Хавиер Маскерано

аргентински фудбалер

Хавиер Алехандро Маскерано роден во Сан Лоренцо, 8 јуни 1984) — аргентински фудбалер и репрезентативец кој моментално игра за Хабеј Чајна форчун.

Хавиер Маскерано

Со репрезентацијата освоил две златни олимписки медали, во Атина 2004 и Пекинг 2008. Ја предводел Аргентина како капитен на Светско првенство 2010 во Јужноафриканска Република.

Кариера уреди

Ривер Плејт (2003—2005) уреди

Хавиер Маскерано кариерата ја започнал во аргентински клуб во Ривер Плејт 3 август 2003 против екипата на Нуева Чикаго. Ривер таа утакмица ја победил 2:1. Тогаш Маскерано веќе играл за јуниорската репрезентација на Аргентина и се вратил со ФИФА СП-во за млади 2003. Исто така учествовал во победедата на Ривер 4:3 против перунски клуб Циенцијана во финалето на Копа Судамерикана (јужноамериканска верзија Лига Европа).

Во годината 2004 Ривер играл во Копа либертадорес и загубил од Бока јуниорс. После тој куп, неколку клубови покажале интерес за Маскерано како што биле Реал Мадрид и Депортиво ла Коруња, но Ривер Плејт ги одбил сите понуди. Сезона 2004/2005 не била добра за Ривер Плејт кој завршил 3-ти во „Апертур“ и тек 10-ти во „Клаусур“ а изгубиле и во полуфиналето Копа Либертадорес од бразилскиот клуб Саун Пауло.После Куп Конфедерација во Германија 2005, Маскерано примил понуда од бразилскиот тим Коринтијанс и го довеле за 15.000.000 долари.

Коринтијанс (2005—2006) уреди

Маскерано во Коринтијанс дојде во полусезоната на бразилската лига во зимскиот преоден рок. После само девет одиграни натпревари за бразилскиот клуб, тој добил фрактура на левата нога и бил изгубен за остатокот од сезоната. Се вратил во Аргентина, каде го оперирале. Тој бил повреден шест месеци и го пропуштил почетокот на новата бразилска сезона и почетокот на Копа Либертадорес. Тој се вратил на натпреварот со поранешниот клуб Ривер Плејт, против кого Бразилците загубиле.

Иако биле заинтересирани европските клубови за него, Хавиер останал со Коринтијанс до крајот и се борел за опстанок во лигата. Во летниот предоден рок преминал Во Англија во англискиот клуб Вест Хем јунајтед со својот соиграч од клубот и репрезентацијата Карлос Тевез.

Вест Хем јунајтед (2006-јануари 2007) уреди

Пред Маскерановото доаѓање во Вест Хем во летото 2006, клуб во Премиер лига имал само една победа, еден нерешен резултат и едан пораз, така што клубот паднал во голема криза после тоа, што играчка, што финансијска. Вест Хем одлучил да продаде некој од играчите, а на листата дошол и Маскерано. Во јануари 2007, Ливерпул пуштил понуда за позајмица на Маскерано што Вест Хем ја прифатил.

Ливерпул (2007—2010) уреди

10 февруари 2007 Маскерано дошол на позајмица во Ливерпул. Веднаш добил број 20 во Лига на шампионите. Првиот натпревар го одиграл против Шефилд Јунајтед и тренер Рафаел Бенитез веднаш после утакмицата го пофалил, баш како и соиграчот Стивен Џерард.

После утакмицата против Арсенал, Бенитез го нарекол „звер од играч“. Првата утакмица во Лигата на шампионите Маскерано одиграл во осмина финалето против ПСВ Ајндховен, а „Редси“ победиле. Таа година Ливерпул бил поразен 1:2 од Милан во финале Лиге шампиони.

После месеци нагаѓањеа=, Маскерано потпишал четворогодишен договор со Ливерпул кој го поврзувал сè до 2012 година. Се претпоставува дека договорот чинел околу 18.000.000 фунти Прв погодок во Премиер лига Хавиер го постигнал против Рединг во март 2008.

Барселона (2010—2018) уреди

Маскерано 28 август 2010 преминал за 21.000.000 евра во Шпанија во шпанскиот клуб Барселона. Маскерано дебитирал за Барселона во утакмицата против Херкулес каде доживеал пораз од 2:0.

Репрезентација уреди

За аргентинска репрезентациа дебитрал 2003 година. На Олимпијскиите игри 2004 и 2008 освоил златна медаља. Капитенската трака во репрезентацијата ја преземал крајот на 2009 Од Хавијер Занети.

Трофеи уреди

Ривер Плејт уреди

Коринтијанс уреди

Барселона уреди

Надворешни врски уреди

| commons = Javier Mascherano | wikispecies = | wiktionary = | wikiversity = | wikibooks = | wikisource = | wikiquote = | wikinews = Хавиер Маскерано }}