Фудбалска репрезентација на Колумбија

Фудбалската репрезентација на Колумбија ја претставува Колумбија на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалскиот сојуз на Колумбија.

 Колумбија
Грб на фудбалскиот сојуз
Прекари(и)Los Cafeteros[1]
Tricolor[1]
СојузФудбалска сојуз на Колумбија
КонфедерацијаКОНМЕБОЛ
СелекторАргентина Хосе Пекерман
КапитенРадамел Фалкао
Најмногу настапиКарлос Валдерама (111)[2][3]
Најдобар стрелецРадамел Фалкао и Арнолдо Игуаран (48)
Домашен стадионСтадион Метрополитано Роберто Мелендес
ФИФА кодCOL
Домашни бои
Гостински бои
Пласман на рангирањето на ФИФА
Моментално4 (септември 2015)
Највисок3 (јули-август 2013)
Најнизок54 (јуни 2011)
Прв меѓународен натпревар
 Мексико 3–1 Колумбија Колумбија
(Панама Сити, Панама; 10 февруари 1938)
Најголема победа
 Бахреин 0–6 Колумбија Колумбија
(Рифа, Бахреин; 26 март 2015)
Најлош пораз
 Бразил 9–0[4] Колумбија Колумбија
(Лима, Перу; 24 март 1957)
Светско првенство
Учества5 (првпат во 1962)
Најдобар резултатчетвртфинале 2014
Копа Америка
Учества19
Најдобар резултатПобедници, 2001
КОНКАКАФ Голд куп
Учества3 (Прво во2000)
Најдобар резултатВицешампиони, 2000
Куп на Конфедерации
Учества1 (Прво во 2003)
Најдобар резултат4. место, 2003

Досега, Колумбија пет пати учествувала на Светските првенства, првпат на Светското првенство во 1962, каде завршиле како последни во групата. Најдобриот резултат го оствариле на последното првенство во 2014, каде стигнале до четвртфиналето.

Исто така, 19 пати учествувале на Континенталното првенство на Јужна Америка - Копа Америка и еднаш го освоиле во 2001 година.

Историја

уреди

Репрезентацијата на Колумбија првиот официјален натпрвар го одиграла во 1938 година против репрезентацијата на Мексико. Првпат на светските првенства настапила во 1962, кога домаќин на првенството бил Чиле. На Светското првенство 1990 година одржано во Италија, за првпат успеале да ја минат првата фаза, но биле поразени од Камерун по продолжанија со 1-2. После три пропуштени светски првенства во 2002, 2006 и 2010 успеале да се квалификуваат за Светското првенство 2014 во Бразил, каде го направиле својот најдобар пласман пласирајќи се во четвртфиналето. Таму биле поразени од домаќнот на турнирот со 2-1, но во конечниот пласман го заземале 5. место.

Во 2003 година, Колумбија го имала својот единствен настап на Купот на Конфедерации каде завршиле на четврто место. Прво во полуфиналето ги победил Камерун а после тоа натпреварот за третото место донел повеќе спортска среќа на репрезентацијата на Турција.

Досега, репрезентацијата на Колумбија учествувала 19 пати на Континенталното првенство на Јужна Америка - Копа Америка. Најдобриот резултат го оствариле во 2001 година на домашен терен, кога за прв и досега единствен пат станале шампиони. Во финалето ја совалдале репрезентацијата на Мексико со 1-0 со голот на Иван Кордоба во 65-тата минута.

Трипати учествувале на КОНКАКАФ Голд купот, а најдобар резултат им е финалето од 2000 година, каде биле поразени од Канада.

