпуштен по поразот на домашен терен од Каљари после кој тимот му се нашол на последното место на табелата; бил заменет од страна на Кристијано Бергоди кои не бил во можност да избегне испаѓање од лигата.
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиСтатистика
уредиКлупска статистика
уредиСтатистиката е ажурирана на 4 ноември 2016.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
1993-1994 | Ривер Плејт | ПД | 25 | 13 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 25 | 13 |
1994-1995 | ПД | 18 | 5 | - | - | - | СС | 4 | 2 | - | - | - | 22 | 7 | |
1995-1996 | ПД | 19 | 6 | - | - | - | КЛ | 13 | 10 | - | - | - | 32 | 16 | |
Вкупно Ривер Плејт | 62 | 24 | 17 | 12 | 79 | 36 | |||||||||
1996-1997 | Парма | А | 27 | 12 | КИ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 28 | 12 |
1997-1998 | А | 25 | 12 | КИ | 2 | 0 | ЛШ | 8 | 2 | - | - | - | 35 | 14 | |
1998-1999 | А | 30 | 16 | КИ | 7 | 6 | КУ | 8 | 6 | - | - | - | 45 | 28 | |
1999-2000 | А | 34+1[16] | 22+0[16] | КИ | 2 | 0 | ЛШ+КУ | 2+3 | 0+3 | СИ | 1 | 1 | 42 | 26 | |
2000-2001 | Лацио | А | 32 | 26 | КИ | 1 | 0 | ЛШ | 6 | 2 | СИ | 1 | 0 | 40 | 28 |
2001-2002 | А | 22 | 13 | КИ | 4 | 4 | ЛШ | 7 | 3 | - | - | - | 33 | 20 | |
Вкупно Лацио | 54 | 39 | 5 | 4 | 13 | 5 | 73 | 48 | |||||||
2002-2003 | Интер | А | 18 | 7 | - | - | - | ЛШ | 12 | 9 | - | - | - | 30 | 16 |
2003-2004 | Челси | ПЛ | 19 | 10 | ФАКуп+ЛК | 0+2 | 0+0 | ЛШ | 10 | 2 | - | - | - | 31 | 12 |
2004-2005 | Милан | А | 28 | 11 | КИ | 1 | 1 | ЛШ | 10 | 6 | СИ | 1 | 0 | 40 | 18 |
2005-2006 | Челси | ПЛ | 30 | 10 | ФАКуп+ЛК | 5+1 | 1+0 | ЛШ | 5 | 2 | КШ | 1 | 0 | 42 | 13 |
Вкупно Челси | 49 | 20 | 8 | 1 | 15 | 4 | 1 | 0 | 73 | 25 | |||||
2006-2007 | Интер | А | 30 | 14 | КИ | 5 | 4 | ЛШ | 6 | 1 | СИ | 1 | 1 | 42 | 20 |
2007-2008 | А | 19 | 4 | КИ | 5 | 2 | ЛШ | 5 | 1 | СИ | 0 | 0 | 29 | 7 | |
2008-2009 | А | 14 | 2 | КИ | 3 | 0 | - | - | - | СИ | 0 | 0 | 17 | 2 | |
Вкупно Интер | 81 | 27 | 12 | 6 | 23 | 11 | 1 | 1 | 118 | 45 | |||||
2009-јан. 2010 | Џенова | А | 16 | 5 | КИ | 1 | 0 | ЛЕ | 4 | 2 | - | - | - | 21 | 7 |
јан.-јун. 2010 | Парма | А | 13 | 1 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 13 | 1 |
2010-2011 | А | 29 | 9 | КИ | 2 | 2 | - | - | - | - | - | 31 | 11 | ||
2011-2012 | А | 4 | 0 | КИ | 2 | 2 | - | - | - | - | - | - | 6 | 2 | |
Вкупно Парма | 162+1 | 72 | 16 | 10 | 21 | 11 | 1 | 1 | 200 | 94 | |||||
Вкупно во кариерата | 452+1 | 198 | 43 | 22 | 103 | 51 | 4 | 2 | 605 | 273 |
Тренерска статистика
уредиСтатистиката е ажурирана на 26 март 2016.
