ФК Интер

италијански фудбалски клуб

Фудбалскиот клуб Интернационале Милано познат како Интернационале или Интер, е италијански фудбалски клуб стациониран во Милано, Ломбардија, кој се натпреварува во Серија А.

Интер
Целосно имеFootball Club Internazionale Milano SpA
ПрекарI Nerazzurri (Нераѕури)
La Beneamata (Галеник)
Il Biscione (Големата тревна змија)
Il Serpente (Змијата)
Основан9 март 1908
СтадионСтадион Џузепе Меаца
Капацитет80,018
ПретседателКина Стивен Жанг[1]
ТренерИталија Антонио Конте[2]
ЛигаСерија А Серија А
2023-24Серија А, 1.
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои

Стандардните клупски дресови се црно-сини, од каде што и потекнува клупскиот прекар Нераѕури, додека резервната (гостинска) варијанта на дресовите најчесто е бела. Интер се смета за еден од најдобрите клубови во светот.

Интер е член на групата Г-14 која е организација на водечките европски клубови.

Историја

уреди

Пред Првата светска војна

уреди

Клубот е формиран на 9 март, 1908 година откако се случил раскол во Фудбалскиот и Крикет Клуб Милан, сега познат како Милан. Група Италијанци и Швајцарци (Муџани, Босар, Лана, Бертолони, Де Олма, Енрико Хинтерман, Артуро Хинтерман, Карло Хинтерман, Пјетро Делоро, Уго и Ханс Ритман, Фелкел, Манер, Випф и Карло Андруси) кои незадоволни од доминацијата на Италијанци во Милан, се одвоиле од тој клуб, што довело до создавање на Интернационале. Уште од почетокот, клубот бил отворен за странци што и му дава значење на неговото име. Оригиналниот прекар на клубот на италијански бил La Beneamata (Ла Бенеамата), Галеник.

Интер го освои своето прво Скудето во 1910, а второто во 1920 година. Капитен и истовремено и менаџер на првиот златен тим бил Вирџилио Фосати, роден во Милано и брат на Џузепе Фосати (кој го освои второто Скудето). За жал Вирџилио Фосати загинал за време на Првата светска војна.

Помеѓу двете Светски војни

уреди

За време на немирниот период помеѓу Првата и Втората светска војна, Интер бил принуден да направи соединување со Унионе Спортива Миланезе (уште еден клуб од Милано) и да го промени своето име прво во Амброзиана и на крај во Амброзиана-Интер за да ги задоволи барањата на режимот на Бенито Мусолини. Од гледиштата на фашистите, името „Интернационале“ имало комунистичко значење. Како и да е, Амброзиана го задржала победничкиот менталитет и по третпат била најдобра во првата лига на новото првенство, Сериja А, во 1930 година. Следува четврта титула во 1938, прв триумф во Копа Италија (Италијанскиот куп) во 1940 и петта титула во 1940. Во 1942 година, клубот го враќа своето оригинално име, Интернационале Милано.

„La Grande Inter“ (Големиот Интер)

уреди

Во годините после војната, Интер го освои своето шесто Скудето во 1953 и седмото во 1954 година. После освојувањето на овие две титули, за Интер следуваше период кој со златни букви е запишан во неговата историја, влезе во ера позната како La Grande Inter (Ла Гранде Интер), Големиот Интер. За време на овој златен период, клубот под водство на аргентинскиот стратег Еленио Ерера стана 3 пати првак на Италија во 1963, 1965 и 1966 година. Најважните моменти во оваа декада ги вклучуваат двата едноподруго триумфа во Купот на Шампиони. Во 1964 година, Интер за првпат триумфираше во ова најсилно натпреварување, победувајќи го во финалето славниот шпански клуб Реал Мадрид. Следната сезона, играјќи на својот стадион, Џузепе Меаца, Интер по вторпат го освои Купот na Шампиони победувајќи ја португалска Бенфика. За време на овие славни денови, многу големи играчи го носеа Црно-Синиот дрес: Луис Суарез, Џачинто Факети, Сандро Мацола, Анџело Доменгини, Марио Корзо и други. Сопственик и претседател на клубот беше Анџело Морати, татко на денешниот сопственик Масимо Морати. Тој понуди огромна сума на пари за да ги купи Еузебиу и Пеле; двајцата се согласија да играат за Интер, но политиката замеша прсти. Воените диктатури во Португалија и Бразил одбија да ги регистрираат трансферите, со што обидот на Анџело Морати за Дрим Тим пропадна. Во 1967 година, Интер загуби со 2:1 во финалето на Купот на Шампиони од шкотски Селтик.

