Златна топка
Златна топка (француски: Ballon d'Or, често нарекувана и Најдобар европски фудбалер на годината) е фудбалска награда која се доделува секоја година. Златната топка се доделува на оној фудбалер за кого се смета дека покажал најмногу во претходната календарска година. Наградата ја воспоставил новинарот на France Football Габриел Хано, кој во 1956 ги замолил колегите да гласаат за најдобар играч на годината во Европа. Прв победник бил Стенли Метјуз од Блекпул.[1][2][3]
Новинарите најпрво можеле да гласаат само за европските играчи кој настапуваат во европските клубови, што значи дека играчи како што биле Диего Марадона и Пеле не биле во конкуренција за наградата.[4] Во 1995 со промената на правилото е дозволено гласање и за неевропските играчи кој настапувале во европските клубови. Прв неевропјанин кој ја освоил наградата по смената на правилото бил Жорж Веа од Милан веќе во истата година.[5] Правилата биле повторно променети во 2007 како би во конкуренцијата влегле играчи од било која националност и од било кој клуб на светот. Автоматски се зголемил и бројот на новинари кој имаат право на гласање; 96 од целиот свет ги избрале својте најдобри 5 играчи, додека во 2006 тоа го направиле 52 од Европа.[6]
Три играчи ја освоиле наградата трипати: Јохан Кројф, Мишел Платини и Марко ван Бастен. Платини е единствениот играч кој ја освоил наградата трипати по ред; наградата ја освојувал од 1983 до 1985.[1] Роналдо во 1997 станал првиот Бразилец кој ја освоил наградата.[5] Најуспешни се холандските и германските играчи кој највеќе пати ја освојувале наградата. Италијанските клубови Јувентус и Милан имаат највеќе победници.[7] Последен добитник на златната топка бил Лионел Меси.[8]
Ново име и награди
уредиФИФА во 2010 година ги споила својата годишна награда Играч на годината според ФИФА со Златната топка, и од тогаш постој ФИФА Златна топка (за фудбалерите), и Играч на годината според ФИФА (за фудбалерките).
Победници
уредиОзначува дека добитникот на Златната топка истата година ја освоил и наградата Фудбалер на годината на ФИФА (1991—2009) или наградата Најдобар фудбалер на ФИФА (2016—денес) |
Победи по фудбалери
уредиВклучително и фудбалерите кои ја добиле наградата само еднаш доколку покрај тоа, барем еднаш завршиле на второ или трето место.
Играч | Победи | Второ место | Трето место |
---|---|---|---|
Лионел Меси[напомена 21] | 7 (2009, 2010, 2011, 2012, 2015, 2019, 2021) | 5 (2008, 2013, 2014, 2016, 2017) | 1 (2007) |
Кристијано Роналдо[напомена 22] | 5 (2008, 2013, 2014, 2016, 2017) | 6 (2007, 2009, 2011, 2012, 2015, 2018) | 1 (2019) |
Мишел Платини | 3 (1983, 1984, 1985) | — | 2 (1977, 1980) |
Јохан Кројф | 3 (1971, 1973, 1974) | — | 1 (1975) |
Марко ван Бастен | 3 (1988, 1989, 1992) | — | — |
Франц Бекенбауер | 2 (1972, 1976) | 2 (1974, 1975) | 1 (1966) |
Роналдо | 2 (1997, 2002) | 1 (1996) | 1 (1998) |
Алфредо ди Стефано | 2 (1957, 1959) | 1 (1956) | — |
Кевин Киген | 2 (1978, 1979) | 1 (1977) | — |
Карл Хајнц Румениге | 2 (1980, 1981) | 1 (1979) | — |
Луис Суарез | 1 (1960) | 2 (1961, 1964) | 1 (1965) |
Еузебио | 1 (1965) | 2 (1962, 1966) | — |
Боби Чарлтон | 1 (1966) | 2 (1967, 1968) | — |
Рејмонд Копа | 1 (1958) | 1 (1959) | 2 (1956, 1957) |
Герд Милер | 1 (1970) | 1 (1972) | 2 (1969, 1973) |
Зинедин Зидан | 1 (1998) | 1 (2000) | 1 (1997) |
Џани Ривера | 1 (1969) | 1 (1963) | — |
Руд Гулит | 1 (1987) | 1 (1988) | — |
Лотар Матеус | 1 (1990) | 1 (1991) | — |
Роберто Баџо | 1 (1993) | 1 (1994) | — |
Христо Стоичков | 1 (1994) | 1 (1992) | — |
Андриј Шевченко | 1 (2004) | — | 2 (1999, 2000) |
Џорџ Бест | 1 (1968) | — | 1 (1971) |
Алан Симонсен | 1 (1977) | — | 1 (1983) |
Роналдињо | 1 (2005) | — | 1 (2004) |
Победи по држави
уредиДржава | Играчи | Победи |
---|---|---|
Германија | 5 | 7 |
Холандија | 3 | 7 |
Португалија | 3 | 7 |
Франција | 4 | 6 |
Италија | 5 | 5 |
Бразил | 4 | 5 |
Англија | 4 | 5 |
Аргентина | 1 | 6 |
СССР | 3 | 3 |
Шпанија | 2 | 3 |
Бугарија | 1 | 1 |
Хрватска | 1 | 1 |
Чешка | 1 | 1 |
Чехословачка | 1 | 1 |
Данска | 1 | 1 |
Унгарија | 1 | 1 |
Либерија | 1 | 1 |
Северна Ирска | 1 | 1 |
Шкотска | 1 | 1 |
Украина | 1 | 1 |
Победи по клубови
уредиКлуб | Играчи | Победи |
---|---|---|
Реал Мадрид | 7 | 11 |
Барселона | 6 | 12 |
Јувентус | 6 | 8 |
Милан | 6 | 8 |
Баерн Минхен | 3 | 5 |
Манчестер јунајтед | 4 | 4 |
Динамо Киев | 2 | 2 |
Интер | 2 | 2 |
Хамбургер | 1 | 2 |
Ајакс | 1 | 1 |
Бенфика | 1 | 1 |
Блекпул | 1 | 1 |
Борусија Дортмунд | 1 | 1 |
Борусија Менхенгладбах | 1 | 1 |
Дукла Прага | 1 | 1 |
Динамо Москва | 1 | 1 |
Ференцварош | 1 | 1 |
Ливерпул | 1 | 1 |
Олимпик Марсеј | 1 | 1 |
Напомени
уреди- ↑ Алфредо ди Стефано е роден во Аргентина, но зел шпанско државјанство во 1956 година и настапувал за репрезентацијата на Шпанија.
