Удинезе Калчо
Удинезе Калчо е италијански фудбалски клуб од градот Удине, кој моментално се натпреварува во Серија А.
Удинезе | ||||
---|---|---|---|---|
![]() | ||||
Целосно име | Удинезе Калчо СпА | |||
Прекар | Малите зебри | |||
Основан | 1896 | |||
Локација | Удине, Италија | |||
Стадион | Стадион Фриули | |||
Капацитет | 30,642 | |||
Сопственик | ![]() | |||
Претседател | ![]() | |||
Тренер | ![]() | |||
Лига | ![]() | |||
2021–22 | Серија, 12-ти | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
![]() |
Клубот е основан во 1896 година, под името Società Udinese di Ginnastica e Scherma. Традиционално, Удинезе настапува во црно-бели дресови, а своите домашни натпревари ги игра на Стадионот Фриули, кој е со капацитет од 30,642 места. Најголемите успеси на клубот во домашното првенство му се второто место во сезоната 1954-55, и третото место освоено во два наврати во сезоните 1997-98 и 2011-2012. Од успесите на Удинезе на меѓународната сцена можат да се издвојат освојувањето на Интертото купот во 2000 година, големиот број на учества во Купот на УЕФА, како и единственото учество во нивната историја во Лигата на шампионите во сезоната 2005-06.
СтадионУреди
Моменталниот стадион на Удинезе Фриули бил отворен во 1976 година за да го замени дотогашниот нивен дом Стадионот Морети. Во 1990 година Фриули бил домаќин на три натпревари од групата Е на Светското првенство што се играше во Италија. Исто така Фриули е и повремен домаќин на натпреварите на италијанската фудбалска репрезентација. Последен пат репрезентацијата играше на овој стадион на 10 септември 2008 против Грузија во квалификациите за светското првенство во фудбал 2010 година.
ИграчиУреди
Моментален составУреди
- Обновено на 31 август 2018
|
|
Познати поранешни играчиУреди
|
|
|
Освојувачи на титулиУреди
- Светски шампиони
- Шампиони на Европа
РекордиУреди
Играчи со најмногу настапи за клуботУреди
# | Играч | Во клубот | Натпревари |
---|---|---|---|
1 | Антонио Ди Натале | 2004–2016 | 446 |
2 | Валерио Бертото | 1993–2006 | 404 |
3 | Џампиеро Пинци | 2000–2008 и 2010-2015 | 355 |
4 | Дино Галпароли | 1981-1990 | 280 |
5 | Лујиџи Зорзи | 1936–1942 и 1949-1956 | 280 |
6 | Алсандро Калори | 1991-1999 | 272 |
7 | Северино Ферулјо | 1939-1946 и 1947-1952 | 261 |
8 | Нестор Сенсини | 1989-1993 и 2002-2006 | 240 |
9 | Паоло Поџи | 1994-2000 | 233 |
10 | Ренато Валенти | 1955-1964 | 231 |
Играчи со најмногу постигнати голови за клуботУреди
# | Играч | Во клубот | Број на голови |
---|---|---|---|
1 | Антонио Ди Натале | 2004–2016 | 227 |
2 | Винченцо Јаквинта | 2000-2007 | 69 |
3 | Лоренцо Бетини | 1954–1955 и 1957-1961 | 67 |
4 | Абел Балбо | 1989-1993 | 65 |
5 | Оливер Бирхоф | 1995–1998 | 62 |
6 | Паоло Поџи | 1994-2000 | 50 |
7 | Роберто Муци | 1999-2003 | 44 |
8 | Џузепе Секи | 1955-1957 | 40 |
9 | Паоло Табанели | 1937-1940 | 39 |
10 | Марсио Аморосо | 1996-1999 | 39 |
Статистика и постигнувањаУреди
Учества во првенстваУреди
Ниво | Категорија | Учества | Деби | Последна сезона | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1º | Прима Дивизионе | 2 | 1922-1923 | 1925-1926 | 43 |
Серија А | 41 | 1950-1951 | 2013-2014 | ||
2º | Секонда Дивизионе | 2 | 1923-1924 | 1924-1925 | 23 |
Прима Дивизионе | 2 | 1926-1927 | 1927-1928 | ||
Серија Б-Ц Алта Италија | 1 | 1945-1946 | |||
Серија Б | 18 | 1930-1931 | 1994-1995 | ||
3º | Прима Дивизионе | 5 | 1928-1929 | 1934-1935 | 24 |
Серија Ц | 19 | 1935-1936 | 1977-1978 |
ТитулиУреди
- Интертото куп (1) : 2000
Надворешни врскиУреди
- Официјално мрежно место на клубот (италијански)