Сезона | Екипа | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | % Успешност | |||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Comp | ОН | П | Н | И | Comp | ОН | П | Н | И | Comp | ОН | П | Н | И | Comp | ОН | П | Н | И | ОН | П | Н | И | % | ||
2015-2016 | Модена | Б | 33 | 10 | 5 | 18 | КИ | 2 | 1 | 0 | 1 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 35 | 11 | 5 | 19 | 31,43 |
Вкупно во кариерата | 33 | 10 | 5 | 18 | 2 | 1 | 0 | 1 | - | - | - | - | - | - | - | - | 35 | 11 | 5 | 19 | 31,43 |
Хет-трикови
уреди11 мај 1997 Серија А | Парма | 3 – 0 | Виченца | Стадион Енио Тардини, Парма |
---|---|---|---|---|
15:00 ЦЕВ |
Креспо 16', 56', 60' | Извештај | Судија: Пасквале Родомонти |
15 ноември 1998 Серија А | Парма | 4 – 1 | Удинезе | Стадион Енио Тардини, Парма |
---|---|---|---|---|
15:00 ЦЕВ |
Креспо 4', 37', 65' Станиќ 88' |
Извештај | Марсио Аморосо 36' | Судија: Џенаро Бориело |
7 февруари 1999 Серија А | Јувентус | 2 – 4 | Парма | Деле Алпи, Торино |
---|---|---|---|---|
20:30 ЦЕВ |
Такинарди 15' Фонсека 72' |
Извештај | Креспо 35', 40', 58' Кјеза 39' |
Судија: Роберт Антони Боџи |
25 февруари 2001 Серија А | Лацио | 5 – 3 | Верона | Олимпико, Рим |
---|---|---|---|---|
15:00 ЦЕВ |
Поборски 14' Креспо 40', 76', 90+1' Недвед 50' |
Извештај | Каморанези 48' Џилардино 64' Косато 84' |
Судија: Пјерлујџи Колина |
4 ноември 2001 Серија А | Лацио | 5 – 0 | Бреша | Олимпико, Рим |
---|---|---|---|---|
15:00 ЦЕВ |
Креспо 6', 32', 77' Инѕаги 39' Станковиќ 62' |
Извештај | Судија: Алфредо Тренталанџе |
3 март 2002 Серија А | Лацио | 4 – 2 | Венеција | Олимпико, Рим |
---|---|---|---|---|
15:00 ЦЕВ |
Креспо 24', 45+2', 75' Панкаро 45+1' |
Извештај | Бетарини 68' Маниеро 73' |
Судија: Емидио Морганти |
6 јануари 2005 Серија А | Милан | 5 – 2 | Лече | Сан Сиро, Милано |
---|---|---|---|---|
15:00 ЦЕВ |
Креспо 23', 36', 57' Шевченко 50' Томасон 89' |
Извештај | Божинов 75' Касети 83' |
Судија: Матео Трефолони |
Титули
уредиКлупски
уреди- Примера Дивисион : 2
- 1993 (Апертура), 1994 (Апертура)
- 1996
- Куп на Италија : 1
- 1998–1999
- Куп на УЕФА : 1
- 1998–1999
- 1999
- 2000
- 2005
- Премиер лига : 1
- 2005–2006
- 2004
- Серија А : 3
- 2006–2007, 2007–2008, 2008–2009
- 2006, 2008
Репрезентативни
уреди- Аргентина[17]
- Летни олимписки игри 1996 : Сребрен медал
Наводи
уреди- ↑ „Pele's list of the greatest“. BBC Sport. 4 March 2004. Посетено на 10 May 2014.
- ↑ „Crespo, amichevole in Romania?“ (италијански). calcionews24.com. 30 May 2012.
- ↑ „Crespo, convins de soacră să investească în România“ (романски). adevarul.ro. 30 May 2012. Посетено на 10 April 2013.
- ↑ Francesco Saverio Intorcia (3 декември 2015). „Crespo, signore del gol in cerca di salvezza. "Ho imparato da Mou l'arte del motivatore "“. La Repubblica (quotidiano). Посетено на 9 февруари 2016.
- ↑ Andrea Schianchi (28 септември 2004). La Gazzetta dello Sport (уред.). „Cercasi anima gemella per Sheva“. Посетено на 16 јануари 2009.
- ↑ La Repubblica (quotidiano), уред. (12 јануари 2003). „L'Inter degli assenti batte il Modena in 20'“. Посетено на 17 декември 2011.
- ↑ Ugo Negrini (15 јули 2004). L'Eco di Bergamo (уред.). „Crespo è del Milan, in prestito per un anno“. Архивирано од изворникот на 2016-03-06. Посетено на 12 јануари 2013.
- ↑ Diego Mariottini (25 мај 2015). La Gazzetta dello Sport (уред.). „25 мај 2005: Milan-Liverpool 3-3. Sei minuti di follia e addio Champions!“. Посетено на 28 мај 2015.
- ↑ chelseafc.com, уред. (3 јули 2008). „Crespo no longer a Blue“ (англиски). Посетено на 15 јуни 2010.
- ↑ Fabrizio Zorzoli (29 мај 2009). tuttomercatoweb.com (уред.). „Preziosi: "Crespo è a tutti gli effetti del Genoa"“. Посетено на 15 јуни 2010.
- ↑ tuttonapoli.net, уред. (29 јануари 2010). „Crespo al Parma“. Архивирано од изворникот на 2010-04-02. Посетено на 15 јуни 2010.
- ↑ Parma, Hernan Crespo si ritira Calciopro.com
- ↑ L'addio di Crespo al calcio giocato Архивирано на 14 јануари 2021 г. FocusCALCIO.it
- ↑ Panini (azienda), уред. (2014). Almanacco Illustrato del Calcio 2015. Modena. стр. 109.
- ↑ „Parma, Crespo in lacrime: "Non ho parole"“. Архивирано од изворникот на 2015-07-08. Посетено на 2016-11-03.
- ↑ 16,0 16,1 Бараж за четврто место.
- ↑ 17,0 17,1 17,2 17,3 17,4 17,5 17,6 „H. Crespo“. Soccerway. Посетено на 27 December 2015.
Надворешни врски
уреди- Ернан Креспо на soccerway
- Ернан Креспо на transfermarkt
- Ернан Креспо на espn
- Ернан Креспо Архивирано на 9 ноември 2016 г. на goal.com