- ↑ Омар Сивори е роден во Аргентина, но зел италијанско државјанство во 1961 година и настапувал за репрезентацијата на Италија.
- ↑ Кројф преминал во Барселона од Ајакс летото 1973 година
- ↑ Киген преминал во Хамбургер од Ливерпул летото 1977 година.
- ↑ Линекер преминал во Барселона од Евертон летото 1986 година.
- ↑ Гулит преминал во Милан од ПСВ летото 1987 година.
- ↑ Футре преминал во Атлетико Мадрид од Порто летото 1987 година.
- ↑ Рајкард преминал во Милан од Сарагоса летото 1988 година.
- ↑ Веа преминал во Милан од Пари Сен Жермен летото 1995 година.
- ↑ Роналдо преминал во Барселона од ПСВ летото 1996 година.
- ↑ Роналдо преминал во Интер од Барселона летото 1997 година.
- ↑ Шевченко преминал во Милан од Динамо Киев летото 1999 година.
- ↑ Фиго преминал во Реал Мадрид од Барселона летото 2000 година.
- ↑ Роналдо преминал во Реал Мадрид од Интер летото 2002 година.
- ↑ Деко преминал во Барселона од Порто летото 2004 година.
- ↑ Канаваро преминал во Реал Мадрид од Јувентус летото 2006 година.
- ↑ Кристијано Роналдо преминал во Реал Мадрид од Манчестер Јунајтед во летото 2009.
- ↑ Нејмар преминал во Париз Сен Жермен од Барселона летото 2017 година.
- ↑ Кристијано Роналдо преминал во Јувентус од Реал Мадрид во летото 2018 година.
- ↑ Меси преминал во Пари Сен Жермен од Барселон во летото 2021 година.
- ↑ Лионел Меси четири пати ја освоил Златната топка на ФИФА 2010, 2011, 2012, 2015) и двапати завршил како второпласиран (2013, 2014).[10][11]
- ↑ Кристијано Роналдо двапати ја освоил Златната топка на ФИФА (2013, 2014) и трипати завршил како второпласиран (2011, 2012, 2015).[10][11]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Ronaldo joins legendary list“. BBC Sport. 1. prosinca 2008. Посетено на 2008-12-04. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ https://www.cambridge.org/core/journals/perspectives-on-politics/article/abs/messi-ronaldo-and-the-politics-of-celebrity-elections-voting-for-the-best-soccer-player-in-the-world/36CB5CB44D4C06866305408163A49290
- ↑ https://www.sportbible.com/football/ballon-dor-votes-lionel-messi-cristiano-ronaldo-665271-20230302?source=facebook&fbclid=IwAR3LI1jGmPSn6t7ceIM-ql4o5eV5meCTB5dcbvPMeTArHAGJnDHlIuzPR_Y
- ↑ „Matthews wins first Golden Ball“. BBC Sport. 1. prosinca 2008. Посетено на 2008-12-04. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ 5,0 5,1 „The 1990s Ballon d'Or winners“. BBC Sport. 1. prosinca 2008. Посетено на 2008-12-04. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Kaka wins 2007 award“. BBC Sport. 1. prosinca 2008. Посетено на 2008-12-04. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Rankings by Wins“. Rec.Sport.Soccer Statistics Foundation. 9. listopada 2008. Посетено на 4. prosinca 2008. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ Rupnik, Borna (1. prosinca 2009). „Златната топка во рацете на Меси“. Sportnet.hr. Посетено на 1. prosinca 2009. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „THE BALLON D'OR® WILL NOT BE AWARDED IN 2020“. L'Equipe. 20 July 2020. Архивирано од изворникот на 20 July 2020. Посетено на 20 July 2020.
- ↑ 10,0 10,1 „La liste complête des lauréats du Ballon d'or, de 1956 à nos jours“. France Football. Посетено на 2 мај 2019.
- ↑ 11,0 11,1 „FIFA Awards – World Player of the Year“. Rec.Sport.Soccer Statistics Foundation. 12 февруари 2015. Посетено на 2 мај 2019.