Настапи на големите турнири

уреди

Настапи на Светските првенства

уреди
Светско првенство Квалификации за Светско првенство
Домаќин/Година Поз. ОН П Н И ДГ ПГ ОН П Н И ДГ ПГ
  1930 Не учествувале Не учествувале
  1934
  1938 Се повлекле Се повлекле
  1950 Не учествувале Не учествувале
  1954 Добиле забрана за настап Добиле забрана за настап
  1958 Не се квалификувале 4 0 1 3 3 8
  1962 14 3 0 1 2 5 11 2 1 1 0 2 1
  1966 Не се квалификувале 4 1 0 3 4 10
  1970 6 1 1 4 7 12
  1974 4 1 3 0 3 2
  1978 4 0 2 2 1 8
  1982 4 0 2 2 4 7
  1986 8 3 2 3 7 11
  1990 14 4 1 1 2 4 4 6 3 2 1 6 3
  1994 19 3 1 0 2 4 5 6 4 2 0 13 2
  1998 21 3 1 0 2 1 3 16 8 4 4 23 15
    2002 Не се квалификувале 18 7 6 5 20 15
  2006 18 6 6 6 24 16
  2010 18 6 5 7 22 26
  2014 5 5 4 0 1 12 4 16 9 3 4 27 13
  2018 Учествуваат во квалификациите Учествуваат во квалификациите
  2022
Вкупно 5/20 13 3 2 8 14 23 134 50 40 44 166 149

Копа Америка

уреди

Копа Америка
Година Рунда Позиција Pld W D* L GF GA
  1975 Вицешампиони 2-ри 9 6 0 3 11 5
  1979 Фаза по групи 5-ти 4 2 1 1 5 2
  1983 7-ми 4 1 2 1 5 5
  1987 Трето место 3-ти 4 3 0 1 8 3
  1989 Фаза по групи 6-ти 4 1 2 1 5 4
  1991 Четврто место 4-ти 7 2 2 3 5 6
  1993 Трето место 3-ти 6 3 2 1 6 4
  1995 3-ти 6 3 1 2 7 8
  1997 Четвртфинале 8-ми 4 1 0 3 6 7
  1999 5-ти 4 3 0 1 8 4
  2001 Шампиони 1-ви 6 6 0 0 11 0
  2004 Четврто место 4-ти 6 3 1 2 7 7
  2007 Фаза по групи 9-ти 3 1 0 2 3 9
  2011 Четвртфинале 6-ти 4 2 1 1 3 2
  2015 6-ти 4 1 2 1 1 1
  2016 TBD
  2019
  2023
Вкупно 1. титула 15/15 75 37 16 22 94 69

Куп на Конфедерации

уреди
Куп на Конфедерации
Година Рунда Позиција Pld W D* L GF GA
  1992 Не се квалификувале
  1995
  1997
  1999
    2001
  2003 Четврто место 4th 5 2 0 3 5 5
  2005 Не се квалификувале
  2009
  2013
  2017
  2021 To Be Determined
Вкупно Четврто место 1/10 5 2 0 3 5 5

Титули

уреди

Играчи

уреди

Моментален состав

уреди

Објавен на 4 септември 2015.