Од 1970 до денес

уреди

После златните шеесетти, Интер успеа да го освои своето 11то Скудето во 1971 и 12то во 1980 година. Вторпат во пет години Интер беше поразен во финалето на Купот на Шампиони губејќи 2:0 од Ајакс на Јохан Кројф во 1972 година. За време на седумдесеттите и осумдесеттите, Интер двапати триумфираше во Копа Италија во 1978 и 1982 година. Освои ново Скудето во 1989 година, а потоа дури после 17 години пауза своето четиринаесетто Скудето го освои во 2006 откако поради скандалот Калчополи неколку клубови беа казнети со одземање бодови придонесувајќи Интер од третото место да се најде на врвот. Веќе наредната година Интер повторно стана шампион на Италија, а истото го повтори и во наредните пет години со што Нераѕурите моментално се на второто место на вечната победничка листа со вкупно 18 Скудета, зад Јувентус кој има 27 и пред Милан кој има 17. Клубот од Милано може да се пофали и со податокот дека е единствената екипа во Италија која никогаш во својата долга историја не играла во понизок ранг. Последните две Скудета ги освои под водство на најдобриот менаџер на денешницата, португалскиот стратег Жузе Морињу кој во сезоната 2009-10 успеа однесе клубот и во финалето од Лигата на Шампиони во Мадрид каде што со 2:0 го совлада Баерн Минхен и по пауза од 45 години по третпат стана европски шампион..

Триумфите во Купот на УЕФА

уреди

Исто така Интер, трипати го има освоено Купот на УЕФА, сите за време од седум години. Првиот пат тоа му појде од рака во сезоната 1990-91 кога во двата финални натпревари ја совлада Рома. Успехот го повтори и во сезоната 1993-94, овој пат совладувајќи ја екипата на Казино Салцбург. Својот последен триумф во ова натпреварување го оствари во сезоната 1997-98, кога со убедливи 3:0 го победи Лацио во финалето одиграно на Паркот на Принцовите, во Париз. Една сезона пред тоа загуби во финалето од германски Шалке по изведувањето на пеналите откако двете екипи победија дома со минимални 1:0.

Триумфите во Копа Италија

уреди

Во сезоната 2004-05 Нераѕурите триумфираа во Копа Италија (Италијанскиот Куп) совладувајќи ја Рома по што следуваше триумф и во Суперкопа Италијана (Италијанскиот Супер Куп) против Јувентус на стартот од сезоната 2005-06. На 11ти мај 2006 година, Интер ја одбрани титулата во Копа Италија повторно совладувајќи ја Рома, 1:1 во Рим и 3:1 во Милано. Следната сезона по третпат по ред во финалето на Копа Италија се сретнаа Интер и Рома. Овој пат Римјаните се одмаздија осигурувајќи ја титулата уште во Рим кога победија со високи 6:2. На реваншот во Милано, Интер славеше со јалови 2:1. И четврта сезона по ред повторно во финалето се сретнаа Интер и Рома, а Римјаните успеаја повторно да победат славејќи со 2:1 на единствениот финален натпревар одигран на Олимпико во Рим. По една сезона пауза, во сезоната 2009-10 истите екипи по петти пат во шест години ги одмерија силите уште еднаш на Олимпико во Рим. Интер славеше со минимални 1:0 освојувајќи ја својата шеста куп титула.

Симболи

уреди

Лого

уреди

Еден од основачите на Интер, сликар по името Џорџо Муџани, е одговорен за дизајнот на првото лого на Интер во 1908 година. Првиот дизајн ги содржел четирите букви "IMFC" во центар на неколку клубови кои го правеле амблемот на клубот. Основните елементи на дизајнот останале непроменети, иако во текот на годините детали од него биле изменети. Во 1998, клубот излегол со целосно нова позадина за клупскиот грб, а основата се задржала со додавање на неколку естетски промени.

