Фудбалска репрезентација на Советскиот Сојуз
Фудбалска репрезентација на Советскиот Сојуз (руски: сбо́рная Сове́тского Сою́за по футбо́лу) — фудбалска репрезентација на Советскиот Сојуз.
Прекари(и) | Црвена Армија | ||
---|---|---|---|
Сојуз | Фудбалска федерација на Советскиот Сојуз | ||
Најмногу настапи | Олег Блохин (112) | ||
Најдобар стрелец | Олег Блохин (42) | ||
Домашен стадион | Централен стадион Ленин (по 1956) Стадион Динамо (пред 1956) Стадион Воровски (пред 1928) | ||
ФИФА код | URS | ||
| |||
Прв меѓународен натпревар | |||
СССР 3–0 Турција (Москва, Советски Сојуз; 16 ноември 1924) Последен интернационален натпревар Кипар 0–3 СССР (Ларнака, Кипар; 13 ноември 1991) | |||
Најголема победа | |||
СССР 11–1 Индија (Москва, Советски Сојуз; 16 септември 1955) Финска 0–10 СССР (Хелсинки, Финска; 15 август 1957) | |||
Најлош пораз | |||
Англија 5–0 СССР (Лондон, Англија; 22 октомври 1958) | |||
Светско првенство | |||
Учества | 7 (Првпат во 1958) | ||
Најдобар резултат | 4-то место, 1966 | ||
Европско Фудбалско Првенство | |||
Учества | 6 (Првпат во во 1960) | ||
Најдобар резултат | Шампион, во 1960 |
По распадот на Советскиот Сојуз тимот ја претставувал Заедницата на независни држави (формално име за екипата која што го претставувала непостоечкиот Советски Сојуз). ФИФА ја смета фудбалската репрезентација на Заедницата на независни држави (потоа фудбалска репрезентација на Русија) како наследник на Советскиот Сојуз и сите негови резултати.[1] Сепак, голем процент од играчите на некогашниот репрезентација доаѓале надвор од Руската СФСР, главно од Украинската ССР, и по распадот на СССР, некои играчи од поранешната Украинска ССР како што е Андреј Канчелскис продолжиле да играат во новоформираниот руска репрезентација.
Советскиот Сојуз само двапати не успеал да се квалификува на Светските првенства, во 1974 и 1978 година, а учествувал на вкупно седум завршни турнири. Најдобар резултат на Светските првенства за СССР било освојувањето на четвртото место во 1966, кога во полуфиналето изгубиле со резултат 2:1 од Западна Германија. Советскиот Сојуз пет пати учествувал на Европските првенства, а го освоиле во 1960 година кога во финалето ја совладале репрезентацијата на Југославија со резултат 2:1. Го освоиле второто место во три наврати (1964, 1972 и 1988) и еднаш завршиле на четвртото место (1968), каде што по нерешениот натпревар со Италија во полуфиналето, по фрлање на паричка биле испратени да одиграат меч за трето место (каде што изгубиле од Англија). Репрезентацијата на СССР исто така освоила и два златни медали на Летните олимписки игри (1956 и 1988 година) како и три бронзени медали (во 1972, 1976 и 1980)
Наводи
уреди- ↑ „FIFA“. Архивирано од изворникот на 2008-07-01. Посетено на 2014-07-20.
Надворешни врски
уреди- RSSSF архива на резултати од 1912 па сè до денес
- RSSSF архива на играчи со најмногу настапи и голови
- Фудбал во СССР
- russiateam.com
- Историја Архивирано на 3 февруари 2014 г.
Меѓународен фудбал
| |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
|