Бр. Поз. Играч Год. Настапи Голови Клуб
ГМ Давид Оспина 31 август 1988(1988-08-31)(36 г.) 57 0   Арсенал
ГМ Камило Варгас 1 септември 1989(1989-09-01)(35 г.) 4 0   Атлетико Насионал
ГМ Кристијан Бонила 2 јуни 1993(1993-06-02)(31 г.) 0 0   Ла Екидад
ОД Пабло Армеро 2 ноември 1986(1986-11-02)(38 г.) 66 2   Фламенго
ОД Хуан Камило Суњига 14 декември 1985(1985-12-14)(39 г.) 62 1   Наполи
ОД Кристијан Сапата 30 септември 1986(1986-09-30)(38 г.) 34 0   Милан
ОД Сантјаго Ариас 13 јануари 1992(1992-01-13)(32 г.) 16 0   ПСВ
ОД Џеисон Муриљо 27 мај 1992(1992-05-27)(32 г.) 10 1   Интер
ОД Едер Алварез Баланта 28 февруари 1993(1993-02-28)(31 г.) 5 0   Ривер Плејт
ОД Елибертон Паласиос 11 јуни 1993(1993-06-11)(31 г.) 0 0   Депортиво Кали
СР Карлос Санчес 6 февруари 1986(1986-02-06)(38 г.) 58 0   Астон Вила
СР Фреди Гуарин 30 јуни 1986(1986-06-30)(38 г.) 56 4   Интер
СР Хуан Квадрадо 26 мај 1988(1988-05-26)(36 г.) 45 5   Јувентус
СР Маснели Торес 1 септември 1984(1984-09-01)(40 г.) 38 3   Атлетико Насионал
СР Хамес Родригес 12 јули 1991(1991-07-12)(33 г.) 37 12   Реал Мадрид
СР Александер Мехија 7 септември 1988(1988-09-07)(36 г.) 21 0   Атлетико Насионал
СР Едвин Валенсија 29 март 1985(1985-03-29)(39 г.) 19 0   Сантос
СР Андрес Фелипе Роа 25 мај 1993(1993-05-25)(31 г.) 0 0   Депортиво Кали
НП Радамел Фалкао 10 февруари 1986(1986-02-10)(38 г.) 61 25   Челси
НП Теофило Гутиерез 28 мај 1985(1985-05-28)(39 г.) 43 14   Спортинг Лисабон
НП Џексон Мартинес 3 октомври 1986(1986-10-03)(38 г.) 37 10   Атлетико Мадрид
НП Карлос Бака 8 септември 1986(1986-09-08)(38 г.) 20 7   Милан
НП Луис Муриел 16 април 1991(1991-04-16)(33 г.) 6 1   Сампдорија

Статистика на играчите

уреди

Последен пат ажурирано на 4 септември 2015.[5]

  Активни репрезентативци

Список на играчи со најмногу настапи

уреди
# Играч Реп. кариера Бр. настапи Бр. голови
1
Карлос Валдерама
1985–1998 111 11
2
Марио Јепес
1999–2014 102 6
3
Леонел Алварез
1999- 101 1
4
Фреди Ринкон
1990–2001 84 17
5
Луис Карлос Переа
1987–1994 78 2
6
Луис Амаранто Переа
2003-2014 74 0
7
Иван Кордоба
1997–2011 73 5
Оскар Кордоба
1993-2006 73 0
9
Арнолдо Игуаран
1979–1993 68 25
Рене Игита
1987-1999 68 3

Список на играчи со најмногу постигнати голови

уреди
# Играч Реп. кариера Бр. голови Бр. настапи
1
Радамел Фалкао
2007- 25 61
Арнолдо Игуаран
1979–1993 25 68
3
Фаустино Асприлја
1993–2001 20 57
4
Фреди Ринкон
1990–2001 17 84
5
Виктор Аристисабал
1993–2003 15 66
6
Адолфо Валенсија
1992–1998 14 37
Теофило Гутиерез
2009- 14 43
8
Иван Валенсијано
1991–2000 13 29
Антони Де Авила
1983–1998 13 53
10
Хамес Родригес
2011- 12 37
Вилингтон Хосе Ортиз
1973–1985 12 49

Галерија на слики од репрезентативци

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Football Team Nicknames, topendsports.com; пристапено: 21. 12. 2013.
  2. Players with 100+ Caps and 30+ International Goals, rsssf.com; Пристапено: 21. 12. 2013.
  3. Carlos Alberto Valderrama - Century of International Appearances, rsssf.com; Пристапено: 21. 12. 2013.
  4. „Brasil 9-0 Colombia :: Copa América 1957 :: Ficha del Partido“. ceroacero.es. 1957-03-24. Посетено на 2014-06-30.
  5. Играчи со најмногу настапи и најдобри стрелци на Колумбија, rsssf.com; pristupljeno: 22. 12. 2013.