Уште од самото основање во 1908, Интер ги носи црно сините бои. Според шпекулации, црната е одбрана да ја претставува ноќта, а сината да го претставува небото. Со исклучок на краток период во текот на втората светска војна, Интер во текот на целата историја носи црно-сини бои на своите дресови, со што го заработуваат прекарот Nerroazzuri што значи црно-сини. Во еден период од историјата, Интер бил приморан да ги напушти традиционалните бои на дресовите. Во 1928 во времето на владејачките фашисти, Интер морал да се спои со друг клуб Unione Sportiva Milanese поради името кое го носел клубот и неговата филозофија. Новиот споен клуб го добил името Амброзиана СС Милано по патронот светец на градот Милано. Знамето на градот (црвен крст на бела подлога) ги заменил традиционалните црно-сини бои. После втората светска војна и падот на фашистите во Италија, клубот се вратил на старите име и бои. Во 2008 Интер го прослави својот сто годишен јубилеј со носење на црвен крст на бела подлога како основа за гостинските дресови за истата сезона. Во чест на градот, овој дрес и ден денеска се користи како трет дрес.

Змијата

уреди

Животните многу често се користат во презентацијата на клубовите во Италија, тревната змија, наречена Il biscione или Serpente го претставува Интер. Змијата е важен дел од историјата на градот Милано, често појавувајќи се во хералдиката како смртоносна змија завитката околу човек со неговата глава во својата уста. Симболот е познат по неговото присуство на грбот на куќата на сфорца(кој владеел со Италија од Милано во ренесансата). Во сезоната 2010-2011 гостинските дресови на Интер ја носеа змијата на левиот ракав.

Химна

уреди

Официјалната химна на клубот се вика : „Постои само Интер“ ( италијански: C'è solo l'Inter) и е издадена во 2002 година во изведба на Грациано Романи и посветена на Пепино Приско, легендарниот под-претседател и навивач на Интер. Пред 2002 година како официјална химна на клубот беше „Срце Нераѕурно“ ( италијански: Cuore Nerazzurro) создадена во 1984 година од групата Камелеоти, која била популарна во шеесеттите и седумдесеттите години во Италија. Во август 2003 година играчите од сезоната 2003-04 ја отпеваат песната „Лудиот Интер“ (италијански: Pazza Inter) која важи за неофицијална химна и е често користена од навивачите. Текстот е напишан од страна на Паоло Барилари и Дино Стјуарт, додека музиката е на Гофредо Орланди. Во мај 2007 година е по вторпат отпеана истата песна, но овој пат од играчите кои го освоија Скудетото во сезоната 2006-07.

Повлечени бројки

уреди

Претседатели на клубот

уреди

Титули

уреди

Национални титули

уреди

Серија А:

  • Освојувач (20): 1909–10; 1919–20; 1929–30; 1937–38; 1939–40; 1952–53; 1953–54; 1962–63; 1964–65; 1965–66; 1970–71; 1979–80; 1988–89; 2005–06; 2006–07; 2007–08; 2008–09; 2009–10; 2020–21; 2023–24
  • Второ место (14): 1932–33; 1933–34; 1934–35; 1940–41; 1948–49; 1950–51; 1961–62; 1963–64; 1966–67; 1969–70; 1992–93; 1997–98; 2002–03; 2010-11

Копа Италија:

  • Освојувач (7): 1938–39; 1977–78; 1981–82; 2004–05; 2005–06; 2009–10; 2010-11
  • Второ место (6): 1958–59; 1964–65; 1976–77; 1999–00; 2006–07; 2007–08

Суперкопа Италијана:

  • Освојувач (5): 1989; 2005; 2006; 2008; 2010
  • Второ место (4): 2000; 2007; 2009; 2011

Интернационални титули

уреди

Долуспомнатите титули се оние кои се признати од УЕФА и ФИФА.

Европски титули

уреди

Куп на Шампиони/Лига на Шампиони:

  • Освојувач (3): 1963–64; 1964–65; 2009-10
  • Второ место (2): 1966–67; 1971–72

УЕФА Куп/Лига Европа:

  • Освојувач (3): 1990–91; 1993–94; 1997–98
  • Второ место (1): 1996–97

УЕФА Супер Куп:

  • Второ место (1): 2010

Регионални меѓународни титули

уреди

Митропа Куп:

  • Второ место (1): 1932-33

Светски титули

уреди

Интерконтинентален Куп/Светско Клупско Првенство:

  • Освојувач (3): 1964; 1965; 2010

Наводи

уреди
  1. „Steven Zhang named President of FC Internazionale Milano S.p.A.“. inter.it (англиски). Архивирано од изворникот 26 October 2018. Посетено на 26 October 2018.
  2. „ANTONIO CONTE WILL BE INTER'S NEW COACH“ (италијански). inter.it. 31 May 2019. Архивирано од изворникот 31 May 2019. Посетено на 31 May 2019.

Надворешни врски

уреди